Настрана од тоа што се „мили и слатки суштества, и греотка е да ги јадеш“ муабетот, зајачкото месо е квалитетен деликатес, и неизбежен на менијата во сите европски ресторани. За интересот кај нас нема потреба да се грижиш, затоа што иако идејата е стара, не се нашол некој кој би го скршил мразот за тој бизнис.
Ако зборуваме за одгој на зајаци за месо во специјализирани фарми, тогаш не се среќаваме со никаква нелегална постапка (за разлика од пласирање на див зајак, каде се запазува ловна сезона, обезбедување исправи за лов и сл., кои најчесто „ловџиите“ забораваат да ги понесат со себе).
Во однос на одгојот, само на кратко: зајаците се чуваат во групи од 3-5 во кафези, во кои има простирка на која лежат, поилка и хранилка. Кафезите се со висина од 50 - 60см, длабочина 50 см, а должината на кафезот се дефинира од бројот на грла во него. Кафезите се чуваат во батерии од кафези, кои можат да имаат до 3 нивоа на спратност, и можат да одат по должина на целиот објект на фармата (за подетални информации околу технички цртежи од објаснувањево, ПП, да не одиме офтопик). Потребно е редовно чистење на кафезите (односно на просторката на која лежат - иверки од дрво, сено и сл). Потребно е добро вентилирање на просторот, и самиот објект да не биде изложен на големи прозорски отвори од јужната страна.