Носење малечки деца/бебиња на трибина

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.607
Поени од реакции
79.218
Локација
Б'с
Не сум отворил тема 20 години :D
Една тема за нас постарите навивачи, кои веќе имаат свои семејства.
Дали би ги учеле своите деца да одат на утакмици од мали? Односно дали би ги носеле од мали и би им всадувале љубов кон клубот и навивачката култура?
Не зборувам за носење на неутрална трибина, туку баш на навивачка.
Кај нас има еден член што со мало дете оди насекаде и на "најжешките" гостувања. Пример, го носеше на ракомет во Битола.
Неколку пати со другиве сме муабетеле на оваа тема, со оглед на тоа што тргнувањето од мали нозе во навивачки кругови (барем во Скопје) си носи некои ризици. Особено што на тие возрасти имаш други приоритети, друга слика за реалноста. Одење на навивачка трибина од основно/средно ти носи лоша етикета уште од мал (што тогаш ти одговара, но понатаму не баш), лесно може да подлегнеш на разни пороци, може ни крив ни должен да изедеш кривична или ќотек од полиција, некогаш во тепачки ќе тепаш, некогаш може и со нож да те избоде некој итн. Низ што сме поминале и што сме виделе, како завршиле голем дел од членовите, некогаш си викам подобро да си го учиш само да го сака клубот и да си прати од неутрална. Само што ќе помислам од оваа перспектива, потполно ги сфаќам моите за сите грижи кои ги имале (а не сум ни некој проблематичен тип :D).

Друга пречка поради која другари не ги носат децата на навивачка трибина се петардиве, да не речам бомбиве што се фрлаат цело време. Се бунеа многу луѓе, особено додека игравме во Маџари и Лисиче, па немаш многу избор каде да избегаш подалеку со детето.

Што мислите на темава?
Многу од тие што имаат поголеми деца, не ги носат на трибина. Скоро и да не знам за таков пример, да некој од тие што се активни на 40-50 години, децата да му одат на навивачка трибина.
Знам неколку од побратимиве на кајгана што ги имаат донесено децата на некои утакмици.
Јас го скршив мразот со бебче од 10 месеци. И покрај сите противења од блиските, ќе му оставам самиот да одбере дали ќе ја има истата пасија ко татко му во животот :D
Мое е да го наведам и научам што е правилно. Од старт му кажав дека сега влегуваме на едно место што можеби еден ден ќе му стане втор дом <3
 
@Saber Rider можда малку оф топик како од ненавивачка трибина, гледам дека на секој можен начин било која моментална власт пробува(ла) да го сосечат во корен секое навивачко здружување односно групи и ова е години наназад согласно неможноста за контрола над истите.
И голема храброст е носење мало дете, особено ако имаш предвид дека не се само противничката страна туку уште поголем проблем искомплексирани фаци во униформа, со чест на исклучоци.
Еве најпрост пример лани на фамозниот ракомет Охрид Пелистер кога продадоа многу поголем број карти од капацитетот и преовлада "интелектот" со бркање со потиснување дури и пендреци на ај да речам "неутралци" со купени карти кои имаа грев да нејќат да си одат од пред сала баш тогаш си мислев, а да земаш дете со себе...а тек ако си во навивачка група.
 
Не сум отворил тема 20 години :D
Една тема за нас постарите навивачи, кои веќе имаат свои семејства.
Дали би ги учеле своите деца да одат на утакмици од мали? Односно дали би ги носеле од мали и би им всадувале љубов кон клубот и навивачката култура?
Не зборувам за носење на неутрална трибина, туку баш на навивачка.
Кај нас има еден член што со мало дете оди насекаде и на "најжешките" гостувања. Пример, го носеше на ракомет во Битола.
Неколку пати со другиве сме муабетеле на оваа тема, со оглед на тоа што тргнувањето од мали нозе во навивачки кругови (барем во Скопје) си носи некои ризици. Особено што на тие возрасти имаш други приоритети, друга слика за реалноста. Одење на навивачка трибина од основно/средно ти носи лоша етикета уште од мал (што тогаш ти одговара, но понатаму не баш), лесно може да подлегнеш на разни пороци, може ни крив ни должен да изедеш кривична или ќотек од полиција, некогаш во тепачки ќе тепаш, некогаш може и со нож да те избоде некој итн. Низ што сме поминале и што сме виделе, како завршиле голем дел од членовите, некогаш си викам подобро да си го учиш само да го сака клубот и да си прати од неутрална. Само што ќе помислам од оваа перспектива, потполно ги сфаќам моите за сите грижи кои ги имале (а не сум ни некој проблематичен тип :D).

Друга пречка поради која другари не ги носат децата на навивачка трибина се петардиве, да не речам бомбиве што се фрлаат цело време. Се бунеа многу луѓе, особено додека игравме во Маџари и Лисиче, па немаш многу избор каде да избегаш подалеку со детето.

Што мислите на темава?
Многу од тие што имаат поголеми деца, не ги носат на трибина. Скоро и да не знам за таков пример, да некој од тие што се активни на 40-50 години, децата да му одат на навивачка трибина.
Знам неколку од побратимиве на кајгана што ги имаат донесено децата на некои утакмици.
Јас го скршив мразот со бебче од 10 месеци. И покрај сите противења од блиските, ќе му оставам самиот да одбере дали ќе ја има истата пасија ко татко му во животот :D
Мое е да го наведам и научам што е правилно. Од старт му кажав дека сега влегуваме на едно место што можеби еден ден ќе му стане втор дом <3
Како бе на 10 месеци дури?? Си закаснал:P
Прво гостување на 6 месеци во Охрид 28 октомври 2023.
Стигнавме први, одам кај шо е трибината за Чкембари и полицијата ме застанва и вика: дечко не можи тука, ќе идат Чкембарите од Битола… му велам оти ние шо сме???:D
Цела утакмица ја изгледавме/навивавме, се тргнавме само ко се запали пиротехниката.

На фудбал иди редовно ко ќе е убо времето (ама со придружба за да можи да седи и на неутрална), на турнир, на тренинг на Пелистер и на Македонија во Скопје исто неколку пати:D
Со навивачки песни заспиваме: “Ајде тато пеј сега за Пелистер” :lolzz:

Кај нас има многу членој шо ги носат децата.

Искрено не знам шо е паметно, ваљда ќе
покажи времето. Во однос на пороците, сега е достапно на секој чекор, не мислам дека трибината ќе биди пресудна тука…

За мене трибината на млади години е еден вид на припрема за секакви препреки низ животот. Има и негативни случаеви, ама има и многу позитивни.
Како шо ме носеле мене, така ќе го носам и јас, па ко ќе дојди момент ќе си пресечат сами.

Не сум за Динамо, ама почетокот на песната ми е многу јак и ме потсеќа на едни други времиња.

U jutro nedeljno kad sunce nama svrati
zagrebacke krovove i Savu pozlati
otac sina za ruku uhvati
sine, ovaj dan ces dugo pamtiti

Lagana setnja do trga starom Vlaskom
miris rucka nedeljnog
rever sa modrom znackom
otac sina za ruku uhvati
sine, danas cemo pobjediti

Јас сум почнал да го носам кога имаше 2-3 години (неколку утакмици) ама тогаш беше мал и немаше интерес т.е. на тие години не ни разбира многу што се дешава и кај се наоѓа па направив пауза не го носев се додека не наполни 6-7 години кога почна да разбира што е фудбал и навивачка култура. На таа возраст ме тераше секогаш да го носам а сепак идев со него само на некои полабави натпревари каде нема ризик од инциденти или непријатности.
Сега има 13 и сам си оди со друштво, т.е. сезонава може бил и на дупло повеќе натпревари од мене. Целиов муабет е за носење на навивачка трибина не за на неутрална.
Поентата е дека треба да им се всади љубовта кон клубот уште од мали али и да не се форсираат нема поента коа се мали малце и разбираат.
 
Брат, читам ги некад у тему Тифоманија.
Ради некакфи кодекси се тепаф, соблачаф мајце и крадеф шалови како трофеј.
И плус се тепаф и гаѓаф на трибине сс што стигнеф како малоумни, гаѓаф се и сс бакље еј.Неверовсатно.
И на сфе тој прашуеф дали деца да се носиф на некој си коп.

Коњаник, ништо лично, ти си преокеј лик. Али која е поента да се носи мало дете на трибину ако знаеш дека може да се деси да интервенира ебр или некој од противничку навивачки групу да ти фрљи бакљу или столче.
Кој сфесан родител би однеја дете на такф ризик!?

Сфе сфе,само никад неможу да сфату дека тепачке су дел од кодекс на навивање.
Да ми искрши некој на мене главу или ја на некога само затој што навивамо за различни клубови, е доста неразумно и нецивилизирано.
 
Последно уредено:

Друже, со оглед на то шо читаш на форумот, какви закани и лаги се пишат до негде и го разбирам твоето мислење.

Ај сега вака.

Дали мислиш дека некој оди со мало детенце на дерби во навивачки коп? Или пак ќе се закренам во автобус на гостување со дете? :icon_mrgr:

Кој е ризикот кажи ми да одиш на обична утакмица кај шо има 50-100 навивачи, 5 џандари обични и нема навивачка група од другиот клуб?
Па кај нас освен на дерби неможиш да видиш веќе две навивачки групи на стадион.

Сте виделе два клипој и мислите дека ние глајте си ги кршиме секоја утакмица.
Абе поќе тепачки имало во собрание меѓу политичарите од колку на стадионите :pos:

Во однос на соблеквање маици и крадење шалови, дали мислиш дека се напаѓат родители со деца/бебиња?
Па то обично се случва кога некој провоцира во друг град и то го прај намерно и пак вервај дека нема ни тепање ни ништо, мангуплукот паѓа во вода и како попчиња си ги дават реквизитите во истата секунда.

За делот со баклите се сложвам, меѓутоа то се изолирани инциденти и се случиле до сега само неколку пати на дерби, кај шо пак ќе повторам дека никој нормален не би одел со бебе/дете во копот.

Не го измисливме ние навивањето и ривалството и сме гола вода спрема другите држави и нивото на хулиганизам таму. Претпоставувам не си навивач и дел од работите не можиш да ги сфатиш, површно ти е мислењето и базирано на неколку клипчиња шо излегоја во последно.
Има многу поќе примери на заедничка соработка, помош ко ќе има потреба од колку трпачки меѓу нас. Та е реалноста. Остај ги децата влезени во филмок шо коментират.
Форумот не е мерило за ова вервај.

За мене нема нешто поубо од поддршка на локалниот клуб и љубовта ќе биди пренесена од генерација на генерација на утакмици кај шо има 0 ризик. Буквално многу поголем ризик имаш да поминваш преку улица од колку да одиш со детето на некоја утакмица која не е дерби. :D
 
Брат, читам ги некад у тему Тифоманија.
Ради некакфи кодекси се тепаф, соблачаф мајце и крадеф шалови како трофеј.
И плус се тепаф и гаѓаф на трибине сс што стигнеф како малоумни, гаѓаф се и сс бакље еј.Неверовсатно.
И на сфе тој прашуеф дали деца да се носиф на некој си коп.

Коњаник, ништо лично, ти си преокеј лик. Али која е поента да се носи мало дете на трибину ако знаеш дека може да се деси да интервенира ебр или некој од противничку навивачки групу да ти фрљи бакљу или столче.
Кој сфесан родител би однеја дете на такф ризик!?

Сфе сфе,само никад неможу да сфату дека тепачке су дел од кодекс на навивање.
Да ми искрши некој на мене главу или ја на некога само затој што навивамо за различни клубови, е доста неразумно и нецивилизирано.
Знам кафани/ресторани каде оваа година имало повеќе тепачки одколку на сите натпревари во ПМФ Лига заедно! Дали никогаш не би седнал со жена ти и детето во кафана на ручек?
Само во градски парк Скопје на годишно ниво има десетици(ако не и повеќе) случаеви на нападнати и ограбени и тепани малолетници и општо секакви луѓе одколку што имало вкупно тепачки помеѓу навивачи! Дали никогаш не би се прошетал со жена ти и детето во градски парк или не би го пуштил со другари да излага?
Од палење бакљи и петарди немам слушнато дека некој се здобил со некоја посериозна повреда! Од палење бакљи у диско сите знаеме за жал што се деси. Тоа значи никогаш не би излегол у диско и не би му дозволил на твоето дете да излага?
По твоја логика треба да се седи дома да си гледаш ТВ и ништо да не правиш. Реално не е толку опасно т.е. ни приближно не е опасно како што се прикажува во јавноста а особено на форумов, ништо поопасно од секоја друга активност надвор од дома.
На стадион идам 25 години, или повеќе од 500 натпреави, и никогаш нити сум се тепал ниту сум дошол дома повреден од бакља или било што.
 
Не знам искрено, тоа дали поддржувам вакво нешто, зависи од земја до земја. Пример во Шпанија бев и апсолутно 0% ривалство видов на улиците пред дербито, се шетаат со Барса дресови на сред плоштад во Мадрид изолирани луѓе, сите се смеат се гушкаат, баш имаше со Барса дресови со маскотата на Мадрид се сликаа, секаде позитивни вибрации, никој никого не навредуваше, ниту сакаше на некој маичка/дрес да му падне, а камоли некој инцидент флаши мавање итн. На Балканот, а и во некои други словенски/латино амерички земји доста е различен мајндсетот за вакви работи, без проблем би претепале некој па макар и ако е со дете ако носи дрес од друг клуб, нема ниту кодекс, ниту ништо. Многу сме далеку од тоа да разликуваме ултрас и обичен фан, ултрас културата и едукацијата за истата ни е многу на ниско ниво, а млади дечки желни за адреналин и правење проблеми кои пратат погрешен филм од соседството ги има доста. После се видено кај нас, можам да кажам дека оправдан бил стравот на мајка ми во моите тинејџерски години кога сум велел дека одам на утакмица или одам на гостување, сега и јас кога би имал дете би ми било шубе и би го мислел ако би сакало на стадион да оди само. Е сега, конкретно на одење со бебе/ мало дете на натпревар во сала или стадион, би било веројатно прифатливо некаде поцентрално што подалеку од навивачките групи, не толку поради безбедносни работи, од типот фрлање предмети (ова сценарио само во сала е реално, стадион ако некој успее да погоди некого на спротивна трибина, нека го пратат на Олимписки игри), туку повеќе од аспект да е што подалеку од димни, бакљи, не е исто тоа да го вдише возрасен човек и мало бебе. И секако доста внимателно при гужви за влез, излез, но таа превентивност мислам секаде треба да ја има родител со бебе, не само на натпревари.
 
Стварта е дали сакаш детето да ти биде дел од рајата или индивидуа...во таа насока се и тренинзите, hive mind vs индивидуа. Е сега, ако некој не е индивидуа не ни може да бира дали ќе го носи или не на утакмици, он пошто е дел од тој hive mind ќе биде истрениран да работи за него.
 
Сите сме дел од некоја група, комјунити, заедница, племе или раја или како сакаш наречи го, секој си наоѓа интерес некој со истомислиници, никој не е индивидуа да живее сам со себе у пустина или на изолиран остров...
 
Не наоѓа никој интерес со истомисленици туку членовите(условно речено) се претопуваат у рајата. Кога се раѓаш немаш мислење, ама одма после тоа добиваш све што го има колективот, име и презиме, религија, култура и т.н.
 
Во врска со тепачки, особено овие со повреди, со поголем број учесници и користење и друго освен раце, (за среќа) не е исто кај нас или Полска/Русија еве ко поекстремен пример.
Додуша и на малоумниов Балкан во околина имаме слични работи понекогаш...
 
Го носам син ми на утакмици од неполни три години. Од добро познатите и веќе наведени причини, тоа почесто било на Јужна или на друга трибина, зависно на кој стадион се игра. Ако е стадионче со една трибина, тогаш покрај копот. Уште од мал беше привлечен од атмосферата, ги знаеше песните и се радуваше кога ги пее, ама отсекогаш сум бирал на која утакмица ќе го носам на навивачка трибина. Никако не е паметно тоа да е тензичен меч, меч со ризик од инциденти, меч на кој се знае дека ќе има многу пиротехника, а понекогаш знае да има секакви глупости во копот и на безвезни утакмици, па не би сакал детето да биде сведок на грди сцени. Го учам уште од бебе да го сака Вардар, една од првите фотки, кога има само пет дена и е штотуку донесен од болница, му е со еден фин бар-шал :D Сме биле и на доста гостувања, секако, не со навивачки автобус туку со сопствен превоз, таму каде што е безбедно и условите го дозволуваат тоа.

Од друга страна, јас немам којзнае какво вардарско „педигре“. Татко ми е обичен симпатизер на Вардар, човек што го следел редовно во време на Југославија, а подоцна се разочарува од сеопштиот распад на тоа што значи македонски фудбал и не му паѓа на памет да се појави на стадион. Никогаш не ме индоктринирал отворено со вардарство, ама во моето семејство некако се подразбираше дека нормален човек од Скопје, ако не навива активно, мора барем да е симпатизер на Вардар. Сè друго е тешка девијација, да не речам дијагноза :D На првата утакмица на Градски отидов сам, со другар од одделение, без никаква придружба од возрасен. Мислам дека годината е 2000-та, тоа е утакмицата кога Шверцери го оштетуват знамето НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ на Јужна, а Лојал фанс влетуваат во терен. Ко за беља, бев баш на Север, без да имам поим дека постојат фракции, поделби и фрки меѓу навивачите на Вардар. Подоцна испадна и да си останам на таа трибина :) Од денешна перспектива, стварно не ми е јасно како моите ме пуштија да отидам на утакмицата, ми делува нестварно, нереално.

Никогаш не сум бил во хулигански филм, не ме интересирале Чак Норис муабети од типот како нашата група секогаш тепа, а никогаш не јаде ќотек, смешно ми е мерењето муда меѓу групите во таа смисла. Идиотска ми е помислата да осакатиш некого зашто навива за друг тим. Уште од дете па до сега, на прво место ми е клубот, да го следам секаде каде што можам и да оставам глас 90 минути. И покрај тоа, сум се нашол во разни опасни ситуации, со полиција, па и противнички навивачи, со јадење пендреци, ризици од стампедо, предмети што можат да ти ја отворат главата... Никако не би сакал детето да ми биде доведено во таква опасност. Го учам да го сака клубот, да пее и да навива гласно, да го бодри клубот и тоа е тоа.

Со татко ми последен пат бевме на утакмица на 28 април 2002 година, на ревијалниот меч против селекцијата на Ју-ѕвезди. Потоа татко ми никогаш не отиде да го гледа Вардар во живо, сè до 16 април 2024, на мечот Работнички-Вардар, кога имаше повик сите вардарци да бидат на Запад, не само Комити. Таа заразна енергија на дечките што гинеа за да се спаси клубот некако допре и до него, самиот посака да дојде на утакмицата, не го терав или поканив јас. На трибина сретна дедовци, негови другари од основно кои уште не кренале раце од Вардар, и тоа беше трогателно, ме пукнаа емоции на најјако и ме обзеде невиден оптимизам :) Кога се навраќам на ова, уште толку ми станува јасно каква приказна и чиста енергија беше уништена, па ми доаѓа уште толку тешко. (Миленко, свињо, кур да пушиш!)

Се расприкажав повеќе отколку што треба. Накратко: да, би го носел детето на трибина, ќе продолжам да го носам, но на одбрани утакмици, подалеку од опасности и проблеми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom