Once Upon a Time in Holywood (2019) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.934
Поени од реакции
43.007
Па добро, крајот го менува. :D
Не се контрам за објаснувањето што го имаше за членот, туку те корегирав дека не заврши така како што пиша. Мене ми беше познато бидејќи во втората сезона на Мајндхантер имаше интервјуа со Менсон (дури и истиот актер од филмов таму го глуми), како и со Текс, кој објаснуваше како ја убивале и што ти не.
Ако размислам можно е и крајот на филмов да е она што ме изненади и ми крена некоја оценка.
Мене баш обратно, истиот ден ја гледав епизодата од Мајндхантер со Менсон и Текс, отидов на филмот заинтересиран како ќе го прикаже Тарантино и кога на крај сфатив дека нема, малце ми го расипа цел филм.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
3.801
Поени од реакции
5.659
добар филм со лабава вожња.
Интересен за гледање, без многу тапа филери.
Тоа што не е скроз по реална прича базиран (посебно крајот), мене баш ми е кул.
Очекував малку повеќе од филмов, но сепак вреди да се погледне и генерално мојата оценка е кул.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.094
Поени од реакции
11.645
Мене баш обратно, истиот ден ја гледав епизодата од Мајндхантер со Менсон и Текс, отидов на филмот заинтересиран како ќе го прикаже Тарантино и кога на крај сфатив дека нема, малце ми го расипа цел филм.
па менсон нема учествувано во убиството на Тејт, затоа го немаше, освен сцената кога се вртка околу куќата. Дури и да беше неговиот лик ќе беше премногу зошто и така филмов обработи баеѓи работи. И сфатете дека тоа беше више како сајд стори, а не главната приказна која беше за Рик Далтон и Клиф.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
4.997
Има еден превид кој се провлекува низ дискусијава - а тоа е фактот дека првичната фама произлезе токму од моментот што филмот беше најавуван како сторија центрирана околу култот на Менсон и убиството на Тејт. Морбидно фасцинирана од убиствата, мене, баш тој момент ми беше пресуден да го погледнам филмот, па затоа целата фикционализација на историските настани и разврската ми беа крајно антиклиматични. Веројатно очекував некакво нурнување во психологијата и мотивацијата зад Менсон како дијаболичен харизматик, подлабоко нијансирање и очовечување на ликот на Тејт, која, за жал, историјата останува да ја памети главно како трагична жртва. Овие двајца ликови кои очекував да бидат носители на сторијата беа крајно лефтерно истретирани и профигурираа чисто проформа. Земајќи предвид дека Тарантино си земал и поголеми слободи во менувањето на историските факти во претходните филмови, веројатно не требаше да бидам толку изненадена. Секако, филмот имаше позитивни аспекти за кои веќе се произнесов во некој од погорните постови. Едноставно, не е сечиj cup of tea и оние кои не се фанови на опусот на Тарантино не верувам ни дека ќе успее да ги конвертира.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.685
Поени од реакции
27.887
Едноставно, не е сечиj cup of tea и оние кои не се фанови на опусот на Тарантино не верувам ни дека ќе успее да ги конвертира.
Samo sto ne e sekogas Едноставно.

Eve mene me konvertira, precenet mi e mene Tarantino i sum bil glasen okolu toa. Duri 2 meseca se mislev dali da go gledam ovoj.

Ovoj film od Tarantino za mene imase najgolem emotional payoff od site negovi. Nasilstvoto na kraj ne bese samo mindless fun tuku uzivav poveke od sto treba bidejki bev iznenaden od tekot na nastanot i bese nesto sto mnogu go posakuvav zemajki predvid kolku kul bese Brad Pit throughout the movie. Jas inace ne znaev za sto e filmot, tuku ukapirav dodeka se desavase bidejki sum zapoznaen so sluckata i mislev samo e lousy take na toj nastan preku kurcenje so jaki glumci i sceno/kostimografija. Ama koga na kraj se pojavi Once upon e time... kako edna bajka, kako fantazija, kako posakuvan outcome na eden tolku gromorozen cin - Tarantino go zema film na godinata mestoto kaj mene.

5/5
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
24.412
Поени од реакции
36.231
Once upon a time in Hollywood... каков фанстастичен нефилм! Кинематографија - одлична, доловен светот од 60-те за чиста 10-ка, глума одлична, музика одлична... и сето тоа склопено во нешто што не може да се нарече филм. Она го гледаш поради Тарантино и тоа што Леонардо и Бред Пит играат. Го гледаш и чекаш некако да кулминира ситуацијата во Тарантино стил, да се спои се во некаква целина. За жал, целина не постои, никаква содржина, рандом неповрзани ликови и сцени расфрлени... единствено ликот на Леонардо има некаква смисла, некаква приказна. Се друго е Pulp Fiction ама на некој неподнослив начин.

И what the f*** беше тоа со Брус Ли?
 
шо беше неповрзано и расфрлено? Зар толку ли е тешко да се разбере филмов стварно не ми е јасно
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
24.412
Поени од реакции
36.231
шо беше неповрзано и расфрлено? Зар толку ли е тешко да се разбере филмов стварно не ми е јасно
Имаше нешто што треба да се разбере?

@wot, @џимеј, сега видов дека има тема за филмов, префрлете ги постовите таму.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
2.664
Поени од реакции
12.260
А филм од Тарантино што треба да очекувам Теренс Малик стил,Ларс вон триер стил,Вес андерсон стил?:popce:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.094
Поени од реакции
11.645
А филм од Тарантино што треба да очекувам Теренс Малик стил,Ларс вон триер стил,Вес андерсон стил?:popce:
да, може и мартин скорсезе стил. Не значи дека филмот ако е поинаков од тоа што го праел до сеа дека е тиња, ако не ви се свиѓа не го гледајте никој не ве терал да го пуштите.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
24.412
Поени од реакции
36.231
На врв Bottom