Епа дечки нека е наздравје! Спарси поминаа!!! Кубан.!. мислам дека е редно да направам едно резиме на серијава.
Со исклучок на петтиот натпревар ги изгледав сите и мислам дека Сан Антонио и повеќе од заслужено оди понатаму. Уште кога видов дека на последниот натпревар од регуларниот дел (исто така против Далас) Попович изваде втор тим, знаев дека се спремаат за дуел со Далас (доколку победеше Сан Антонио на тој натпревар, подоцна во плејофот ќе играше против Феникс) а штом "намерно" губиш за да играш против некој (во случајов Далас) знаев дека имаме големи шанси за победа.
Што се однесува до првиот дуел комбинација на одлична или подобро перфектна партија на Новицки и лош ден на Паркер (прв натпревар после повредата), Хил исто така имаше прв натпревар после свиткувањето на зглобот, просечен Данкан и Ману не можеше ништо сам. Заслужена победа на Далас.
На прашањето што сменил толку Попович за да има таква разлика помеѓу првиот и вториот натпревар тој одговорил, апсолутно ништо, некогаш момците играат подобро. Клучен натпревар за цела серија. Сан Антонио блескаше или Далас беа очајни сеуште не можам да заклучам, веројатно по малку и од двете. Новицки катастрофален, ништо не можеше да погоди, од друга страна Ману со голема помош во клучните моменти од Данкан (и на моменти Џеферсон) се изборија за најважната победа.
Потоа две релативно тесни победи (додуша првата и не беша така тесна, но беше густо во поголемиот дел од натпреварот) на домашен терен, но сепак мора да се знае дека Спарси имаа контрола на резултатот во поголемиот дел од средбите. Важно е да се издвојат одличните партии на Паркер и на Хил кој во третиот дуел ја превзедел лидерската позиција во тимот од Ману (кој како што знаете се здоби со болна и незгодна повреда), наредниот натпревар блескаше Паркер но имаше голема поддршка од сите останати.
Петтиот го пропуштив но по она што го ѕирнав не ни дале да дишиме од прва до последна секунда.
И конечно денешниот натпревар. После одличниот старт (првачетвртина примивме само 8 коша) на почетокот на второто полувреме се упропастија (дури и за момент Далас поведе) и мораше се од почеток. Но тука на сцена стапи Хил со две тројки и изненадувањето МекДајс со два одлични коша од страна и Спарс пак се одлепија, до крај рутинирано главно преку Ману и Паркер се задржа предноста.
Се на се Далас се покажаа според мене изненадувачки слабо. Не видовме ништо од кандидатот за најдобар шести играч Тери, двата центри исто така потфрлија, Нахара ужас, Бареа со одвреме на време по некој добар потег. Дури во пследниов натпревар го видовме тоа малото брзо плејмејкерче од Гвадалупе кое создаде многу проблеми за Хил и беше носител на пресвртот (не знам зошто не играл на претходните натпревари). Единствени светли точки Батлер и Новицки. Според мене Батлер можеше многу повеќе, но сепак се знае кој е лидер во тимот и кој има најголема слобода во играта па веројатно и затоа не доби шанса да се доискаже. Новицки со исклучок на вториот натпревар и последниот беше одличен.
Кај нас пофалби за сите. Блер никако да му тргне на првите два натпревари, ама затоа во четвртиот заблеска (дури и Данкан остана подолго време на клупа, заради одличните скокови на Блер). Битно ја доби потребната самодоверба и мислам дека како за руки одигра одлично, а и ветува за наредните натпревари. Џеферсон е единственаа утка кај Спарс, играч кој зема 14 милиони и да игра онака, па тоа е грев. Од 6 натпревари само 2 како што треба, ама и на тие 2 далеку е од деновите кога настапуваше за Нетс. Хил после повредата, на првите два натпревари имаше минутажа но слаба реализација веројатно сеуште немаше влезено во натпреварувачки ритам. И според коментаторите и според она што јас го видов идна голема ѕвезда во НБА. Паркер слично на Хил во играта, натпреврите ги почнува од клупа (изјави дека не му пречи се додека игра во завршницата на натпреварите) но сепак кога нема кој (особено во последниот натпревар) тој превзема одговорност. Изненадување според мене е Антонио МекДајс, одличен шут, солиден скокач и клучен во сопирањето на Новицки, повеќе од одлично си ја заврши работата во сопирањето на Новицки посебно во натпреварите на домашен терен. И најдобрите за крај. Ману е ѕвериште и со скршен нос лидер на тимот кога е потребно знае да украде топка, да изигра добра одбрана, да асистира, да погоди тројка, да направи влез или со еден збор неверојатен! Данкан се гледа дека полека го стигнуваат годините, не е веќе оној стариот, ја нема брзината, сепак знае да одигра одлична одбрана и да погоди во најтешките ситуации за тимот, да направи скок. Да не ги заборавиме и останатите: Боганс (требаше да биде замена за Боувен) не може да се избори за место како и Мејсон кој е еден подобро платените споредни играчи во тимот, па веројатно ќе побара да си оди со оглед на тоа колкава минутажа добива. Бонер е добар, знае да изненади со по некое тројче и некој офанзивен скок, како за човек од клупа е одчичен.
Доста долг пост се надевам не и досаден. Посебно не за фановите на Спарси
п.с. Заборавив да напишам дека Баркли предвиде победа на Спарси во оние разговори на полувреме, иако сите му се смееја. А изјави дека можно е и да ги елиминираат Лејкерси.
п.п.с. Хил после натпреварот го прашаа кого посакува и ѕверов изјави дека нема врска спремни се за било кој. Според мене во најмала рака очекувам конференциско финале, само лошо е тоа што немаме предност на домашен терен против никој речиси.