За Nokia имам највисоко мислење. Дизајнот, истрајноста, изработката и квалитетот на мобилните уреди се неверојатни.
Би ја додал и камерата. Тоа е докажано низ сите овие години наназад.
Nokia 3310, Nokia N95, N98, E75 беа едни од моите омилени телефони порано. Би рекол дека беа „машини“ за тоа време.
3310....зарем може да се каже нешто негативно за тој телефон?
Ми падна од 2 спрат од тараса и кога се симнав си работеше без проблем....ЦИГЛА!
N95- ката ги газеше сите телефони во тоа време (особено со камерата).
Lumia 1020, 930, Lumia 950XL се телефони кои се од поновото време, но се исто така фантастични.
Lumia 1020 ја поседува една од најдобрите камери кои сум ги видел на смартфон. Му доаѓа како еден вид на "professional pocket camera".
Единствената грешка (како компанија) им е тоа што требаше многу порано да почнат со Android. Штета што се определија за договор со Microsoft и изгубија еден куп корисници.
Иако на мене воопшто не ми пречи Windows OS, 95% од луѓето кукаат како не чинел и бил ограничен
(што е и до некаде оправдано).
На мене во глобала се ми е топ. Во ништо не ми смета, но понекогаш навистина сум знаел да се осетам „ограничен“ од аспект на недостаток на апликации.
Што се однесува на иднината на Nokia, се надевам дека ќе понудат некој добар flagship телефон во блиска иднина со кој ќе станат директен конкурент на Samsung и Apple.
Иако слушнав дека HMD Global биле сеуште ограничени со буџетот....баш ме интересира што ќе се случи и дали ќе објават некој добар flagship телефон од Nokia во наредниве 3 месеци.
На мене лично, многу би ми се допаднало ова....иако сега за сега се е шпекулација и една добра идеја за тоа како би требало да изгледа новиот flagship телефон од Nokia...
Кога би било вистина....одма би го земал па макар и 1000 евра бил....