Oрганизирано или приватно патување?

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Кога одите на патување почесто тоа го правите организирано, преку агенции со организиранo сметување и превоз и однапред позната тура на патување. Сакате сето тоа со водич, преку добра агенција да се организира и сметате дека тоа е подобар начин на патување.

Или пак сакате ваш приватен аранжман за одредено патување. Вие ќе си одредите кое место сакате да го посетите, преку интернет или пријатели ќе си резервирате во хотел, мотел, приватен апартман и со сопствен превоз ќе си отидете и вие ќе си бидете водичот :)

Кој аранжман е подобар за вас организираното агенциско патување или приватното патување изрежирано лично од вас :)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Последно патување ми беше до Белград со брат ми.Јас организирав се.За такви блиски релации може и приватно,ама за подалечни релации како Зап.Европа би преферирал тур.агенција.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Организирано,некако по сигурно ми е.. да не се замарам многу :wink:
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
organizirano e poubavo taka da od dvaj cekam apsolventska ekskurzija i se nadevam deka 1 od destinaciite ke bide spanija pa so dusa ja cekam:):):)poubavo e vo drustvo nego sama da patuvam ;)
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Во своја режија, секогаш. Да ми е жив Интернет, можам онлајн да си купам билети и да си букирам хотели. Агенција користам само за места каде што е тешко и заморно да се извади виза. Водичи не почитувам, секогаш ги игнорирам и разгледувам и откривам места сама и со помош на интернет (искуства на други самостојни патници).

При патувања сакам да се задржувам повеќе време во едно место, за да ја осетам културата а богами и ноќниот живот. Патувањата со агенции обично се понапорни, се гледа да се стигне на повеќе места за кратко време, така што најголем дел од времето се поминува во автобус. Ваков вид на патувања го оставам за старост. Сега ме интересира авантура.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Од кога патувам сам, сигурно 7-8 години, никогаш не сум користел аранжман на туристичка агенција, ниту посредство за визи. Неколку пати само превоз до одредена дестинација. Авантуриста сум и уживам во предностите што ги нуди слободата сам да си ја креираш агендата и од тоа да нема правила каде колку ќе се задржиш и што ќе правиш. Патување во чил аут муд.

Меѓутоа сметам дека агенциите се навистина потребни и нудат доста погодности што за поголем дел од луѓето и особено за фамилијарни патувања се вистинскиот избор. :smir:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Кога одите на патување почесто тоа го правите организирано, преку агенции со организиранo сметување и превоз и однапред позната тура на патување. Сакате сето тоа со водич, преку добра агенција да се организира и сметате дека тоа е подобар начин на патување.

Или пак сакате ваш приватен аранжман за одредено патување. Вие ќе си одредите кое место сакате да го посетите, преку интернет или пријатели ќе си резервирате во хотел, мотел, приватен апартман и со сопствен превоз ќе си отидете и вие ќе си бидете водичот :)

Кој аранжман е подобар за вас организираното агенциско патување или приватното патување изрежирано лично од вас :)
Повеќе применувам организирано ради заштеда на време.
Ама повеќе поштуем приватно односно се сам да си праам, чисто ради авантура. :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
При патувања сакам да се задржувам повеќе време во едно место, за да ја осетам културата а богами и ноќниот живот. Патувањата со агенции обично се понапорни, се гледа да се стигне на повеќе места за кратко време, така што најголем дел од времето се поминува во автобус. Ваков вид на патувања го оставам за старост. Сега ме интересира авантура.
И јас од истава причина сум за самостојна режија.Ми беше мачно со визниот режим да плачам пред амбасади,затоа и агенциите беа единствениот избор.
За мене не е патување во 3 дена 5 града :) Јас сакам да го осетам градот и местото каде одам и кога сакам да се вратам.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Агенциите, уствари тоа што овдека некој ПО ГРЕШКА го нарекува туристичка агенција, ги заобиколувам во гоооооолем круг:toe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Секогаш приватно. Лесно ми е да се снајдам пример кога посетувам одреден град, најпрво добро го проучувам наоѓам прифатливи цени за сместување едноставно ми доаѓа како да сум самиот свој водич и не зависам од никој. Можеби бидејќи сакам авантури и секогаш се снаоѓам каде и да отидам.
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
СЕКОГАШ во приватна режија. Палам колата и шетам. Никој нема да ме брза да одиме на друго место ако мене ми се допаѓа таму каде што сум и сл. Досега со девојками сме шетале низ ex yu во приватна режија но за недела и нешто ќе одиме во словачка (братислава) и малце во виена.

Е сега Македонец навикнат е кога оди во земјите на ЕУ да припреми цела папка документација и слично па мене сеуште не ми е верно дека ќе ја поминам границата само со пасош бидејќи ова ќе ми биде прво идење во ЕУ по падот на визите.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
preferiram organizirano patuvanje,i individualna da e pak da e organizirano od agencija :pipi:
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Зависи, јас повеќе сакам приватно, но кога сум на неколку дена на пример 2-3 дена тогаш да, организирано... Баш сеа сакам да одам на Интер во Италија ама барам агенции...

Оф Топик :
Ако знае некој некоја агенција што вози тури до Милано, нека ми прати ПП :nesum:


Позз :Молам:
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Никогаш не сум одила на одмор преку агенции.Тргнеме со колата па кај не носи патот таму одеме.Навистина.Лани прво ке одевме во Драч во Албанија па потоа отидовме во Саранда.Потоа братучетка ми сакаше да ги виде Драч и Тирана и 5 дена бевме во Саранда а потоа отидовме во Драч и ја посетивне и Тирана.Абе друмски разбојници :pipi:
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
289
Абе си идеш у агенција и ти прават едно паушално патување и не се замараш, се ќе ти биде обезбедно и неколку изненадувања може да ти направат :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom