Nikon D5200 избор на објектив

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Сакам да си купам ново апаратче ама досега не сум работел со објективи и затоа ми треба ваша помош.

Се одлучив за Nikon D5200 ама не можам да се одлучам за објектив, како понуда овој фото апарат го има со следниве објективи: 18-55 VR за 770 евра, 18-105 VR за 870 евра и со 2 објектива: AF-S DX NIKKOR 18-55mm f/3.5-5.6G VR како и AF-S DX VR Zoom-Nikkor 55-200mm f/4-5.6G IF-ED за 920 евра.

Некој нешто да каже, совет да даде?

Доколку некој се разбира може да предложи и друг објектив а јас да го земам само куќиштето.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

A што би сликал претежно? барем за почеток. (доколку немаш пари да си земиш за секоја прилика по еден објектив)
 
Се случува често да патувам и сакам да направам убави фотки од пејсажи или некои убави објекти.
Кажи го твојот предлог и кажи што мислиш за горните понуди?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Се случува често да патувам и сакам да направам убави фотки од пејсажи или некои убави објекти.
Кажи го твојот предлог и кажи што мислиш за горните понуди?
мислам 18-55 е добар избор оптички е одличен а покрива солиден распон од 18 до 55 и за природа и за луѓе, другите се малце поспецифични нарочно на кроп сензор ко шо го има 5200, почни со него па потаму ќе видиш шо уште
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
мислам 18-55 е добар избор оптички е одличен а покрива солиден распон од 18 до 55 и за природа и за луѓе, другите се малце поспецифични нарочно на кроп сензор ко шо го има 5200, почни со него па потаму ќе видиш шо уште
Тогаш ќе го земам тој објектив, благодарам за помошта.
 
Член од
7 март 2013
Мислења
15
Поени од реакции
13
Сакам да си купам ново апаратче ама досега не сум работел со објективи и затоа ми треба ваша помош.

Се одлучив за Nikon D5200 ама не можам да се одлучам за објектив, како понуда овој фото апарат го има со следниве објективи: 18-55 VR за 770 евра, 18-105 VR за 870 евра и со 2 објектива: AF-S DX NIKKOR 18-55mm f/3.5-5.6G VR како и AF-S DX VR Zoom-Nikkor 55-200mm f/4-5.6G IF-ED за 920 евра.

Некој нешто да каже, совет да даде?

Доколку некој се разбира може да предложи и друг објектив а јас да го земам само куќиштето.
Доколку си почетник би ти кажал 18 -105 мм zoom
Ке ти се најде во повеке прилики со оглед дека и двата објективи немаат фиксна бленда ( 3,5 - 5,6 )
Што значи ако имаш мал зѕм отворот на блендата ке биде 3,5 (повеке светлина за сензорот )
додека на зѕм од 55 или 105 ке имас пак 5,6 на двата објективи.
Би те советувал за 18 - 105 мм па здравје за некој месец 50 мм 1,8
Поздрав !
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Доколку си почетник би ти кажал 18 -105 мм zoom
Ке ти се најде во повеке прилики со оглед дека и двата објективи немаат фиксна бленда ( 3,5 - 5,6 )
Што значи ако имаш мал зѕм отворот на блендата ке биде 3,5 (повеке светлина за сензорот )
додека на зѕм од 55 или 105 ке имас пак 5,6 на двата објективи.
Би те советувал за 18 - 105 мм па здравје за некој месец 50 мм 1,8
Поздрав !
18-105 е оптички многу полош од 18-55
Ќе има зум но ќе нема квалитет. А толкав зум.... не знам дали му треба. Еден ден ко ќе порасени се очоечи како фотограф, ќе си сака може и некј макро објектив и некој фиксен објектив и некој поголем зум.
 
Член од
7 март 2013
Мислења
15
Поени од реакции
13
18-105 е оптички многу полош од 18-55
Ќе има зум но ќе нема квалитет. А толкав зум.... не знам дали му треба. Еден ден ко ќе порасени се очоечи како фотограф, ќе си сака може и некј макро објектив и некој фиксен објектив и некој поголем зум.
Се е тоа тоцно што викаш, но по твое мислење испаѓа работата уште сега да си земе 18 - 55 мм 2,8
Има солидно тело така да разликата во квалитет помеѓѕ двата објектива е минимална .
Сепак правиме муабет за почетник на кого му треба повеке наменски објектив ( разликата а бил 18 55 3,5- 5,6 или 15 - 105 3,5 - 105 и не е нешто значително голема.
а 50 мм 1,8 и ти знаеш дека го викаат PLASTIC KING ( 100 e кошта а го викаат KING ) да не има лош квалитет ( единствена мана му е спориот фокус )
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.029
Поени од реакции
4.515
Сакам да си купам ново апаратче ама досега не сум работел со објективи и затоа ми треба ваша помош.

Се одлучив за Nikon D5200 ама не можам да се одлучам за објектив, како понуда овој фото апарат го има со следниве објективи: 18-55 VR за 770 евра, 18-105 VR за 870 евра и со 2 објектива: AF-S DX NIKKOR 18-55mm f/3.5-5.6G VR како и AF-S DX VR Zoom-Nikkor 55-200mm f/4-5.6G IF-ED за 920 евра.

Некој нешто да каже, совет да даде?

Доколку некој се разбира може да предложи и друг објектив а јас да го земам само куќиштето.
Греота е да фрлиш пари во бунар за 18-55 објектив на тој сензор затоа што е крш и нема да извадиш максимум бидејки сензорот е далеку подобар од што објективот може да му парира за да го извадиш максимумот.Најпаметно е за почеток да си купиш посебно тело и 35 мм фиксен кој е bestbuy за квалитетот што го нуди затоа што бленда од 1.8 за тие пари нема да најдеш никаде.Ако сакаш и макро тогаш попаметно ти е да го купиш поскапиот Никон 40мм со 2.8 бленда кој е малку пооштар од 35 милиметарскиот.Со овие објективи далечината отприлика ќе ти биде како да сликаш со обичен дигиталец без уклучен зум.Понатаму ќе земеш и зум во зависност од тоа колку ти се апетитите.Јас моментално имам Nikon D5100 и фиксен 35мм кои заедно ги платив 600 евра од надвор и во план сум да земам уште Никон 55-300 мм наместо Никон 55-200.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Се е тоа тоцно што викаш, но по твое мислење испаѓа работата уште сега да си земе 18 - 55 мм 2,8
Има солидно тело така да разликата во квалитет помеѓѕ двата објектива е минимална .
Сепак правиме муабет за почетник на кого му треба повеке наменски објектив ( разликата а бил 18 55 3,5- 5,6 или 15 - 105 3,5 - 105 и не е нешто значително голема.
а 50 мм 1,8 и ти знаеш дека го викаат PLASTIC KING ( 100 e кошта а го викаат KING ) да не има лош квалитет ( единствена мана му е спориот фокус )
Јас сликам години уназат имам самостојна изложба и десетици учества на други колективни изложби имам сликано за каталози, плакати. Имам сликано со 18-55, 50, 70-300, 17-85, (дури и со 18-105) со 80, 24-70.... ако соберам се на с до сега само дигитално имам испукано скоро 100.000 слики (не сликам свадби крштевки матури) башка аналогно шо сликав предходно. Телото е битно но оптиката е побитна (ќе продадеш тело да земеш друго но добар објектив ќе си сочуваш) - поголем зум би му требал ако сака да слика издвоен објект на поголема далечина, е сега истото ќе го направи и со 18-55 и да го кропни, квалитет при кропнување нема да е полош од лошиот 18-105 објектив. 18-105 има ужас дисторзија на 18 мм, ни лице ни зграда нема да слика, има голем вигнетинг и слаба резолуција, сето тоа се надминува со 18-55 а вели дека често патува така да претпоставувам шо би сликал и дека попрактично би му било да носи помал но поквалитетен објектив. Многу се полоши екстремно зум објективи зато што е речиси невозможно да се искомбинира и голем зум и да нема дисторзија и да е брз и да нема вигњетинг, така да ако е за зум - земи зум ако си за нормал - земи нормал а ако земаш универзален - не земај екстремни распони пошто негде нешто ќе утнеш. Да беше така ќе постоеше некој профи објектив 10-300 на ф1,8 во цел ртаспон па за секој да му се најде.
--- надополнето: 7 март 2013 во 19:17 ---
Греота е да фрлиш пари во бунар за 18-55 објектив на тој сензор затоа што е крш и нема да извадиш максимум бидејки сензорот е далеку подобар од што објективот може да му парира за да го извадиш максимумот.Најпаметно е за почеток да си купиш посебно тело и 35 мм фиксен кој е bestbuy за квалитетот што го нуди затоа што бленда од 1.8 за тие пари нема да најдеш никаде.Ако сакаш и макро тогаш попаметно ти е да го купиш поскапиот Никон 40мм со 2.8 бленда кој е малку пооштар од 35 милиметарскиот.Со овие објективи далечината отприлика ќе ти биде како да сликаш со обичен дигиталец без уклучен зум.Понатаму ќе земеш и зум во зависност од тоа колку ти се апетитите.Јас моментално имам Nikon D5100 и фиксен 35мм кои заедно ги платив 600 евра од надвор и во план сум да земам уште Никон 55-300 мм наместо Никон 55-200.
ќе му биде мал аголот, рече чоеко патува и сака да слика, значи и пејсаж и архитектура, 40 па и 35 мм на 1,5 кроп се тесни за таква фотографија, почетник е а за почетници се баш наменети тие кит објективи кои ќе му покријат разни распони, по некоја година кога ќе види каква фотографија го привлекува - сам ќе знае каков објектив му треба. AtoM-AnT ова се видните полиња на одредени фокусни растојанија на објективи, па види како би изгледало од 18 до 55

една напомена, ова се ознаки за фул фрејм пошто д5200 има кроп сензор од 1,5 вредностите множи ги со 1,5 така да 18мм кби бил 18х1,5 = 27 мм а 55 би била 55х1,5 = 82 мм, значи види ги сликите од кај 24 до кај 70
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.029
Поени од реакции
4.515
Во право си за 18-105 и не само тој туку сите што се со огромен распон.Поради тие причини јас си земав посебно тело без 18-55 со фиксен 35мм кој е стварно оштар објектив и подеднакво универзален посебно добар на послабо светло само треба малку повеќе нозете да ги користиш но сликата што ја дава во однос на 18-55 е поквалитетна и помала бленда посебно ако сакаш заматена позадина а разликата ми беше само 50 евра.
 
Член од
7 март 2013
Мислења
15
Поени од реакции
13
Другар ... отиде полека не прабиме муабет за тебе и твоето CV ,
Правиме муабет за почетник и прилики кај ке му се најдат објективите во широка примена.
Јас не реков дека ти не си во право до некаде али имај на ум дека човекот сега почнува.
мегудругото RAW + Light Room и вињетинг и десторсион се поправа солидно.
Ја верувам и ти користиш добра опрема да не нецепкаш по тие опции ???
Пост постпроцесинг е побитен од сликањето така да
сепак моето мислење е тоа да си земе за поцеток широко наменска опрема
а здравје како ке се усовршува така ке се обновува
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Во право си за 18-105 и не само тој туку сите што се со огромен распон.Поради тие причини јас си земав посебно тело без 18-55 со фиксен 35мм кој е стварно оштар објектив и подеднакво универзален посебно добар на послабо светло само треба малку повеќе нозете да ги користиш но сликата што ја дава во однос на 18-55 е поквалитетна и помала бленда посебно ако сакаш заматена позадина а разликата ми беше само 50 евра.
Се зависи од афинитети, луѓе има кои цел живот ќе сликаат со 18-55 на ауто наместено и ќе биудат среќни. Мене ми требаа години да самиот видам која фотографија мене ме привлекува и што ми треба за тоа. На некој то се пејсажи и архитектура сликани со 10ки, 12ки, на некој спортски настани со 300, портрети со 50ски.... се ето за почит и секоја од нив си има своја вредност. Али додека не се оформиш како фотограф најубо почни со нешто универзално
 
Kajgana Shop

На врв Bottom