Кретениве... Не знам од каде да почнам.
Ми истече во декември договорот во Оне и не го продолжив. Сега сум сеуште во Оне, не знаејќи каде да се префрлам или да останам на истиов оператор. Разгледував понуди на тарифи и телефони периодов затоа што сакам да земам и нов телефон. Бев решен да одам во Телеком, кога дента пред да одам, ми доаѓа e-mail од Оне со понуда за обнова на договорот.
Јас во претходните 2 години сум им дал нешто над 30 000 денари. Чекав да ми дадат некоја понуда за обнова уште пред да ми истече договорот ама ништо. Откога истече ми даваат бонус доколку направам повторно договор кај нив.
Одам во салон јас, да прашам колкав е тој бонус и кои се поволностите.
Моментално сум на селект тарифа и плаќам најмалку 950 денари месечно.
Ми нудат ако останам на оваа тарифа, односно ако го потпишам повторно истиот договор, 11 000 денари бонус. Ако одам на новата тарифа Mobile Go M (800 денари претплата), бонусот ќе ми изнесува 6500 денари.
За да нема недоразбирања ја прашав 3 пати девојката таму што работи на која цена е попустот. Таа ми одговори убедено и решително дека бонусот се одзема од цената на телефонот во тарифата во која сакам да одам.
Јас среќен излегувам од салонот и доаѓам следниот ден да склучам договор.
Пример. LG G2 Во новите тарифи Mobile Go M, чини 15 000 денари. Ако останам на мојот претходен договор, бонусот би ми изнесувал 11 000 а ако се префрлам на новава тарифа Mobile Go M, тој бонус би бил 6500 денари. Јас сакав да останам на стариот договор за да доплатам 4000 денари за овој телефон.
Добро велам, кажете ми колку треба да доплатам за LG G2 и таа ми вели. 16 000 денари.
Госпоѓо, како нов претплатник, телефонов чини на Mobile Go M, 15 000 денари. Каков бонус е овој вашиов кога мене со поголема претлата од оваа, и со вашиов бонус, телефонот ќе ме чини поскапо?
Се збуни кутрата, не знаеше што да ми каже.
Бонусот кој го добивам се одземал од "цена на телефонот за пост-пејд на неопределено време".
Таа цена е 28 000 денари. Ако го одземам бонусот мој од 11 000 денари треба да доплатам 16 000 денари.
Како нов корисник би ме чинел телефонот 15 000 денари и уште 150 денари помалку за претплата.
Какви идиоти.