Nile Rodgers

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Nile Rodgers е човек кој е повеќе познат како дело отколку лик.

Најактивен бил и е како продуцент на музика и потпишан е на еден куп песни кои многу ги сакате или може и да не ви се по кеиф, ама сигурно ги знаете.
Затоа сигурно на повеќето ќе им звучи непознато. На постарите им е познат како дел од групата Chic, основач заедно со покојниот Bernard Edwards. Chic била супер-влијателна група во диско периодот, времето на њујоршкиот Studio 54. Јас ги памтам од 80-ти години во Скопје. Многу популарен беше фанкот и диското, за разлика од денешниве сељачизми. Chic постојат и ден денеска и настапуваат на турнеи и тоа во широк состав со многу музичари.
Пред неколку години со Daft Punk и Pharrell Williams ја направи Get lucky, само најмал дел од славата на песната му припадна на него, што е и карактеристично.
Има интересен стил на влечење на акордите на гитарата, chucking, со што свири многу повеќе тонови, отколку некој друг што би ја упростил мелодијата и би ја сведол на многу помалку.

Chic го почнуваат со Bernard Edwards кој е веројатно еден од најголемите генијалци на бас-гитарата со уникатен звук и уште поневеројатна техника.
Песната „Good times" ја семплуваат Sugarhill gang и со тоа почнува да се развива сосема нов стил на музика - хип хопот, некаде на крај на 70-ти години во New York.
Пред некој ден почина Joni Sledge од Sister Sledge, па ме потсети на Nile и затоа ја потегнав темава.
Негови се многу песни на Diana Ross.
Легендарниот Dawid Bowie доаѓа по Nile во New York за да го снимат „Let's dance“
Duran Duran со него во врв на славата го снимаат Notorious.

Тука е и Мадона, Брајан Фери, Инексес и уште еден куп ликови. Ги ставив само тие кои ми дојдоа на прва. На луѓе родени од 80-ти и претходно добар дел од музикава треба да и е добро познат.
Според мене Nile е еден од највлијателните ликови во популарната музика во периодот од појавувањето некаде на средината на 70-тите па до денеска. Ретко кој може да се пофали со таков продукциски опус, со тоа што делува прилично incognito (ако може така да се нарече). Некаде 90-тите години, крајот многу беше популарен disco-house-от и неговите песни беа многу семплувани. BBC сними одличен документарец за него, во кој зборува за многу случки од времето на Студио 54, па како стекнале светска слава, за анти-диско расистичкото и анти-геј движење во Америка и тоа како го барале најпопуларните музичари во својот prime на кариерата, со тоа што youtube мораше да му направи mute заради премногу copyrighted материјал во него. Ги гледаш Johnny Marr од The Smiths или John Deacon од Queen (кој ја составил популарната бас-линија на Another one bites the dust по инспирација на басот од Good times), и двајцата како со восхитување зборат за Nile и Bernard и сфаќаш за какви величини се работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom