Јаооо кои коментари се ова... Човече, зафатот не е ништо страшен значи ти зборувам од искуство. Јас имав три пати скршен нос па мораше да се иде на тој чекор- операција.
И мене сите ме плашеа во стилот дека кој знај како боли, кој знај што ќе ти се лсучува, отечена ќе бидеш ово оно... врска нема. За постоперација, за да не ти се појави ни оток па ни помодрување ќе ти дадат апчиња да пиеш и нема ни оток ни бутир. Ако ти е страв од игли ( и мене ми беше) им кажав да ми остаат игла на мене цело време за да не мора да ме дупчат после тоа, и тоа и го направија. Цело време постоперативно си под седативи кои верувај не ти дозволуваат ни минимална болка од гребнување да осетиш. Недела дена ќе си имаш гипс на фаца, али тоа зимно време не би требало да ти биде проблем (ја леттно време се оперирав, чешаше ме убиваше), после тоа ти го вадат гипсот и тампони дугачки некаде 15-20 сантими. Мене ми беше премногу страв од вадењето на тампоните, али реално, не беше болно колку што беше језиво. Јас испаничив и си плачев како некој морон, зашо поише ти викам се исплашив од колку што болеше ( изгледа прилично страшно тоа да си видиш како од ноздри ти вадат џиновски чуда али само така изгледа
) Ќе имаш чуден мирис цело време, најблизок опис како некоја животиња да ти умрела во носот, али и тоа не ти е некој проблем. Зафатот трае некаде 3-3 ипол саати, во зависност од тоа што треба да ти се среди, и после си како нов. Те внесуваат во операциона, ти мераат притисок, ти ставаат седатив и тоа кислород да дишеш, и те тераат да броиш од 10 до 0. Ја стигнав до 9
.
После кога ќе се разбудиш ќе ти биде ужасно ладно, и ќе бидеш прилично поспан првите два дена, али битно да знаеш болку никакви немаш, само си омалаксан од анестезија и од седативи. Може да ти се јавам минимални (издржливи болки) после вадењето на конците (тоа ти се две кончиња од надворешна страша што ти ја држат слузокожата) али тоа е зашо ти ги прекинуваат седативите после тоа, али ќе ти кажат што да пиеш ако ти се јават болки.
Реално, тоа е тоа.... ќе си носиш фластер еден месец и после ОП ново носе. Со среќа и не паничи. Ништо страшно не е тоа