Јас бев две години во ОНЕ и кога ми заврши договорот ми понудија 5000 денари бонус ако го продолжам договорот во таа понуда што беше со 50 гб интернет и све бесплатно ама без телефон. Мене тоа ми одговараше перфектно.
Е сега тоа што треба да го знаеш е дека
- Прво во Гостивар ми кажуваа дека бонусот не важи ако не земам телефон
- После ми кажуваа дека ако сакам бонусот да ми биде одземен од сметките тоа важи само за првите 6 месеци. Во тој случај немаше да го искористам целиот бонус зошто сметката испаѓаше испод нула.
- И на крај отидов во Тетово па се разбрав како што треба. Бонусот ми го одземаат од секоја сметка и сега плаќам 699-208=491
Значи тоа што сакам да ти потенцирам е дека не знам дали од незнаење или од нешто друго не сакаа да ми го направат бонусот како што треба. Инсистирај, зошто
може да се направи вака, а ако не сакаат на едно место, оди во друг салон.