Во кој член од нашиот КЗ го имаш прочитано тоа дека убиството со оружје полесно се казнува од убиството без оружје ?
Најбитно е извршителот и соучесниците да не се дозволи да ја напуштат државава, зошто иначе никогаш нема да лежат затвор за тоа што го направиле.
спротивно напишав, сега убиство без оружје помалку се казнува, дури ако без оружје се нанесат тешки телесни повреди казната е мала; а еве во овој случај, на почеток на караниците некој да испукал во воздух предупредувачки истрел и да ја спречел трагедијата, самиот тој ќе го окркал...па имаше неколку случаи неодамно, гангстери насрнуваат на полицајци со возила а полицајците одговараат ако пукаат... дедо Диме го ослободија бидејќи било во неговиот дом, а всушност се крена општенародна хајка, инаку нашите ГЕУ закони ( а и предходни комуњарски) не предвидуваат самоодбрана, смее само откако ќе те упука во абдомен или глава.. и не само тоа, се се политизира и ништо не се расчистува. Типичен пример, имаше пред недела две, позиционите портали исчачкаа дека еден од новите технички зам.министри бил осуден условно за насилие пред 15 години, ја објавија и пресудата, некоја случка од 2001 ..
http://sitel.com.mk/kurir-kircovski-bil-osuden-za-nasilstvo-kiracovski-bara-izvinuvanje
Е сега Кирацовски побара извинување, НЕ демантира дека постои пресуда, туку дека тогаш го спасол од насилници двојца другари, меѓу нив и син на Илија Србиновски од ВМРО-ДПМНЕ, актуелен подрачен министер за земјоделство во Битола !!
Е тука лежи зајакот, зошто ова не се расчисти, ако е неговото вистина, да ги видиме сите работи, КОЈ е тој судија и зошто го осудил, ама судијата бил од СДСМ, веројатно од тие 600 наименувани во една ноќ, а го осудил бидејќи тогаш Кирацовски бил од другиот табор, а не по ПРАВДА. Ама дојде наредба од неговиот штаб и оваа работа се замолча.... не ми е поентата да политизирам, сигурно има и други случки каде било спротивно, поентата е кај нас ништо не се расчистува до крај !, се се заборава и бутка под тепих.
Во Охрид имаше, да земеме само задниве 15 години
многу случки на насилие, а и на многу случки на неказнето сообраќајно насилие кое остана нерасчистено и заташкано... пукање на избори 2002, сторител фатен случајот заташкан во охридскиот суд, газење до смрт на девојка со глисер кај Славија, сторител неоткриен, глисерска несреќа, познат сторител ама се влезе во адвокатска завршница и заборав...во бел ден на туристичка газење на пешак до смрт возачот избегал !!, познат пеач згази во бел ден со мотор велосипедист, имаше увид,ама ниту еден весник никогаш не објави ништо ( а оваму за Алачка се фрлаа дрва и камења ).. случајот со српскиот државјанин што беше убиен со блокета, имаше и постапка, се спомнуваа и лица од Србија кој избегале таму, се заборави и тоа...