Open Source .vs „Closed“ Source

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Денеска присуствував во хотелот Холидеј-Ин на предавањето на основоположникот на движењето за слободен софтвер и проектот GNU, Ричард Сталман и од она што успеав да го слушнам на предавањето се одлучив да отворам една ваква тема на која се надевам ќе има добра дискусија/компарација издржана со факти во која ќе вклучат учество и поискусните во овој „бизнис“ со цел да може да се долови суштината на разликата на овие два вида на код.

Најпрвин, разлистав набрзина низ форумов и не забележав тема од ваков тип, (има само една „мртва“ тема за Open source лиценците), па доколку има веќе ваква тема или пак доколку модераторот/членовите сметаат дека нема потреба од ваква тема/дискустија, за судбината на темава нека пресуди модераторот. :)

Како и да е, според она што го слушнав на предавањето имаше работи кои ми се допаднаа, имаше работи кои баш и не ми се допаднаа итн итн... па сакав да видам како размислува остатокот од луѓето кои се бават со кодирање.

Значи, она што ме интересира:

- Зашто Open Source, а не Closed Source ( или обратно ) ?
- Што добивате, а што губите со вашиот избор ( изборот на Open/Closed Source) ?
- Каков тип на сорс преферираат клиентите ?
- Каков тип на сорс преферираат да нудат фирмите ?
- Каков е Вашиот став за непочитување и нарушување на авторските права према бил кој вид на код ( Copyright - Copyleft ) ?

Што се однесува до мене, не би можел да дефинирам соодветни одговори на прашањава, незнам зашто, можеби дека сум „гуштер“, можда заради авторските права, можда затоа што неможам да ја доловам вистинската поента на двата вида на код или пак штознам... :toe:

Па... ајде да видиме дали некој ќе изрази интерес за ваква дискусија. :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Ќе се обидам накратко да ги изнесам моите ставови по наведените прашања. Не сум гуштер, имам работено (и сеуште ги работам) на 2 програми кои во МК се продадени во повеќе од 300 лиценци (годишни лиценци, а програмите опстојуваат на пазар повеќе од 5 години што е добра цифра на лиценци за наш пазар), повеќе мали програмчиња кои веќе и сум ги заборавил и сум им го изгубил кодот, и некои кои сеуште ги развивам а кои се помалку продавани но покомплексни. Од од друга страна не сум ниту голем „производител“ на софтвер кој е познат и кому се отворени врати каде и да чукне. Нејсе, за тоа е потребно додека чукаш со едната рака во другата да држиш членска книшка, што меѓу другот влијае и на прашањата кои си ги посочил за дискусија. Но тоа е нешто од што неможе да се побегне кај нас и не би го третирал во продолжение, затоа што тоа е коренот на неквалитетот на нашиот ИТ пазар (токму така, страшни ѓубриња опстојуваат како врвни производи кај нас и упорно се форсираат па затоа оние навистина врвни производи односно производители по правило си заминуваат од земјава).
Досега, ниту еден мој производ не е отворен (не мислам на веб сајтовите чив код е целосно во сопственост на нарачателите туку за десктоп апликациите), но од друга страна не е и нешто страшно затворен :). Значи сум пробувал да го декомпајлирам и прилично лесно „паѓа“ но не ми е целта да го затворам од луѓе кои знаат туку од луѓе кои сакат да чепкаат каде што не треба а притоа можат да зафркнат нешто. Не користам obfuscator и слични алатки за да го „замачкам“ кодот, немам зошто. Не се плашам од преземање на кодот затоа што не е нешто што би ми го нарушило бизнисот. Клиентите кои го користат всушност не го плаќаат софтверот туку плаќаат еден вид претплата за да добиваат точни и навремени информации или пак за некои типови на програми плаќаат за сигурноста, точноста на своите податоци и навремено дополнување и проширување на можностите согласно нивниот развој и потреби.
Дополна: само една десктоп апликација беше отворена, наменски така беше развивана од почеток за клиентот и истата веќе има нова верзија која е развивана од друг тим а базирана на мојот код. Апликацијата се продава односно се дистрибуира од страна на светска реномирана компанија (достапна на повеќе од 20 јазици, верувам дистрибуирана во илјадници копии) интерно за нивните партнери и редовно се надградува. Сепак не е под GPL или слична лиценца, туку развиена е и целосно предадена во нивно владение. Јас го поседувам изворниот код но немам право на користење на истиот иако на интернет во времето кога се развиваше (пред 3-4 години) често се продаваа такви комерцијални решенија (поточно одредени компоненти кои беа развиени за програмата) и залудно се бараа бесплатни пошто ги немаше (знам и јас барав, па на крај морав да се потам и да програмирам :) ).
Но иако не се мачам да го заштитам својот софтвер, не ни сакам да го дадам гага некому зошто знам дека истиот тој нема да ми каже ни благодарам. Истиот тој наместо да го искористи за свои потреби и да испрати коментари, подобрувања и сл. према мене, само ќе ја шушне членската карта пред нечие лице и одеднаш се што е од мене правено ќе биде негово и сите сегашни мои клиенти ќе ги добие на тацна, а притоа јас ќе останам со плускавци на прстите од куцкање код.
Нашиот пазар некако ми делува неспремен да го почитува отворениот код. Поточно спремен е да го користи, факт. Но не и да ги почитува основните принципи за натамошен развој и достапност на доразвиеното решение кое во основа некој на новиот „автор“ му го дал на тацна. Појдете само од фактот дека за десетина CMS системи кои се со отворен код (или пак форуми, и сл.) кои „стандардно“ се користат кај нас неможе да се најде македонски превод на интернет, а да не правиме муабет за достапност на кодот и промените и подобрувањата кои се правени од страна на МК корисниците.

