Once Upon a Time in Holywood (2019) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.502
Поени од реакции
10.493
Менсон не е никаков енигматичен лик па да го ставиш у филм, он е само една будалетинка која по некоја случајност се нашла у состојба да манипулира невини деца и да им го пере умот. Друго време биле шеесетите со хипи културата и многу било поотворено општеството него сега па такви психовци и убијци многу полесно доаѓале до невини жртви. Менсон да живеел у 2020та би го собрале у бело комбе само и у бардовци. Ако некому не му е јасно пуштете некое клипче со интервју негово и ќе сфатите која појава е. И уште не ми е јасно како човек заробен у својата глупавост може да манипулира некого ама ете све бива.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.491
Поени од реакции
526
Последниов филм на Баронот на експлицитното насилство ( како што го нарекуваа на почетокот од неговата кариера ) е доста солиден . Можеби не е типичен тарантиновски филм ( со реки крв на сите страни ) , но затоа ги има останатите негови карактеристики кои го прават добар филм . За разлика од некои постови погоре , на кои им пречи не точноста на историските настани ( во врска со убиството на Шерон Тејт) , мене баш тој антиклимакс посебно ми се допадна . Плус тоа кога се снимаше филмот , никој не велеше дека главната приказна во филмот ќе биде фамилијата Менсон за да некој сега е разочаран зошто не е поопширно и историски точно обработена таа тема во филмот .
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
1.960
Поени од реакции
3.440
Па во реалност се тоа, испрани и изманипулирани, надрогирани мозоци.
Во споредба со првите два филма што ги наброја, Хитлер и ропство и да правиш со ситуацијава споредба, Менсон и компанија се апсолутно небитни во историјата. Изгуглај или прочитај какви се не сериски убијци постоеле и постојат со огромен број на жртви, Менсон не е ни во средина на листата, и тоа само во САД. Башка што не убил тој никој според докажаното. Интересен е ради способноста да филозофира и манипулира со дечишта, ко секој поинтелигентен психопат, само што овој се мислел дека е Господ.
Не викам јас дека во реалноста биле нешто паметни. Ама далеку од тоа дека (барем некои од нив) не биле опасни. Сум читал за убиството на Тејт и тројката убијци се тешки психопати и садисти. Овде во филмот се претставени ептен наивно. Во ниеден момент не ти изгледа дека ќе успеат да направат нешто лошо. Повеќе се комични фигури отколку некаква закана.

Не ја споредувам историската тежина на нацизмот и ропството со Менсон, туку направив споредба во однос на исходот на работите во вистинскиот живот. На крај и ропството и нацизмот поминале, милиони луѓе настрадале, ама „лошите“ генерално се поразени, има вистински херои што се бореле против овие работи. Втората светска војна може не завршила во кино сала, ама завршила со пораз на Хитлер. Не постоеле Џанго и д-р. Шулц, ама Црнците веќе не се робови. Ова се приказни со главно фиктивни ликови и приказната е дел од една поголема вистинска трагедија. Кај Тејт завршува трагично, сите се свирепо убиени, заедно со неродено дете. Убијците се фатени, ама двајца ден денес се живи. Се работи главно за лична трагедија и за мене вакво прикажување на вистински ликови и расветлување на таков ужас преку црн хумор е до некаде невкусно.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.742
Поени од реакции
11.520

Не може никој да биде паметен или ненаивен што влегува во култ и верува дека истиот е Господ. Просек интелигенција па и помалце, која под дејство на дроги и секакви глупости во попарениот мозок собрала сила да врши насилство. Пропалитети кои се среќни што Калифорнија ја тргнала смртната казна.

Крајот мене не ми изгледаше црн хумор. Не знам како го сфаќате, али мене ми е мило што во филмов Тејт преживеа, и тоа не го гледам ко исмевање на нејзината трагедија. Не знам што очекувавте, да гледате трудна жена како ја касапат? Тоа ќе ви беше повкусно од овој крај?
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
579
Поени од реакции
1.847
Не викам јас дека во реалноста биле нешто паметни. Ама далеку од тоа дека (барем некои од нив) не биле опасни. Сум читал за убиството на Тејт и тројката убијци се тешки психопати и садисти. Овде во филмот се претставени ептен наивно. Во ниеден момент не ти изгледа дека ќе успеат да направат нешто лошо. Повеќе се комични фигури отколку некаква закана.

Не ја споредувам историската тежина на нацизмот и ропството со Менсон, туку направив споредба во однос на исходот на работите во вистинскиот живот. На крај и ропството и нацизмот поминале, милиони луѓе настрадале, ама „лошите“ генерално се поразени, има вистински херои што се бореле против овие работи. Втората светска војна може не завршила во кино сала, ама завршила со пораз на Хитлер. Не постоеле Џанго и д-р. Шулц, ама Црнците веќе не се робови. Ова се приказни со главно фиктивни ликови и приказната е дел од една поголема вистинска трагедија. Кај Тејт завршува трагично, сите се свирепо убиени, заедно со неродено дете. Убијците се фатени, ама двајца ден денес се живи. Се работи главно за лична трагедија и за мене вакво прикажување на вистински ликови и расветлување на таков ужас преку црн хумор е до некаде невкусно.
Ни јас не го обожавам филмов нешто многу, ама стварно ептен лошо го имате сфатено филмов. Филмов заврши среќно, Шерон Тејт жива, а нејзините убијци брутално убиени. Нешто што на сите би ни било помило да се случеше во вистинската приказна, а членовите на Менсон фамилијата беа претставени онака како што треба, како гнасни хипи-кукавици којшто имаат "храброст" само да убијат бремена жена. Во моментот кога треба да се судрат со некој badass лик како Клиф, тие не се способни да се спротистават и добиваат тоа што го заслужуваат. Тарантино има тенденција да ги прикаже членовите на Менсон фамилијата како кукавици којшто им се посреќило да убијат бремена жена и со тоа да добијат внимание, а во суштина се само издрогирани дебили за кој се крева непотребно многу внимание. Филмов е одмазда кон Менсон фамилијата, а не исмевање на трагичната сторија на Шерон Тејт.

И за крај, филмов не е за Менсон сектата, туку за Холивуд во 60тите и двајца пријатели којшто се обидуваат да се снајдат во филмската индустрија, а Менсон сектата е само додатна сторија.

Вака кога го доанализирам ми делува далеку подобро од првичниот впечаток. :cautious: Може да треба да го изгледам уште еднаш. :D
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
1.960
Поени од реакции
3.440
Ако филмот веќе е за Холивуд од 60-тите не ни морало да ја вметнува приказната за Тејт и Менсон. Ама кога веќе ја вметнал не морало вака да ја менува историјата. Секако не би сакал никој да гледа како некој касапи трудница ама и не морало тоа да биде прикажано. Еве можело Рик и Клиф да се вратат од Италија вечерта по убиството и да разберат што се случило. Па хипиците да упаднат тогаш и овие да ги средат. Или па да не ни дојде до упад. Очекував да се случи некоја збрка уште на ранчот па тука да дојде до пресметка. Па уште тука да им ебат матер на цел клан заедно со Менсон. Вака како што е изведено, заедно со последната сцена каде Тејт лежерно го кани Рик на пијачка, ми е ептен cheesy и мене ми делува невкусно, пошто реалноста е многу потрагична и ниеден среќен крај нема да го промени тоа.

Ама ок, секој си има свое мислење. Фала богу, ретко некој филм кај сите остава ист впечаток. Посебно не ваков што обработува вакви теми. Јас стојам на тоа дека филмот не е катастрофа и е забавен, ама за мене е најслабиот од Тарантино до сега.
 
На врв Bottom