Најтенкиот ДВД диск направен досега

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.256
Поени од реакции
12.506
maxell_dvd.jpg


Користејќи иновативна наноимпринт технологија, Hitachi Maxell, LTD успеа во создавањето на најтенкиот ДВД диск на светот, со дебелина од 0.092mm. Со оваа димензија, дискот е потенок за 13 пати од денешните ДВД дискови кои се во употреба, но сепак го има истиот капацитет од 4.7GB.

Очигледно е дека еден ваков диск нема многу да ви помогне со тоа што е неверојатно тенок, но замислите ја добивката на место кога зборуваме за стотици вакви дискови. Да речеме земете 100 тенки ДВД дискови и ги споредите со 100 обични, одма ќе ви падне во очи колку простор ќе ви заштеди доколку имате огромни колекции на податоци.

Кога ќе биде пуштен во продажба се очекува да се продава со цена од $325 за пакет од 100 дискови.
 
Ke pricekame piratski,koj dava 325 $ za 100 parcinja koga mozeme za 500 den da gi kupime :)
 
Андроник напиша:
Очигледно е дека еден ваков диск нема многу да ви помогне со тоа што е неверојатно тенок, но замислите ја добивката на место кога зборуваме за стотици вакви дискови. Да речеме земете 100 тенки ДВД дискови и ги споредите со 100 обични, одма ќе ви падне во очи колку простор ќе ви заштеди доколку имате огромни колекции на податоци.
Чекај малце....какво заштедување на место....еве јас да речеме иам колекција филмови така?
Е јас нема нив да ги чувам на отворено-туку ги имам во опаковки...и не ми е мене битен колку е тенок дискот зашто опаковката пак зафаќа исто место...
Јас мислам само сакаат очајно пари да праат...не знам зашто некој би плаќал повеќе само за да ги купи дисковиве
 
е вистина е лудо премногу е тенко
 
Абе види го од својата тежина се свитка. Ова е еластично и може да се завитка како ролна или ќе пукне? Не ми се допаѓа, а поготово цената
 
Му доаѓа негде околу 170 денари по Двд
 
Па за тие пари ќе земеш 9 DVDa, а ова на која брзина ќе се режа и компатибилно е со денешниве режачи, така? Истотака од што е тенко кога ќе почне да се врти не е голема веројатноста дека ќе пукне или извитопери? Абе сигурно овие чим го пуштаат во продажба ги решиле тие проблеми
 
Заштедуваш да речеме ако имаш многу дискови наредени во стубови (како мене) и наместо 13 стубови обични двд, ете ти само 1. Ако имаш 50 стубови и така натака. Во тоа е заштедата на простор, а плаќаш дебело за него. Во иднина сигурно ќе поефтини, не дека и тогаш јас би го користел.
 
Mac)) напиша:
Му доаѓа негде околу 170 денари по Двд

:oftopic: те викаа тебе математичарот а? :pos:


Алал да им е такви работи требаат, да се ослободува место, сеа уште да направат да не се гребат дисковите таман :)
 
А ова може на секој DVD плеер да се чита или има посебно за него направено?
 
Колку шо прочитав потполно имаат исти карактеристики као обичните двд, така да секој ром и плеер може да ги чита.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom