Martinmkd
Roadie
- Член од
- 20 мај 2009
- Мислења
- 296
- Поени од реакции
- 412
хм, нема да е проблематично дека нема амортизер? Низ град е ама пак дупки и тротоари такви ствари. Мислам го видов и овој коа разгледував.
Амортизерот во оваа ценовна рамка е само негативност. Тежок е и тешко реагира на ситни дупки (не го „пегла“ асфалтот), бонус е неквалитетната изработка поради која ќе се растропа за една сезона.
Знам дека е убаво и интересно да имаш точак што ќе наликува на планински и ќе делува „cool“ ама кај точаците со пониска цена важи правилото „less is more“.
Го пишував еднаш ова на темава: амортизер е комплицирана технологија. Потребна е прецизна изработка и оние добрите амортизери за велосипед почнуваат од 250 евра. Ти земаш цел точак за толку пари - замисли каков амортизер ќе добиеш?