- Што добивате, а што губите со вашиот избор ( изборот на Open/Closed Source) ?
Губам, знам дека губам (потенцијална) инфузија од идеи, неплатени тестери, коментари од мрчатори, добри парчиња нов код од „деца“ кои си ја знаат работата. Но, таму во заградата пишува потенцијална, не значи дека би го добил сето тоа доколку го отворам кодот. Она што знам дека ќе го изгубам е мојот код, кој не дека верувам дека е толку добар па сите да го користат, напротив, но сепак многумина ќе искористат парчиња од мојот труд а јас за тоа ќе добијам само поголема сметка за хостинг поради зголемен сообраќај на сајтот.

- Каков тип на сорс преферираат клиентите ?
Сеедно им е, најчесто. Важно им е она што го бараат да им работи. Се случува поголемите клиенти да бараат софтверот да биде отворен (имав неколку такви барања и секако им го доставив кодот, но без право на натамошна дистрибуција) за да не бидат директно зависни од мене, но досега немам ниту еден случај некој директно сам да интервенирал во кодот. Секако, кога го давав кодот цената одеше малку погоре (буквално малку). Сепак, потајно посакувам клиентите да направат измени во кодот и да се јават проблеми кои неможат сами да ги решат .... хахах верувам дека добро би се „омрсил“ за средување на проблемот.

- Каков тип на сорс преферираат да нудат фирмите ?
Онаков каков за накратко време ќе им донесе најмногу пари :)

- Каков е Вашиот став за непочитување и нарушување на авторските права према бил кој вид на код ( Copyright - Copyleft ) ?
Се обидувам да ги почитувам. Претходните верзии пред неколку години ги развивав со целосно лиценцирана MS девелоперска платформа. Сега работам со бесплатните верзии на MS и со некои други бесплатни алатки, а не користам комерцијални компоненти.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
pLaToOn следи го линков и контактирај ги одговорните на сајтов Хир :)

Интересна тема, без разлика кој е гуштер а кој диносаурус секој си има свој став.

* Зашто Open Source, а не Closed Source ( или обратно ) ?
* Што добивате, а што губите со вашиот избор ( изборот на Open/Closed Source) ?


- Ако ти платат дај го кодот, ќе им треба време да видат што сакал да каже авторот зошто си пишал 3=1+1+1 а не 3=1+2. Не е толку важно пари па пари ако се' се врти тука. Направете споредба на Линукс со Виндовс, јас имам впечаток дека Линукс ОС се чекор понапред и со визуелизација и со функционалност. Работат повеќе умови повеќе идеи . . . Јас не сакам некој мој код да злоупотреби, секој работи за некаква добивка од тоа што го работи. Јас користам VS оти има добра развојна околина други причини нема.


* Каков тип на сорс преферираат клиентите ?

- Кој имал искуство нека каже... Зависи клиентот со што се занимава и колку му е исплатливо да ти го купи кодот и да плати некој да мисли што си сакал да направиш и зошто на тој начин па и ако има некој баг супер работа.


* Каков тип на сорс преферираат да нудат фирмите ?

- клоусд како италијански фудбал


* Каков е Вашиот став за непочитување и нарушување на авторските права према бил кој вид на код ( Copyright - Copyleft ) ?

- Закон за авторски права на Република Македонија
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Еве го и мојот став...

___________________________________________________________________________________________________
- Зашто Open Source, а не Closed Source ( или обратно ) ?
Од гледна точка на корисник, нормално дека open source, од гледна точка на програмер не ми е толку битно дали е open или closed, битно ми е крајниот резултат да биде тоа што треба да биде.

- Што добивате, а што губите со вашиот избор ( изборот на Open/Closed Source) ?
Како корисник добивам да го менувам кодот според моите потреби, а како програмер, доколку е open source апликацијата автоматски добива „нов“ автор (и тоа запази со авторки права), а доколку е closed ондак комплименти од мрчатори и ај сеа да те видам излези на крај. :)

- Каков тип на сорс преферираат клиентите ?
До сега што имам искуство обично преферираат open source, мада не им е толку битно тоа.

- Каков тип на сорс преферираат да нудат фирмите ?
Преферираат да нудат closed source, али кога се у прашање пари ондак не им е проблем и да го „отворат“ кодот на џумлата, вордпресот или пак скриптите симнати од нет. :)

- Каков е Вашиот став за непочитување и нарушување на авторските права према бил кој вид на код ( Copyright - Copyleft ) ?
Снаџи се па живи :icon_lol:. Не сум слушнал до сега кај нас ваков случај да излезе пред суд. :toe:
_________________________________________________________________________________________________

Него работава со темава ми беше една ствар... Како што кажав, господинот Ричард Сталман во предавањето се залагаше за бесплатен софтвер со отворен код и наведуваше причини зашто уствари се залага за таквиот вид на код, се тоа арно, ама неможам да го сварам тоа што доколку софтверот е бесплатен со отворен код тогаш каде би била заработката на програмерите, за што уствари учат програмерите и слично... ?

Исто една смешна ствар, господинот Салман стави GNU маскота на аукција и вика „Почетната цена на маскотата е $20. Знам дека за македонските стандарди тоа е многу, но неможам да спуштам подоле затоа што ќе бидам во загуба“, работава испаѓа дека софтверот треба да се сведе на донации такашто минималната донација би започнувала од $50 па нагоре. :toe:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Законот за авторски права важи за се :) Почни од напишаните текстови во спорната Енциклопедија па оди до каде сакаш . . .
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
pLaToOn следи го линков и контактирај ги одговорните на сајтов Хир :)
??? ај објасни ми ја шегата те молам, русокос сум не ја сконтав баш :)

...........

Назад на темата. Дали некој може да ми посочи пример во други области каде има толку јака иницијатива за копилефт лиценци? Незнам во кој филм се компјутерџиите кога се стремат кон промоција на такви лиценци, иако знам дека и така може да се заработи, не велам не. Дали тие истите размислуваат дека за (безмалку) се околу нив плаќаат право за користење а притоа немаат право истото да го доработуваат и користат во комерцијални цели (вклучувајкќи ги тука и книгите кои опишуваат користење на истите тие отворени алатки кои ги промовираат). Дали некој сретнал книга која смее да ја допише и дистрибуира натаму како своја (со забелешки од каде е изворот), или пак видео запис од емисија во која можете да вметнете 2-3 скеча и да го продавата како свој или пак милион други ситни примери. А да не спомнувам „гломазни“ патенти од тип мотори, лекови, федерфуфни, цинцилатори, и сл.
Се околу нас е затворено, и тоа им одговара на големите безкорпулозни концерни, а само ние на нивно барање треба да веруваме во идеологијата дека треба да го отвориме својот код како пчелката крилцата чекајќи трут да ни капне од својот млеч на задникот и да не оплоди со многу долари. Значи не велам дека неможе така да се заработи, но нема да дозволам некој кој произведува лекови (и кој патем ме труе со се за што јас не ни знам дека постои а е содржано во нивните лекови) да користи мој софтвер кој го добил под ОС лиценца. Да ќе го дадам кодот, но како ОС кој може да се користи како ќе им ќеифне - не.
Секоја чест на сите ОС мастери, но оние кои најмногу придонесуваат во заедницата се од една страна веќе добро нафатирани од комерцијални кодови, а од друга страна своите ОС производи по успехот веднаш ги издаваат и во ентерпрајс варијанта на основа на која заработуваат милиони благодарение на ситната риба залудена од говорите на Ричард Сталман. Кога сме веќе кај рибата, повеќе сакам да одам по риба на Лепенец и да ја хранам неухранетата македонска мрена, отколку да го користам слободното време за куцкање ОС и збогатување некои и така веќе дебели и масни амерички сомови ака Сталман.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
...........
Назад на темата. Дали некој може да ми посочи пример во други области каде има толку јака иницијатива за копилефт лиценци?...
...
Буквален пример немам, али денес огромен број на бизниси се сведуваат на маркетинг политика, па така и бизнисот ќе тера според таа „копимаркетинг“ лиценца.

Еве една интересна статија за продавање на слободен софтвер, а еве и нешто друго интересно, Google се прости од користење на мајкрософт оперативен систем и ова би резултирало со добар маркетинг/бизнис план за *nix like оперативните системи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom