Образованието во светот наспроти образованието во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kicko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 декември 2010
Мислења
72
Поени од реакции
4
Не сум доволно информиран, ме интересира колку се различни опции за образование постојат во Европа, Америка и сл, а кај нас ги нема. Каков е образовниот систем во одредени држави(доколку некој повеќе знае за таа и таа држава). Има ли место на нетов да се информира човек за факултетиве во странство, просперитетни и сл., пошто луѓе уз муабет ќе речат, абе најбоље иди студирај во Германија, друг, абе ја во Словенија ќе студирам и сл..добро кои се, какви се тие факсови свети за кои сите зборат? :D исто и за техничките факсови во странство ме интересира, некој повеќе ако знае нека пише :) и на крај, што ни фали на нас? :(
 
и како да ја избришам темава сега..
 
Зависи што сакаш, каква цел имаш и разбира се колку ис спремен да платиш (европата и америката се скапички во однос на скопје).
Има рангирања на Шангајска листа и една листа тајмс ми се чини се викаше види во гугл прошарај. И таму ти пишува кој универзитет колку е јак односно на кое место е. Има и други ранг листи ама овие двеве се по така најпознати. Обично на веб страните од универзитетите на англиски е напишано што бараат и какви критериуми имаат, дали и какви школарини има, кога се уписи. Тие податоци ги имаш во категории admissions, fees, requirements... Во curiculum графите пишива кои предмети се изучуваат. Ако не ги пишува овие работи кои ги набројав ондак и онака не се сериозни. Некои имаат и опција на имејл да поставиш додатно прашање ако не е убаво објаснато. Воглавно техничките да речам инжинерските науки се горе долу на секој нормален универзитет низ европата прилично ок. И да не е универзитот највисоко рангитан сепак можеш да ја научиш струката која си ја одбрал и нема да имаш многу други заебанции.
Интересни се Американците имаат барем едно 50 веома добри универзитети ама далеку е бре Америка, а често школарините знаат да се доста високи.
Инаку не мора одма по средно да се оди надвор, на некои им успева да запишат магистерски и докторски студии отпосле, ама како оди тоа не знам.
Инаку ако човек има можност е убаво да оди да студира надвор од многу причини сеа да не набројувам.
Друго?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom