Oриентална Музика

V

Vollstandig

Гостин
Сакате ориентална музика? Ве бендисува ?
Jaс сум голем фан на ориенталната музика и култура, па се надевам има и други фанови шо ќе размениме бендови.



Ориенталната музика е фактички ЕТНО музика од Истокот, е сеа се дели по секоја култура (Арапска, Еврејска, Египетска, Грчка, Турска , Кинеска, Индиска, Авганистанска) значи секој народ на истокот има свој ориентален звук , али слични се сите овие.
Претежно оваа ориентална музика што се свири денес,изведувачите комбинираат елементи од Старогрчка , турска, арапска, еврејска-сефардска, египетски етнос, и дел од авганистанска-ерменска-индиска музика.



Комбинирано во целост дава добар звук и се нарекува ориентална музика (Има разлика меѓу Belly Dancing тоа е арапска, и Ориентална музика).

Се свири на етно- инструменти, кај нас познати како Тарамбука, Тамбура,дајре, Мандолина,Кемане,Харфа и уште неколку што не го знаам името.
Во помодерниот период на свирење ориентална музика се додава и Хармониката (особено во Египетската Фолк Музика) во турската ориентална музика се забележува и : Клариент,Виолина,Хармоника и зурла што е по потекло турски фолклорен инструмент.



Да покажиме како звучи дел од таа музика, ќе оставам линкови од јутуб, а ако сака некој за симнување нека ми пиши, ќе добие линкови по порака, од торенти и рапидшер.


Е овие сите преслушајте ги и ќе знаете веќе како изгледа ориентална музика и ќе бидите попаметни за 10 IQ:)

Oриентален џез:

(Hijazz Band from Syria)




Додаток

Ова е Belly Dancing:



И ова е Belly Dancing во Мп3 верзија



Ориентална музика


Еве уште една одбрав преработена во транс верзија вреид да се слушни:


Најдобра:



Арапска :






Египетска-Арапска поп-фолк музика (не и се знај и неа што точно и е потеклото)
Најдобриот египетски пеач Amr Diab




Aвганистанска музика:


Турска музика: (Mногу е добра песната)

 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
Одам чат пат у Аја на греено вино и ваква музика, колку да сменам секојдневие :). И се чувствувам одлично.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Колку се во темава не знам, ама луѓево се генијалци. Не свират чисто ориентално, но прават одлична џез-фузија со традиционалната ориентална и турска музика:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Кажете некои добри артисти за кинеска ориентална чил музика?
 
V

Vollstandig

Гостин
Кажете некои добри артисти за кинеска ориентална чил музика?
Незнам многу артисти ама можиш да најдиш таква музика под името “Zen Beats" "Zen Garden" "Zen Music" и сл.
или пак пробај на торенти со Chinese Chill Out music :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Незнам многу артисти ама можиш да најдиш таква музика под името “Zen Beats" "Zen Garden" "Zen Music" и сл.
или пак пробај на торенти со Chinese Chill Out music :)
Знам, така и барав и го најдов ѕверов.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.585
Поени од реакции
2.608
Порано, негде кај 2003 ко почнав да пуштам музика, бааѓи се пушташе ваква музика по кафичите.
Еве неколку што ги пуштав (башка од Harem , тие веќе беа стандард) Слушнете ги, топ се, веројатно и познати ви се :) ...

Не ми се верува, 90% од песниве, ги нема ни на јутуб, ни на интернет ни нигде..
Имав памтам 2 компилации, Funky tarabuka vol1 i vol2. Првото го најдов на интернет, второто никако не можам да го најдам...
еве линк за првото: http://www.cylist.com/List/404856421/
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Без Рави Шанкар не бива. Можеби најдобриот музичар на денешницава......... море најдобар е, нема може :)
Хахах музикава е страхота
 
V

Vollstandig

Гостин
Порано, негде кај 2003 ко почнав да пуштам музика, бааѓи се пушташе ваква музика по кафичите.
Еве неколку што ги пуштав (башка од Harem , тие веќе беа стандард) Слушнете ги, топ се, веројатно и познати ви се :) ...

Не ми се верува, 90% од песниве, ги нема ни на јутуб, ни на интернет ни нигде..
Имав памтам 2 компилации, Funky tarabuka vol1 i vol2. Првото го најдов на интернет, второто никако не можам да го најдам...
еве линк за првото: http://www.cylist.com/List/404856421/
Ги има пријателе, еве торент од нив:)
Фала иначе за песните, не сум слушнал ја досеа од овие добро е да се слушни нешто ново. Ако знаеш уште некој изведувач слободно објави:)

--- надополнето ---

Еве нешто арапско ориентално:


Еве еден многу добар бенд Eat Static симнете ја музиката од нив, нема да зажалите:

 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.585
Поени од реакции
2.608
Ги има пријателе, еве торент од нив:)
Фала иначе за песните, не сум слушнал ја досеа од овие добро е да се слушни нешто ново. Ако знаеш уште некој изведувач слободно објави:)



Не ме разбра, тие што планирав да ги ставам, ги нема на јутуб, ете види на линкот од претходниот пост, половината ги нема на јутуб.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Мене овакви поише ме кандисуваат.
 
V

Vollstandig

Гостин
Фала на сите што допринесувате на темата, музиката е мојот живот и без неа би бил една димензија по-празен, така да секојдневно ја збогатувам колекцијата со музика , нормално со ваши препораки на слични песни.

Повелете од мене една:

Оригинално името на песната е: Amr Diab - Tamally maak

 

Kajgana Shop

На врв Bottom