Oперација на нос

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
не бе ич не боли, само ке те почеша малце, како комарец да те каснал.
нема грешка.
за анастезијата не боли ич, за тоа и служи, или ке си броиш или ке ти зборат нешто за да видат кога ке почне да делува. тебе отпрвин ке ти се слуша и ке му враќаш многу јасно и по неколку секунди некако се ке ти се успори, како на некој филм кога глумецот е на тешки дроги. се ке ти биди свретно, ке слушаш успорено ке му враќаш нешто без везе. она тит тит тит ке почена да станува се поспоро. тит ......тиит..................тиииит...............................тииииииит.
јас лично од операцијата не се сеќавам баш многу и не ме болело, но некои и те како се сеќаваа и ги болеше.
кога ке се освестиш устата ке ти биде барут сува, ке ти се лепи јазикот не ке можиш да дишеш,па ке ти дадат нешто да си ја влажнеш устата. се ке ти се врти, ке ти бега сликата, нема да можеш да станиш, такви работи. ама нема да боли пошто уште си под седативи. е арно ама кога ке помини дејството за неколку сати е тогаш држи се здраво. освем секако ако не си под седативи, ама сигурно нема да те држат цело време под нив.
било како било ке преживејш, далеку е од срцето:)

Секое освестување после анестезија е различно, не можеш да глобализираш. Сестра ми на пример и требаше време за да се разбуди и имаше мачнини после анестезијата, вртоглавица, гадење и бла бла ствари. А јас пав, за разлика од нејзе, веднаш после анестезија бев како ништо да не се случило и искочив надвор цигара да пушам. Кога ме виде анестезиологот мој, сакаше да ме убие... али виде дека не ми е ништо, дека ни ми се врти ни бутур, па така да ме остаи да си ја допишам цигарата:) А за тоа сува уста... до сега не сум слушнала...
Не може да го остават без седативи само ради моментот што се крши коска, станува збор за зафат на глава, теорија нема да го остават без седативи.... зашо без седативи баш и не верувам дека некој би презивеал после таа операција ни 20 минути... така да...седативчиња ќе си има обавезно, и тоа првата недела дена.. а после тоа му намалуваат и го префрлаат на обични апчиња за болки како кетонал или вентор...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952

за сува уста е општо познато и сите без икслучок го имавме. обично ни даваа лимон да се влажнимена устата пошто не смеевме да пиеме или неможеа да пијат вода. сега како си поминала ти незмам, ете си исклучок ,ама таму сите до еден што лежеа истото го поминаа. сега можи дека беше воена болница и пред 15 години ама тоа е. немам потреба да лажам и да измислувам.
 
Све во ред тоа, никој не рече дека лажеш мислам скраја да е :). Само си кажав дека не сум чула, а и мене ми се немаше десено, а исто, не ни чув некој да се пожали за истото, можда ете некој мој пропуст... јас знам единствено дека имав огромен проблем со ладот... не можев никако да се згреам иако беше лето и Скопје стандардна температура од 40 степени... се тресев како луда... Али, тоа ти е од крварење, како и температурата во операциона сала која мора да биде 16 степени,а рачунај ти лежиш гол 3 саати. А за тоа дека не смеевме, смеевме да пиеме вода само што не можевме ради гипсот и газата кога спречува обилно крварење, па пиевме со цевче:)
 
реков зависи од операцијата. ако вадиш крајник незнам баш дали ке пиеш вода. инаку зависи од тежината на операцијата. по правило ако си со локална најчесто никому ништо, ама ако си под целосна е тогаш да. устата барут сува:)
 
Ок, како сакаш:) Ја бев под целосна, нели, не постои локална од 3 саати, али нема везе, пак не ми беше сува устата, што нели не е некој пресуден фактор за да се коментира на тема операција на нос:)
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Наредната година и јас планирам да одам на ваква операција па очекувам пријателов Деспотов да го сподели своето пред и после оперативно искуство
 
Член од
9 февруари 2007
Мислења
441
Поени од реакции
61
Dali boli ako sakam da go potspustam nosot malku ???

da se iseces pri bricenje boli a ne pa korekcija na nosot ...sekako deka boli no so silna volja toa ne menuva nisto..edna moja drugarka napravi operacija za 3-4 nedeli ni crvenilo nemase taka da ako se resis neka ne te plasi toa dali boli ili ne
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Малку офф топик, али сум приметила дека вие машкиве навистина сте поисплашени од болка од женски. Не само на форумов туку и кога лежев на болница, пред и после операција. Ги гледам, мажишта толкави, абе се треси као лист на ветер, прашува, шо ќе биде како ќе биде, дали боли, ама такви потресени, као готово, ги колат, на електрична стилица како да идат.
Алоооо, се се издржува, никој не умрел од операција на нос, еве ме жива сум, сите со мене шо се оперираа (а ги имаше многу) живи се, здрави се... шо да ви кажам друго... сигурно сте јаделе некогаш у живот, бокс у фаца, сигурна сум дека тоа поише ве болело... Кој знај кај отишла храброста кај маживе у денешно време....
 
Член од
17 ноември 2008
Мислења
340
Поени од реакции
15
jas prv pat citam deka i tuka prat operacija na nosot ... inace jas sum napraen na usite dokolku nekoj odluci da se pravi a saka da prasa nesto neka mi pise poraka :) poz !
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.766
Поени од реакции
1.460
Де бре аман ама бош муабет му изнаправивте на човекот.

Јас брат лично познавам 2 ДЕВОЈЧИЊА (сестри) што се имаат направено естетска операција на носот и еве ги живи и здрави се :)

А вие што му правите филм на човекот сте идиоти. Јас кога се правев операција имаше во болницата еден ваков селак што ми правеше филм (мајката да му ја ебам) демек имало некое дете ден после операцијата поодило до ходникот па пак добило кила, па незнам системот ако не си го прекинел незнам ке се наполнел со крв и триста други филмови. Нормално ние другите не го знаевме шо човек е и му верувавме. Али после го научивме дека само јаде гомна и никој не го фермаше 2 посто.

И што се деси со типчето на крајот? Го оставија еден ден плус во болница. Како казна му дојде некако, незнам....

Да не забегувам од темата, оди среди си се немај гајле. Не е толку страшно колку што ти прават филм.
 
nohab87

Калфа
Член од
14 јануари 2012
Мислења
70
Поени од реакции
18
Немај гајле, на нос операција сум немал ама сум бил за друго. Се ќе биде во ред, малку е непријатно ама и комарец да те касне е непријатно. Вози и уживај, мисли на резултатот. Среќно!
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
јас операцијата е правам од задоволство операцијата ке кошта многу пари сумата е огромна а посебно за македонски стандарди сумата на операцијата почетна е 44,000 денари пред и 77,000 потоа значи вкупната сума ке биде 121,000 и башка од тоа патни трошкови лекови з тоа уште 200 евра нешто е сосе патни трошкови причината е мала грбка на носот и сакам да ми биде подобар.... позз
алал да ти е друже, тие 120,000 некој не може да ги спечали со неколкугодишна макотрпна работа, не може да купи леб за децата, да плати греење, се мрзнат цели семејства, пушти некогаш вести ако не ги гледаш маките пред очи..а ти ќе си влезеш во креветчето, ќе ти удрат по некое чеканче, пред тоа малку ќе се полигавиш по форумите, фб, ќе се потресеш малку од нервозичка, ќе прашаш што како..ќе си излезеш со ново носе ко на никол кидман, болело не болело ќе помине..а дали ова другото ќе помине?120,000, колку чесно да си ги заработил не е ни битно, битно што одбираш да правиш со нив и во какво време, пред какви луѓе, се кладам дека не ги ни приметуваш..си имаат долгови таквите егоистични ѕверови, немој да мислиш дека нема да си ги платат еден ден за жал, а до тогаш ќе ми се гади од таквите како тебе
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 02:36 ---
и темата не треба да стои во здравје туку во мода и убавина!!
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
105
Поени од реакции
94
Јас имам правено пластична операција на нос и тоа скоро пред 8 год кога естетските операции беа уште табу ( и сега се до некаде )... Инаку лично би ти препорачал да ја правиш со локална анестезија ( како што ја правев и јас ) и џабе ти вадат памет , не е до толку сложена операција како што многумина тврдат тука. Трае прилично долго ама бидејќи ке бидеш под опијати ке ти летне времето за секунда. Инаку прав момент за хирушки зафат... Лично не би ти препорачал да правиш во летни периоди поради тоа што мене ми забранија тогаш премногу изложување на сонце ( појма немам зошто ) и скоро цело лето го поминав по дома. Ако те интересира нешто друго слободно прашај, освен за цена :))) други времиња беа тогаш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom