чистење сензор е филозофија и ти никогаш не си чистел сензор, си го чистел филтерот (стакленцето над сензорот. За да исчистиш сензор ти треба диплома, мирна ракка, добри нерви и опрема. Е сега околу чистење на филтерот (сакленцето над сензорот) , јас освен издувување со воздух не користам ништо друго, имено иако филтрите се направени од цврст материјал доста отпорен на гребење (но сепак можеш да го изгребеш при чистење) филтерите се исто така пресвлечени со тенок слој или слоеви (во зависност од производителот) на материјали кои имаат функција при блокирање на инфрацрвени зраци или подобро засенчување на сензорот... е тие можеш да ги оштетиш. Прво ретко кој производител открива со каков материјал се пресвлечени филтерите, на пазарот се нудат секакви производаи за чистење на “сензор“ (читај филтерот) но никој не може да ти гарантира дали тој производ (најчесто течност) нема да го оштети и слојот.Така да кога открив на фотките точки и дамки, си го пратив на сервис не оти ми беше мака или не знаев како да си порачам средство, четкичка, крпчиња... туку затоа што не сакав да испадне дека таа течност го оштетува тој слој (а не другиот) .