Деновиве парламентот одобри испраќање на дополнителни 70 војници во Авганистан, па вкупната бројката се искачи на повеќе од 220.
Најверојатно за некој месец ќе отпатуваат уште неколку вода војници за да не се предизвикаат поголеми реакции од јавноста.
Што знаеја парламетарците што ние не знаеме?
Знаеја дека со сигурност ги испраќаат во смрт,зошто во Авганистан нато планира големи борбени операции против талибаните кои исто така се регрупираат и засилуваат. За да не дојде во ситуација да го изгуби и Пакистан нато мора да направи море од крв кон крајот на годината и почетокот на идната.
Дали треба да реагираме сега, пред да ни загинат војници или да чекаме судбината да завие семејства во црно па тогаш дури да се освестиме?
Ве повикувам сите кој како може, да направи нешто. Ако имате брат пријател,татко во Авганистан порачајте му да се врати.
„
Ќе има мртви !„ - Јап де коп Шефер за германскиот Шпигел.
извор:
http://www.spiegel.de/politik/ausland/0,1518,630166,00.html