Никотински ќесина - мислење и резултат од новиот предлог закон за пушење

  • Креатор на темата Креатор на темата eddie007
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 мај 2018
Мислења
31
Поени од реакции
11
Дечки, барав бајаги на форумов за никотински ќесина и за новиов закон, не можам ништо да најдам, па отворив нова тема.

10 години качев тутун по пакета-пакета и пол денот.
После 2-3 години се лигавев наизменично и со електронски цигаи и со тутун.
Па некој си 5-6 години терав со електронски цигари. Еден куп модови имам дома, па маки мачев со грејачи за Ендура, од интернет порачував секогаш минимум 4 пакувања 20 комада, па дури чекаш да дојдат, па... бла, бла, бла.
Од пролетоска случајно начекав никотински ќесина. Ми требаа за на пат, долги релации летови имав. Бапни едно в авион и турни некако. Ама се навикнував.
Во Сингапур било забрането вејпањето, јас не знаев, ко ми кажаа, се пикав во тоа дрвјата и грмушките на терасата за пушење на аеродром, да не ме видат... а од дрвата думани излегват :lolzz:Како било.
И од тогаш баталив се, останав на никотински кесички. Кога Velo од бензински, кога ORB од Umbrela (како ми се погодија coffee, па, па, па)... Супер бате! Ни чад, ни кашлање, ни да замастувам со вејпот во затворени простории, убајни.
Пред 1 месец, прам нарачка на Umbrella за 8-10 комада кафе, ми јавуваат, НЕМА ми викаат. Нешто се дешава. Многу не притискаат, ќе носат нови закони, не знаеме што ќе биди. Хајјј, си викам... ЈБГ. На бензинскиве има колку сакаш.
И сеа ОП, нов закон, ебаму законот!
Никој не спомнува за кесичкиве никаде, а од друга страна читам :

Се забранува производство, увоз, дистрибуција, продажба и ставање во промет на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови“, се наведува во предлог законот."

WTF?! Шо сеа... нема да се увезуваат ни цигари, тоа што е ќе се дотроши и толку?
Нели во производи кои содржат ароми и вкусови спаѓаат и никотински кеси, а не се именувани?

Дали некој има сознанија дали ова се однесува и на никотински кесички. Ако ДА... забранет увоз значи дека нема да можиме и online да ги купуваме од други земји (иако значително поскапи од 250 денари за парче колку што се овјде, ЈБГ)?! :facepalm:

Има некој искуство со никотински кесички?
Има некој идеја шо утре ќе донеси законов, да им се плукнам во законов?!

P.S. Дали има некоја друга онлајн продавница кај нас за овие чуда освен Umbrella?
 
Не знам за никотински кеси, не знам ни што се тоа никотински кеси, ама ако го донесат законов, алал да им е! Облеката што сум ја носел на новогодишната забава случајно сум ја закачил на закачалка наместо да ја фрлам за перење. И завчера ми требаше, пробав да ја облечам - ќе се угушев од смрдеа, 2 недели после забавата. Т'ибам ја и цигари и ајкоси, и се! Тоа па електронските, не знам која е, ама една смрди ко да прднал некој. Поарно чад во фаца да ми дува, отколку тоа срање да го мирисам. Па уште по трговски ко ќе ги распалат... Некни една дечурлана во автобус на ЈСП пушеше IQOS. Тоа на километар од мене да го запалат ќе го осетам.

Кому му се пуши, нека пуши надвор, што и да е за пушење: цигари, електронски, пури, какви и да се. Добар закон, се молам да го донесат! (y)
 
Им дадов шанса сеа скоро, не се пронајдов. Не знам кој треба да е ефектот што треба да го имаат али освен тахикардија и лигавење како булдог некој, ништо друго не осетив
 
Сега искрено не можам ни јас да поднесам мирис од цигаришта. И не би ни сакал повеќе да ги пробам. Од едно срање, на друго, на трето сега. Законот си е супер и треба да се донеси. Мене лично ме интересира делот од законот за увоз на никотински производи :pos:

Им дадов шанса сеа скоро, не се пронајдов. Не знам кој треба да е ефектот што треба да го имаат али освен тахикардија и лигавење како булдог некој, ништо друго не осетив
Исто ти како шо викаш... тахикардија и лигавење. Посебно во авио 3x12 саати лет. Ама ќе пукнев за пусти никотин. Ги макнав. Си ги вратив дома. Ми се расфрлаа... Случајно еден ден без да напинам, сосема спонтано, едно, уште едно, уште едно и оп, го турнав денот без вејпање, без да сум свесен дека не чадев ич. Сабајлето, една шоља кафе, тргање 3 пати од вејпот, по старо ко шо си знаев, ме исече во градиве. И си реков, торко една, ако турна еден ден без вејпање со овие говна, зошто уште вејпаш? Еве скоро 10 месеци САМО со нив сум. Се малце специфични, дур се навикни чоек. ЈБГ, секој различно.
Та тука мене ме боли забот. Ме плаши новиов закон за увоз, пошто и од Umbrella ми спомнаја погоре ко шо пишав, не увезваат моментално, ќе се носел нов закон, не знаат што да прават. А ми бркаат работа. Не сакам ни да пушам, ни да вејпам никогаш повеќе. Со тро а'кл и воља и овие гомна да ги фрлам. Ама до тогаш...:cautious:
 
Стварно се смешни.
Детето го носиме во кафиќ со игротека деновиве оти залади за во парк и сношти врв, две млади мајки љубезни дојдоа со дечињата си запалија ајкос најопуштено и сеа малку глупо им излезе и они осетија(си има дел посебен за пушачи) а никој ништо не им збори, секој си го гледа детето и едната на другата вели - знаеш ли дека ќе се донесе закон и нема да може повеќе да се пуши ни ајкос и оваа другата насмеана вели - па да, така треба .
Ме насмеаа да си ибат веко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom