Nokia Lumia 1020 во Македонија

Airbus

Fighter Pilot
Член од
12 јануари 2008
Мислења
299
Поени од реакции
230
Помеѓу тие два и се мислам Ноте 3 и Лумиава 1020... Ги користам скоро сите социјални апликации кои постојат, плус навигација.

Бидејќи си ги имал и двата можеш да ми кажеш предности и недостатоци на двата. :D
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Помеѓу тие два и се мислам Ноте 3 и Лумиава 1020... Ги користам скоро сите социјални апликации кои постојат, плус навигација.

Бидејќи си ги имал и двата можеш да ми кажеш предности и недостатоци на двата. :D
Note 3 речиси нема маани. Батеријата има огромен капацитет и ептен е издржлива, за функциите и дисплејот да не збориме. Како „маана“ (иако за некој е предност) може да ти биде единствено големината. Не го собира во секој џеб и ќе имаш мака со наведнување при врзување на врвки... :) Исто така, квалитетот на фотографиите е добар во споредба со некои други смартфони, но тапа во споредба со Lumia 1020.

Lumia 1020 е супер телефон за сите што сакаат бонбона-камера. Едноставно, со овој телефон не ти треба ни фотоапарат, ниту пак камерче. Неприкосновен е на врвот на камера-смартфоните. Видеото е лудило. Оптичката стабилизација ептен брка работа, па имаш чувство дека видеата се снимани со филмска камера, а не со телефон. Батеријата е стандард (пишав погоре - трае во зависност од употребата). Изработката на Нокиа телефоните не е ни предмет на дискусија, издржливоста и квалитетот се неоспорни. Ако ти паднат и двата телефони од висина на раце, Note 3-ката ќе ти се распарчи, додека Нокиата ќе има само мала „зуцка“. Едиствена маана е „грбката“ на задниот дел каде што е сместена камерата, која не дозволува телефонот да „легне“ убаво на грб. Па рачунај дека малку ќе ти пречи кога ќе го ставиш на маса. Ама па, верувај дека со неа изгледа страшно и ќе примамува прашања од околината (еиии брат, што телефон е ова??) :)

Одлучи си сам, јас ги имав двата и од двата сум презадоволен. Note-от го сменив највеќе ради камерата, а втор фактор ми беше големината. Да, супер е за сурфање и работење. Ама со тек на време ќе ти скурчи да м'кнеш толкав ѕвер во џеб :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Со среќа да го служиш....да имаше IPS дисплеј ќе ми беше можеби под радар за купување во иднина :)
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Со среќа да го служиш....да имаше IPS дисплеј ќе ми беше можеби под радар за купување во иднина :)
Фала ти , а зошто да имаше IPS? :) Што му фали и вака со Амолед, баш е екстра
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Со среќа да го служиш....да имаше IPS дисплеј ќе ми беше можеби под радар за купување во иднина :)
И мене не ми е јасно зашто IPS за мобилен телефон? Amoled е прекрасен екран.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Фала ти , а зошто да имаше IPS? :) Што му фали и вака со Амолед, баш е екстра
Проблемот е што Амоледите кај Нокиа се далеку од оние на Самсунг, а дури и тиe не се на ниво на IPS, освем кај S5 805 верзијата. Ама ајде да не идеме во таа насока, ако тебе ти се допаѓа немаш проблем, тоа е најбитно све друго е гола вода :D
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Проблемот е што Амоледите кај Нокиа се далеку од оние на Самсунг, а дури и тиe не се на ниво на IPS, освем кај S5 805 верзијата. Ама ајде да не идеме во таа насока, ако тебе ти се допаѓа немаш проблем, тоа е најбитно све друго е гола вода :D
И што и фали на амоледите на нокиа? Мене генерално ми изгледаат подобро од тие на самсунг.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Не ми се отвара таа дебата во тема за 1020...можеш да најдеш на интернет подетално инфо.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Не ми се отвара таа дебата во тема за 1020...можеш да најдеш на интернет подетално инфо.
Не ти се отвара дебата за нокиа лумиа 1020 амолед екранот на темата за нокиа лумиа 1020? :icon_lol:
Изглеа пошо си фан на андроид и збориш од инат и без факти?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Амолед дисплеите, имаат премногу сатурација, боите се нереални, и пренаглесени. Амолед дисплеите се органски, и после одредено време пикселите им горат (се оштетуваат)
истот така острината, гамата, како и читливоста на текстот не се на ниво, најмногу заради пентајл матрицата - распоредот на органските диоди. IPS дисплеите прикажуваат далеку по реална репродукција на бои/слика, од амоледите. Само Galaxy S5 LTE-A е на ниво на IPS екран, но и тој пати од burn in ефектот. Aмолед дисплеите, имаат и изразено помала видливост на сонце.

Амолед дисплеј, после 1 година ќе изгледа различно, нема да биде ист како нов, ќе изгледа полошо. додека IPS и после 4/5 години ќе изгледа еднакво добро.

Сега, пошто си циник, продолжи да се тешиш :)
 
Член од
3 септември 2014
Мислења
28
Поени од реакции
13

Хммм
http://youtu.be/S8JkVtoB-W4
Ај уште еднаш размисли за дисплеите на Нокиа :)

Sent from my iPad Air
 
Член од
3 септември 2014
Мислења
28
Поени од реакции
13
1520 има IPS дисплеј.
Ако добро си го изгледал клипот тогаш не си ја сватил поентата ...
Сите дисплеи имаат предности и негативности....
Таа пренагласеност на боите на Амоледот е многу успешно прифатена од корисниците....
Но нокиа нема само амолед дисплеј туку користи и нивна матрица... И затоа како што гледаш на клипот е подобра и од трилуминосот на сони, играчката на ајфон затоа што користи најстарата генерација на ипс, и амоледот на ноте 3...
Во секој случај сите имаат предности и недостатоци....
Сега за сега олед панелите и игзо на шарп се најдобри...
Знам дека 1520 има ипс панел... Јас го користам телефонот...
Но само ти одговорив за дисплеите на нокиа...пошто го смени постот да допишам :)...
Нокиа секогаш користи и нивна матрица clearblack ... Која изгледа мноогу добро и ги поправа недостатоците на некои од панелите...

Sent from my iPad Air
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Сони има џанк дисплеи, iPhone 5s има многу добар дисплеј, се додека не се тестираат повеќе телефони на иста интерна светлина (nits) тестот не е меродавен. Како и да е, видеото нема никаква поента, затоа што само го докажува тоа што го зборам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom