Over the Garden Wall

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Over the Garden Wall е цртана мини серија составена од 10 дела која премиерно се даваше на Cartoon Network во почетокот на ноември. Епизодите траат по 10-11 минути и предлагам да се изгледаат наеднаш како филмче. Оценката на imdb (9.3) можеби е преценета ама навистина квалитетот е тука некаде.
Во серијата се збори за 2 братчиња кои се изгубени во една мистериозна шума каде што се случуваат доста чудни работи. Уште од првата епизода цртанот ќе си го поврзувате со други познати цртани и приказни кои ги знаете од претходно (Ивица и Марица, Црвенкапа итн) но верувајте ова е нешто посебно. Повеќето епизоди имаат интересни пресврти. Серијава успешно побива многу клишеа на кои налетуваме во другите цртани/серии/филмови, writing-от е феноменален, алал да му е кој и да го смислил.
Двете братчиња се сосема спротивни ликови и многу лајкабл. Особено тоа малечкото. Не знае да се налути, секогаш е насмеано, распеано и љубопитно. Другото постаро братче е тоа поскептичното и посериозното. Во секоја епизода исто така има и многу добри песнички, од кои особен впечаток ми остави Potatoes and Molasses.
Заборавив да напоменам дека во сите епизоди исто така има и крипи/хорор моменти кои навистина знаеа да ме уплашат а којзнае што би ми се дешавало да ги глеав ко помал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom