novatto.mk - Изработка на Вебстрани

Член од
5 март 2020
Мислења
3
Поени од реакции
2
Здраво на сите, пред се се извинувам доколку не е дозволено рекламирање или пак пишувам во погрешен форум

Сакам да го промовирам мојот бизнис - Изработување на вебстрани
Доколку на некого му треба вебсајт или пак графички дизајн слободно нека се обрати
За било какви прашања пишете ќе се потрудам да одговорам

Подетелни информации можете да видите овде - https://novatto.mk

fbadmkd1.png
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
2.296
Поени од реакции
2.148
Здраво на сите, пред се се извинувам доколку не е дозволено рекламирање или пак пишувам во погрешен форум

Сакам да го промовирам мојот бизнис - Изработување на вебстрани
Доколку на некого му треба вебсајт или пак графички дизајн слободно нека се обрати
За било какви прашања пишете ќе се потрудам да одговорам

Подетелни информации можете да видите овде - https://novatto.mk

Прегледај го приврзокот 236279
Не знам зошто не би сакале да подржиме обид на било кој да го развие бизнисот и во МК :)
Со среќа :)
 
Член од
7 август 2010
Мислења
125
Поени од реакции
32
Бизнисот ти е само за клиенти од Македонија?
 
Член од
5 март 2020
Мислења
3
Поени од реакции
2
Бизнисот ти е само за клиенти од Македонија?
Не, имаме работено исто така и за неколку странски компании
Кога се промовираме на странски страници користиме линк за англиски да е сајтот https://novatto.mk/en
 

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
394
Поени од реакции
217
Не знам дали е дозволено само-провирање на форумов, тоа ќе го кажат модовите.

Инаку фино изгледа страната (со исклучок на контакт формата, може да ја стеснете да биде широка 1/3 од страната).
Имате неколку не-преведени стрингови на Web design.
предлог: ако веќе бркате и нон-МК клиенти - може би повеќе сакале да имате .com домеин наместо .мк.

со среќа.
 

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
923
Поени од реакции
501
Здраво на сите, пред се се извинувам доколку не е дозволено рекламирање или пак пишувам во погрешен форум

Сакам да го промовирам мојот бизнис - Изработување на вебстрани
Доколку на некого му треба вебсајт или пак графички дизајн слободно нека се обрати
За било какви прашања пишете ќе се потрудам да одговорам

Подетелни информации можете да видите овде - https://novatto.mk

Прегледај го приврзокот 236279
Во Silver понудата два пати ти е наведено дека изработуваш конакт форма.
Контакт страната можеш да ја намалиш да не е на цел екран.
Good Luck
 
Член од
5 март 2020
Мислења
3
Поени од реакции
2
Ви благодарам, го средив тоа што наведовте
Доколку има нешто друго што мислите дека не одговара или изгледа добро слободно пишете прифаќаме критики

Инаку за цените што би рекле дали се пристојни
Воглавно имаме работено повеќе на странски вебсајтови а за македонски повеќе на некои познаници или пак нешто графички дизајн
Нашите стандарди се малку пониски, но мислам дека не се многу скапи услугите што мислите?
 
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2013
Мислења
500
Поени од реакции
199
Во мк само ќе ти се ценкаат и ке ти се смачи, работи си за странски компании ако можеш најубо
инаку солиден испеглан сајтот ми се допаѓа
 
Член од
25 август 2019
Мислења
154
Поени од реакции
289
Во која технологија ги изработувате веб-страните, конкретно Online-продавниците?
 

Bridger

fb.com/fitclaw
Член од
21 март 2014
Мислења
368
Поени од реакции
154
Како прво, докажете дека е ваша изработка логото, или дека сте од Пакистан, т.е не сте го украле thumb-от што е на страната изработена од веб девелопери.

Како второ, докажи дека страната е ваш личен продукт а не модифициран темплејт(Archi).



Да беше за ваша лична употреба океј немам ништо против, ама да продавате услуга модификација на бесплатни темплејти како бизнис модел наречен изработка на вебстрани е некоректно, а по мое убедување треба да биде и казниво.

Не дека јас не сум користел WP или Bootstrap темплејти за лична употреба, ама за тоа никогаш не би ни земал денар од некого, всушност не би го работел „професионално“.

Хаха сега видов и ценовник. Или јас нешто не штимам или до околината е.

Не го сфаќајте ова како навреда упатена кон вас, проблемот е што вакви „бизниси“ ги има многу и не е само во веб-технологии, луѓе препродаваат модификации од софтвер по енормни цени, филмови на ЦД(до скоро), по фестивали се пушта музика за која се нема лиценца и што ли уште не, не е ни 50% етички и иритира и ќе прашам и тука зарем нема одговорен орган-институција која ги следи и санкционира овие работи(барем инспекција на поголеми организации а факт е дека и дел од фриленсерите не користат опен-сорс кога почнуваат), а што ќе има кога по училиштата се користи илегален Windows ...

Мислам јес да е до свеста ама претеруваме(Change my mind).
 
На врв Bottom