Novo ime na gradskiot stadion vo Skopje

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од Anco, 10 април 2019.

  1. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    7.302
    Допаѓања:
    12.681
    Sekako deka site razbravte za novoto ime na gradskiot stadion e TOSE PROESKI,
    ime na nasiot prerano zaginat vrhunski peac od Krusevo vo zanr zabavna muzika.
    Za nego tuka tolku,vo drugi temi sekako ima poveke,a sekako i zasluzil i mnogu poveke.
    Dali ovoj poteg na vladata(ili koj i da e ) e pravilen ke pokaze vremeto,ili po nekoja godina druga vlada ili vlast ke odi pak na promena na imeto.
    Dali pak sega koga ovoj poteg od vladata ke go cujat nasite komsii pa i oni ke trgnat po toj pat.
    Pa taka logicno e splitski Poljud da se imenuva po novo na pocinatiot Oliver Dragoevik.
    A za Maksimir vo Zagreb se cuva imeto vo fioka a toj ke bide Miso Kovac.
    Se razbira da ne ostanat pokuso beogragani se suska deka Marakana po novo e MIki Evremovik.
    I Saraevo nema dolgo da ceka 100% Kosevo naskoro stanuva stadion Kemal Monteno.
    Za podaleku ne se mnogu razbiram,ama i tie zapadnjaci eve da zemat i od nas nekoj primer pa vo London da nikne nov stadion Djon Lenon,vo Pariz so ime na onoj sansonjer i t.k.n.
    -----------------------
    jas mislam deka mozebi trebase ime da se odbira so konkurs,pa da go odbereme najdobroto, a mozebi e i ova najdobro i ova da ke pobedese iako jas ke predlozev Park ili Islahana.
    A vie?
     
  2. SK-92

    SK-92

    Член од:
    11 октомври 2010
    Мислења:
    811
    Допаѓања:
    714
    Еве чисто за споредба ќе ја земам Романија.
    Држава со 20 милиони популација.
    Спортски феномени од типот на Хаџи, Попеску, Халеп, Киву, Мурешан и ред други спортисти, политичари, пеачи, глумци...меѓутоа најголемиот стадион има наједноствно име, нешто што можеби и кај нас ќе беше перфектно.
    Национална Арена.

    Сега, они мораат да го променат името, а добро знаат дека со Тоше ќе добиат поени.
    А најстрашното е што они се подржувани за ваквиот потег.
    Уште поглупо се чуствувам кога ќе прочитам некои статуси од типот дека заслужил Тоше и како он бил врвен одбојкар а и бил единствениот кој го напунил Градски.
    Среќа што единствениот не беше Гаџа или Коста Бургов.
     
  3. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    26.261
    Допаѓања:
    30.996
    Ова им е прилично добар потег, сите шабани ќе го прифатат. Еј не заебавај, кој смее да биде против Тоше да се вика било што?
     
    На Наќо Скопски, lazzy^ и Sussaro им се допаѓа ова.
  4. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    621
    Допаѓања:
    568
    според мене нај добро и нај прифатливо име е старото „ГРАДСКИ СТАДИОН" нит има врска со имиња (на политичари, спортски, естрадни уметници...) нит со историја нит со политика или национализам.
     
    На BilboBaggins, Bateman и gjoko-mkd им се допаѓа ова.
  5. ferguson

    ferguson

    Член од:
    30 декември 2009
    Мислења:
    547
    Допаѓања:
    147
    ГРАДСКИ СТАДИОН некако е најјубаво но е ете нека биде и ТОШЕ ПРОЕСКИ. Е сега некој лидаат пролив по нет Тоше не играл фудбал! па ниту филип втори не бил фудбалер да не сереме ретко.
     
    На Bonnie and Clyde, Bateman и xope им се допаѓа ова.
  6. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    18.552
    Допаѓања:
    42.800
    Wrong
     
  7. SK-92

    SK-92

    Член од:
    11 октомври 2010
    Мислења:
    811
    Допаѓања:
    714
    Dosta so ovie glupi sporedbi.
    Toshe e samo eden peach.
    Mozhebi e najdobriot vo istorijata na Makedonija, ama toa ne go pravi heroj za da se imenuvaat nacionalni ovbjekti po negovoto ime. Edna univerzalna sala kje beshe dovolno.
    A ako e kako ti shto zborish, togash nitu salata ne zasluzuvase da bide Boris Trajkovski.



    Sekoj so svoite impresii.
     
  8. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    3.569
    Допаѓања:
    8.569
    Не е проблемот тоа што името на стадионот се променило во Тоше Проески, Тоше сите го сакаме и знаеме колку е голем. Проблемот е тоа што се менува имиња на се што му смета на нашиот јужен сосед, а сегашната власт комплетно брише се што има врска со македонска историја и идентитет. Инаку се знае дека Градски никогаш не може да е Телеком арена, ниту Филип 2, ниту пак Тоше Проески, си бил градски уште од времето кога се одело масовно со точаци на стадион, Градски е и сега, едноставно тоа е традиција, да е нов именувајте го како сакате, но стадионот постои уште пред да се родат тие кои му го променуваат името.
     
    На Flatter, Scirea, Morgan Freeman и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    7.302
    Допаѓања:
    12.681
    tocno taka GRADSKI... kako sto i Ilinden e se uste Belimbegovo i Cento e se uste Singelic bar dodeka sme nie zivi, taka i ovoj e GRADSKI dodeka sme zivi...ete jas bas sega denovive razbrav prv pat deka GRADSKI bil ustvari Filip 23 ili 24...
     
  10. SK-92

    SK-92

    Член од:
    11 октомври 2010
    Мислења:
    811
    Допаѓања:
    714
    A da te prasham, kako se vika naselbata kade odi posledna 45ka?
     
  11. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    3.569
    Допаѓања:
    8.569
    Ченто/Синѓелиќ, поентата ти е дека се сменило и таму името или?
     
    На Наќо Скопски му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SK-92

    SK-92

    Член од:
    11 октомври 2010
    Мислења:
    811
    Допаѓања:
    714
    Gleash, nitu ti neznaesh. Prashav ushe nekolku lugje istovo prashanje, vikaat Chento.

    Poentata mi e deka za mene tebe i site ostanati rodeni pred 21 vek kje bide Gradski. Ama za tie shto sledat nema da bide Gradski, toa ime poleka ide vo zaborav.

    I za mene Filip 2 ne bese soodvetno ime, ama sekako podobro od Tose.

    A za toa deka nitu Filip bil sportist, epa nitu Ataturk ne bil, pa pak ima stadioni po negovoto ime. Ama ne, nie sme najpametni, pa po najpoznatiot peach kje ja krstiMe edinstvenata nacionalna arena.

    Zamisli sega Marakana da ja krstat po neodamna zaginatiot Saban Saulic.
     
  13. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    3.569
    Допаѓања:
    8.569
    Не знам дали се сфативме, и јас сум против именувањето, но не поради тоа што Филип 2 и Тоше не биле спортисти, туку првенствено поради фактот поради кој е настанато менувањето, а секундарно бидејќи сум против менување на нешто што има историја. Еве стадионот во Охрид се вика Биљанини Извори и има традиција тоа име, многу концерти, атлетски настани, натпревари се одржале на тој стадион со тоа име, би немало смисла да го прекрстат во Дарко Панчев, бидејќи тој бил најдобар фудбалер или пак по име на некој војвода, си има традиција како таков и тоа е тоа. Ако сака некој да изгради нов стадион, сала, театар, било што, нека го крсти со поинакво име, апсолутно би немал ништо против тоа. Последниов период некако преку таквото ми е менување имиња на се што ќе му текне на некој, вклучувајќи и стадионот.
     
    Последно уредено: 12 април 2019
    Morgan Freeman, Наќо Скопски, SK-92 и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    1.486
    Допаѓања:
    1.554
    Претходните дпмне удираа на патриотизам и национализам па се именуваа и прекрстуваа со историски имиња: стадионот, универзална сала, спомениците нивни и новиот автопат.
    Овие сдс сега пак обратно бришат и менуваат се што носи име од историјата која не им одговара на грците.
    немаат друга работа само имиња на објекти менуваат.
     
    На FilipMKD007 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    3.097
    Допаѓања:
    1.327
    Не треба да се оди по грчки национал шовинизам. Испаѓа дека пред 1991 овде живееле диви кози и рисови.
     

Сподели преку: