Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

. Ревелин и АС не ги посетувам. И секако, по 10-15 круга од Македонија до Панини, или последниве години проширен од Аванти бижутерија до Ара. Тоа е богатиот и интересен ноќен велешки живот.Ноќен живот во Велес? Па нема што, ептен е јак, луд, забавен. Си испаѓаме редовно, по кафичиве што се на Благој Ѓорев спроти Гимназија, почнувајќи од Prego, веднаш до него Escape, после Intro, собиралиште на Јане и компанија инструктори од новата авто-школа “Старт“. Веднаш до него, Aquarius, обавезно издишани Кока-Коли, Фанти, Швепсови (флаширани од можеби дволитарски Кака-Кола, Финта и Шпрес). The End е ОК. City е повеќе за оние “венчаните“ парови или за вечните моми и ергени. Murano кога ќе отидеш, прво ќе си направиш добар муабет со Баже или Пере Бац, а за тоа време Чаровци ќе те меркаат од глава до пети. Барем услугата е супер. Stones и Danino, не знам зошто, ама ги заобиколувам во поширок радиус. За јадење и пиење, се знае Снупи -Официрски или па за помалите пицеријата на Снупи. Ноќни клубови, дури три, Ноктурно, АС и Ревелин. Ноктурно ако отидеш на рап или на жива свирка на браќата Р’н’Б (кратенка од Роберт и Брат му) ќе бидеш испогазен, стуткан, испотен, толпата ќе те носи и дома си идеш мртов уморен и отепан, ама среќен. Ревелин и АС не ги посетувам. И секако, по 10-15 круга од Македонија до Панини, или последниве години проширен од Аванти бижутерија до Ара. Тоа е богатиот и интересен ноќен велешки живот.
Дајте пишете кај се движи народот у Велес 17-20 години и што работи после 12 петок сабота

Дајте пишете кај се движи народот у Велес 17-20 години и што работи после 12 петок сабота