Once, Twice, Three Times A Bad Guy

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Не, не е некоја преработка на Барт Кенеди. Ок де, не дека тој имаше ваков филм, али ми се допадна онаа негова идеја која ја воведе во Холивуд, со добрите и лошите момци.

Нова тема.
Тука станува збор за актери кои се едноставно се предодредени за некои улоги или пак, ние сме навикнале да ги гледаме така? Брус Вилис постојано го спасува светот, Пирс Бросман беше предодреден да има интересни помагала, убави коли и секако убави жени, Сталоне секогаш беше набилданиот тип кој ако не те убие со митралез, минофрлач, емка, или пиштол... тогаш сигурно ќе те убие со раце. Нешто слично беше и Чак, само што тој не ни мораше да ги валка рацете со тебе, доволен беше поглед. Значи некои актери едноставно се предодредени да играат во некои ''свои'' улоги и гадно зафркнуваат ако се обидат да сменат страна/жанр или јас сум во заблуда?

Примери за успеси и потфрлувања ќе постирам подоцна, сега сум краток со време.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Ѓорѓи Колозов вечно беше или цар или Господ.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.674
Ѓорѓи Колозов вечно беше или цар или Господ.
Лазар Бараков беше вечно измеќар највеќе што стаса е да евоулира во ѓаол еднаш и не му легна баш пошто не беше језви како Гоце Тодоровски.sd
Не му требаше на Дензел да станува негативец во Гангстер не му лежи ич.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Точно, да дури и ако не се работи за спасување на светот, како што е случај со Брус Вилис, има актери на кои речиси сите улоги им се слични, ако не и исти една на друга.

На пример, Адам Сендлер секогаш глуми детинест чувствителен ерген, што си ја наоѓа девојката на неговиот живот.

Џек Николсон во повеќето негови улоги е ексцентричен човек, ужива во животот и се плетка со помлади девојки.

Џим Кери е “дежурна будала“. Него не можам ни да го замислам во улога поинаква од неговите досегашни.

Има и други примери, ама не ми текнуваат во моментов, нека ме надополнат други членови.
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
нормално дека има многу вакви и навикнати сме да ги гледаме само во еден вид улоги. е сега кога ќе ги видиме во различна улога најчести се коментарите шо му требало, не чини, ова-она, ама јас мислам дека е така поради тоа што не си навикнат да го гледаш тој човек во такво издание (не мора да значи дека лошо ја игра улогата)
пример: Дон Џонсон (Неш Бриџис) бав навикнал да го гледам во само таа улога, а кога го гледав во еден филм како негативец ги наведов погорните коментари.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
*Adam Sandler, да. :back:
*Jim Carrey, да... проба нешто поразлично во 23-ката али не е тоа, тоа.
*Owen Wilson, кул дечко со крив нос. И тој остана како гореспоменатите, лудак до коска.
*Woody Harrelson е роден со шешир на глава. A true cowboy! Во 9од10 негови филмови е каубој.
*Уште еден каубој е Клинтчо. Али во позитивна смисла на зборот, секоја чест. Легенда.
*Meryl Streep беше закон, тоа се дур не и се опуштија порите од староста и не се појавија брчките :( Потоа следеше трансформација во намќора директорка/менаџерка/гувернерка/билошо.
*Julia Stiles, вечно млада во тин&романтичните комедии.
*Tom Cruise... бројот на тоа, колку пати го спасил светот е двојно поголем од бројот на искористување на десната рака на еден тинејџер до својата 19та година.
*Denzel Washington, човекот се коси со третиот Њутнов закон. акција и акција.
*Jason Statham. Хм, прво главен во градот беше Чеки Чен... али тој е кинез и има лош акцент. Потоа во студиото во ЛА стапна Џејсон, ги имаше боречките вештини на Џеки али беше помлад, ќељав и со британски акцент. Џеки го пуштија во пензија.
*Harrison Ford, вечити Индијана Џонс... човекот е роден да снима авантуристички филмови. Талент е клучниот збор. Талент.
*Angelina Jolie, ActionGirl_USA. Секој тинејџер т.е секоја единка на планетава со екстремитет плус во меѓуножјето, едвај чекаше да сними нов филм. Не за да се воодушевува на нејзината глума, него да ужива во облините на нејзиното тело. Знае да совлада маж со голи раце, има големи... пиштоли, големи усни, големо срце... да не го тупам во 90% од филмовите е гола, кој ќе пази на нејзината изведба/глума?
*Antonio Banderas, ако на некој од Холивудленд му љубоморам тогаш тоа мора да е овој човек. Ај шо секогаш има закон улоги, глуми мачомен, носи големи пиштоли или меч, плеша гитара и е облечен во црно, ама пола Холивуд го има легнато. И тоа пред објективот на камерата, да не зборувам за тоа што се случува зад затворени врати.

Ајмо народе, удрете на Холивудското клише.
Доста е од мене...







*за денес.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
*Jim Carrey, да... проба нешто поразлично во 23-ката али не е тоа, тоа.
Малце оффтопик, проба нешто поразлично и во Eternal Sunshine of the Spotless Mind и според мене одлично му успеа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom