Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.444
- Поени од реакции
- 6.356
Бидејќи некако не им посветуваме доволно внимание на домашните автори, дали од недоволна информираност, неможност да се информираме или едноставно послаб интерес, темава нека служи за известување за новите дела (романи, раскази, поезија сеедно) и промоции што излегуваат и се одржуваат кај нас.
Ќе започнам со вториот роман на Лидија Димковска - „Резервен живот“.
„Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност. Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 година од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја.
„Приказната се одвива од 1984 до 2012 година што значи дека опфаќа еден голем период во кој се случија многу промени на општествен план не само во Македонија, во земјите од бивша Југославија, туку и во светот и сите тие промени секако се одразуваат на животот на главните ликови во мојот роман. Се работи за една актуелна приказна која можеби и повеќе од „Скриена камера“ го отсликува животот како таков. Е, сега прашање е дали имаме и резервен живот, ама на тоа секој читател ќе мора сам да си одговори откако ќе го прочита романот.“
Романот е издание на издавачката куќа Или-Или.

Добро е тоа што е од македонски автор, пишува за својот живот, пишува за неговите неуспеси и како тие го воделе до поголеми успеси. Низ текстот се провлекува и тоа дека тој е следбеник на Кабалата, ама никаде не пишува како станал дел од неа, потоа за неговата случајна средба со Мадона (и колку е таа прекрасна, а не како што ја прават медиумите), синот на Доналд Трамп со кој е во постојан контакт, но сепак не се најдобри другари на светот. Запознаен сум со неговата фирма, точно е дека организираат настани на кои учествуваат вработени од доста силни фирми од цел Свет, вака на хартија станува збор за одлична фирма во која секој млад би сакал да работи, не знам каква е реалната ситуација. И стварно не ми е јасно како ја заборавил својата 