Пасивно пушење

Член од
15 септември 2013
Мислења
104
Поени од реакции
186
Имам слушнато дека пасивното пушење е поштетно од активното,иако нема смисла според мене сепак ме интересира дали има вистина во ова .btw не сум пушач.
 
Имам слушнато дека пасивното пушење е поштетно од активното,иако нема смисла според мене сепак ме интересира дали има вистина во ова .btw не сум пушач.

Има смисла. Активното пушење значи влечење на чадот преку филтерот од цигарето. Таму се задржува голема количина катран.
Пасивното пушење е далеку поштетно, за двете страни.
Значи не дискутираме кој страда повеќе. Пушачот или тој што седи до него. Се разбира дека е пушачот, бидејќи тој тоа го прави постојано.
 
Имам слушнато дека пасивното пушење е поштетно од активното,иако нема смисла според мене сепак ме интересира дали има вистина во ова .btw не сум пушач.

Не сум сигурен но најверојатно има вистина во тоа дека е поштетно пасивното . Оние кои се активни пушачи на некој начин се имаат себеси навикнато и својот организам на пушење и на кашлање од чадот од цигарите , а оние што не се пушачи кога ќе се најдат во близина на некој што пуши цигара и во присуство на чад од цигара веднаш имаат непријатно чувство поради чадот барем за мене е вака иако јас не сум пушач . Нормално на поголем број од непушачите им е тешко кога околу нив има цигари и чад од цигари и на навниот организам им пречи многу повеќе тој чад од цигари додека пушачите немаат таков проблем тие го имаат навикнато својот организам на чад од цигари и на сите тие отрови што ги има во цигарите . Тоа како и со алкохолот оние што подолго време имаат пиено алкохол можат повеќе алкохол да испијат и да не се пијани додека оние што се тазе и зелени со алкохолот полесно и со помали количества алкохол ќе се опијат . Сега нормално има и исклучоци од сево ова , но во голема мера се е до тренинарање .
 
Како може да е поштетно пасивното пушење?
И кои се тие глупости за навикнување, цигара е исто толку штетна на тој што првпат пали и на тој што 50 години пуши.
Пасивниот пушат внесува едно 10-15 посто од чадот што активниот пушач го внесува, како може да е поштетно пасивното пушење?
 
Имам слушнато дека пасивното пушење е поштетно од активното,иако нема смисла според мене сепак ме интересира дали има вистина во ова .btw не сум пушач.

Мислам дека пасивното пушење треба да ти биде последна од грижите поврзани со состојбата на твоето здравје. Особено ако живееш во Скопје. Наместо тоа, пологично би било да си загрижен од квалитетот на воздухот кој постојано го вдишуваме, „зачинет“ со разни гомнарии кои ги испуштаат возилата и фабриките во околина. Имаме и Железара, а за неа никој официјално не сака да излезе со соопштение поврзано со опасните и канцерогени диоксини кои ги испушта во воздухот. Скопје на пример, според квалитетот на воздухот, минатата година го надмина и најзагадениот град во светот - Ахваз од Иран, кој според испитувањата на Светската здравствена организација беше прв на листата на загаденост со 372 микрограми ПМ10 прашина на метар кубен. Скопје го „згази“ Ахваз со неверојатни 433 микрограми на метар кубен кои беа измерени на градските табли за мерење на квалитетот на воздухот од проектот „Скопје дише“, па поради поразителните резултати - мерачите за квалитетот на воздух мистериозно исчезнаа. Нормално, оправдувањето беше дека истекол договорот помеѓу градот Скопје и изведувачот и одржувачот на проектот, ама воопшто не е тешко да се претпостави зошто проектот не беше поддржан, нели? Особено по паничните напади кои ги добија скопјани откако резултатите почнаа да се шеруваат на социјалните мрежи. А вака, излегува дека ако нешто не знаеш - тоа сигурно нема да те повреди.

Според тоа што го сведочиме, излегува дека поедноставно е да се фукне кампања од типот „Пасивното пушење убива“ и да се остави народот само делумно информиран околу опасностите по неговото здравје, отколку да им се згазне на „жуљ“ на вистинските загадувачи на градот (кое би значело трошење на мал дел од богатството за имплементирање скапи еколошки филтри на фабриките, затворање еден куп бизниси кои не трујат и тн.). За профитерство си го ризикуваме здравјето. И после ќе се чудиме како овој или оној боледува од рак на бели дробови, а никогаш во живот не запалил цигара, ниту пак бил изложен па „пасивно пушење“. Ќе се чудиме како 30 години не сме биле склони кон алергии, а сега одеднаш не можеме да земеме здив од кивање, кашлање или некои белодробни заболувања.

Тоа би било тоа. Затоа седнете си на каучот, пуштете си ги вестите кои сакаат да гледате, просветлете се преку кампањите кои сакаат да ги видите и истурете им се на гостите пушачи кои ви го „уништуваат здравјето“ со пушењето цигари. И со нив и без нив, ако сте се одлучиле за градски живот, вие веќе одамна сте го испушиле.
 
Според податоците на светска здравствена организација од пасивно пушење годишно умираат над 600.000 луѓе. Од нив над 150.000 деца. Во статистикава уште се додава и оти 40% од сите деца во светот се изложени на пасивно пушење. Колку и да рече некој оти не е точна статистикава поради различни фактори за настаната смрт кај овој процент, сепак наоѓајќи различни извори, бројките се фрапантни. И нормално оти е поштетно кај лица што активно не пушат. Целава поента со пушењево да се споредува со други извори на загадување во околината е нонсенс. Само пушач може да се согласи дека пасивното пушење не е штетно. Бидејќи 90% од пушачите не ги интересира дали му штетат во одредена ситуација на непушач. Генерално за пушењево штета е што закониве не функционираат се додека не се турне индустријата на глобално ниво.
 
Според тоа што го сведочиме, излегува дека поедноставно е да се фукне кампања од типот „Пасивното пушење убива“ и да се остави народот само делумно информиран околу опасностите по неговото здравје, отколку да им се згазне на „жуљ“ на вистинските загадувачи на градот (кое би значело трошење на мал дел од богатството за имплементирање скапи еколошки филтри на фабриките, затворање еден куп бизниси кои не трујат и тн.). За профитерство си го ризикуваме здравјето. И после ќе се чудиме како овој или оној боледува од рак на бели дробови, а никогаш во живот не запалил цигара, ниту пак бил изложен па „пасивно пушење“. Ќе се чудиме како 30 години не сме биле склони кон алергии, а сега одеднаш не можеме да земеме здив од кивање, кашлање или некои белодробни заболувања.


:cuc:

Тоа сакав и Јас да го пишам. Луѓе пушеле и порано и тоа цигари без филтер, очигледно е дека цигариве не се моркови, тоа сите го знаеме, но мораше да се рашири за поврзаноста на цигарите со рак на бели дробови, затоа што увек пациентот е крив. Иако уште не знаат зошто настанува оваа опака болест.

Инаку, околу 10-15 % од пушачите фаќаат рак на плуќа, голем дел од непушачите фаќаат исто. И кога докторите би земале детална историја, не само на болести, туку работни места, локација на живеење и слично секогаш ќе се најдат и други причини, но ете на тапет се цигарите.

Најчесто пациентиве работеле у тешка индустрија, рудници, индустрија за оружје, хемиска индустрија, фармацевска индустрија, живееле во високо загадени региони (како што е речиси цела македонија)...

Но, пак, цигарите се криви. Оти тој концепт на америте е покул, индустријализација по цена на здравјето на луѓето. Каде се условите за работа, каде е заштитата при работа. Сте сретнале луѓе од чистота и зеленило што ја косат тревата или садат свеќиња по булеварите да носат маска со филтер?

Скопје е презагадено, како и цела Македонија. Работава е што многу работи елегантно се прикриваат, што се праи за пари. За големи пари, мамицата нивна.

Имаме пишувано и порано, не бидете пицајзли, најмала грижа нека ви се цигарите, ураниум имаме, радон колку ти душа сака, халогенирани јаглеводори, ароматични јаглеводороди, тешки метали (во вид на прашина). Овие се докажани канцерогени, нема збор. Хемикалии се испуштаа во животната средина како добро утро...

Во Скопје и фотохемиски смог почна да се појавува, качете се на водно околу 14 часот и погледнете, ќе видите појаси од жолто-кафеава боја (па и накај црвена удара), тоа се азотните оксиди.
Друга причина е што сме шутрачки народ, па не засадуваме зелени површини, туку ги газиме и ги кршиме фиданките, кога Скопје би имало зеленило каде каде би бил почист град.
 
Ме збунивте, пасививно пушење нели е вдишувањето на чадот од другите пушачи. Е како може ова да е поштетно од активно пушење нема никаква логика.
Порано многу ми сметаше чадот не бев навикнат дома никој не пуши.
Али кога тргнав гимназија, уште од врата кога ќе излезиш не се диши пушница :D сега повеќе не ми смета.
 
Тоа што пушачот го издишува е двапати филтрирано, низ филтерот и низ неговите бели дробови. Само мал дел е директен чад од согорување на цигарата (ако ја остави или ја држи во рака). Пасивно пушење би било опасно (штетно) за другите ако пушачот дува низ цигарата, а не вовлекува низ неа. :)

И секако, проблем е ако е просторијата ептен зачадена.
 
Значи кога пушачот ќе повлече дим преку филтер внесува помалку катран, што значи кога ќе го испушти димот и кога непушачот ќе го внесе тогаш тој внесува исто толку катран колку што и пушачот, бидејќи се филтрирал на филтерот, но може да се каже дека непушачот внесува помалку катран пошто катранот се залепува на плуќата и кога го испушта димот тој содржи помалку катран, и вака по не е опасно, но ако зборуваме за дишење на дим директно од цигарата тогаш е многу поопасно. Како и да е штетно е вака и така.
 
Ме збунивте, пасививно пушење нели е вдишувањето на чадот од другите пушачи. Е како може ова да е поштетно од активно пушење нема никаква логика.
Порано многу ми сметаше чадот не бев навикнат дома никој не пуши.
Али кога тргнав гимназија, уште од врата кога ќе излезиш не се диши пушница :D сега повеќе не ми смета.
Пушачот го вдишува чадот, а непушалот до него го вдишува издишениот чад од страна на пушачот. Па оттаму има штетно дејство и кај двајцата врз белите дробови.
 
Пушачот го вдишува чадот, а непушалот до него го вдишува издишениот чад од страна на пушачот. Па оттаму има штетно дејство и кај двајцата врз белите дробови.

Тоа што го издушува пушачот е планински воздух, така да незнам колку би му штетело на возрасен човек.
 
Мене ми смета и по една недела ако некој запалил цигара кај мене.
Него нешто за тоа што спомна АЦИД, и јас работам во голема компанија.
Пред два-три месеци поднесов барање до надлежните (а ги има многу и премногу)
дали знаеме каков воздух вдишуваме во компанијата во погон. Барав да се измери тоа и наведов што: од гасови па до прашина. И ШТО БИДНА.
Веднаш ме викнаа на рапорт кај генералниот и ме малтертираа-Знаеш ли ти што бараш
- Не чепкај таму и слично.(само температурата е како надвор така внатре,зиме-лете)
 
На мој роднина пред некое време му вградија бајпас и го предупредија да избегнува простории каде што се пуши.Значи и пасивното пушење е штетно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom