National Geographic документарци

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
5.680
National Geographic има одлични документарни серијали и филмови. Пишете кој од нив сте го гледале и ви се допаѓа.
Meне од серијалите ми се допаѓа Brain Games. Додека пак од документарните филмови не можам да одвојам сите се одлични, добро снимени и интересни за гледање. Последниве неколку години добро се развива и како телевизија и како продукција на документарци.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.094
Поени од реакции
4.860
ima mnogu dobri dokumentarci na primer avionski nesreki, luge koi licno prenesuvale droga i zavrsuvale vo zatvor i mnogu drugi sto ne mi teknuva momentalno :)
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
5.680
Оној серијал со Цезар Милан мислам беше на National Geographic.

Сега интересно е оној сериски филм за Ајнштајн. Иако нема звучни имиња глумци сепак добро направен.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
5.680
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Член од
5 август 2016
Мислења
117
Поени од реакции
22
ја гледам редовно.. и друго ништо не гледам освен National Geographic или Discovery Channel
на национална географија што најмногу сакам да гледам ее

малце мешам со дискавери незнам која точно на која програма сум ја гледал...

Drugs, Brian Games The story of Morgan Freeman, Albert Ajnstajn ии уште многу други кога и да пуштам на дискавери или национална оставам што и да е и гледам..
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
5.680
Aко некој најде превод српски, хрватски за Genius со Ајнштајн нека праќа линк.

Колку што прочитав некаде Genius ќе имало и втора сезона каде приказната ќе биде за друга личност.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.861
Поени од реакции
22.148
Катастрофа е ова за Ајнштајн. Добра идеја, али реализација 0 :toe:
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
5.680
Вечерва не го пропуштајте документарецот за принцезата Дијана кој е воедно и нејзино интервју кое до пред некое време не било прикажано на јавно.


Истиов беше пред некоја недела прикажан премиерно ама сега пак ќе го даваат на нејзиниот роденден денес во 21 и 44 часот

Деновиве ќе го ставам на интернет со македонски превод па кој не го гледал ќе има можност да го гледа :)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.455
Поени од реакции
19.733

Документарецов го очекувам уште кога беше објавен трејлеров, неколку месеци пред премиерата во декември '18-та.
Во центарот е животот на Alex Honnold, качувач, алпинист, кој е еден од првите кој излезе популарен надвор од таа релативно мала заедница. Поточно, овој документарец е фокусиран на едно негово качување на карпата Ел Капитан во националниот парк Јосемити во Калифорнија. Се работи за гранитен вертикален ѕид од околу 900 метри, кој Хонолд го качил без никакво обезбедување од наврски, клинови и слична алпинистичка опрема - еден погрешен потег значи смрт. Носи само вреќичка со магнезиум со себе и кондури за качување. Режисер на филмов е Elizabeth Chai Vasarhelyi, која е сопруга на уште еден познат алпинист - Jimmy Chin.
Инаку Алекс е прилично откачен тип, не само заради овој потег. Живее скоро како старогрчкине циници што живееле како кучиња и спиеле во буре, со тоа што тој си го има комбето во кое спие и патува до карпите каде се качува. Ако го гледате трејлерот, ќе добиете и suggestions за други видеа за тоа како ја организирале продукцијата, снимањето - го следеле колеги на дистанца кои со јажиња качувале паралелно и скоро да не можеле да му го следат темпото.
Самиот подвиг има многу критизери, затоа што е практично играње руски рулет. На самата качувачка рута, постојат таканаречени "проблеми", поточно потези со голем ризик, за кои е потребна огромна концентрација и изведување на сложени движења што гарантира голема тензија и испотени раце додека се гледа.
Многу ме интересира дали овде некој ќе се заинтересира да го прикаже во кино затоа што изобилува со неверојатни кадри. Веројатно ќе го емитуваат на каналот, ама финтата е ова да се гледа на големо платно.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
4.800
Поени од реакции
6.293


Banged Up Abroad или напочеток се викала Locked Up Abroad, една од моите омилени серии од NAT GEO. Вистински стории за дрога , како се фатени... преживување во затворот, на колку години осудени и слично. Сето тоа сместено во 45 минути со одлично сценарио :aplauz:

Во тек е новата сезона (12), уште 3 епизоди останаа до крајот.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.455
Поени од реакции
19.733


Banged Up Abroad или напочеток се викала Locked Up Abroad, една од моите омилени серии од NAT GEO. Вистински стории за дрога , како се фатени... преживување во затворот, на колку години осудени и слично. Сето тоа сместено во 45 минути со одлично сценарио :aplauz:

Во тек е новата сезона (12), уште 3 епизоди останаа до крајот.
Ја обожавам.
Терминот малку ме нервира. Не знам зошто не може малку порано да иде.
Инаку, извесни ситуации што сум ги видел ми створиле невидени главоболки при некои патувања во странство...не дека сум шверцал нешто, ама луѓе шо ни криви ни дужни наебале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom