Најдобра македонска песна испратена на Евровизија?

Според вас, која е најдобрата македонска песна која била испратена на Евровизија?


  • Вкупно гласачи
    101
Црно и бело е баш фина, груба и симпатична. Одскача над другите.

Чудам се на дијаманте која и била омилена.. :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1393357499][/DOUBLEPOST]
Предлог за следната година на Евровизија....

Мислам дека реално е еднаш бар да испратиме нешто на Евровизија во поп фолк стил......, поточно да ја испратиме Андријана Ацевска или Сузана Гавазова...... не се шалам, но они се 100 пати поквалитетни пеачки од оние на поп естрадата :)

this :cuc:
 
Па гласав за Црно и Бело, со многу едноставна тактика на избор. Ги отфрлив сите што не чинат и изборот ми беше меѓу Црно и Бело, Лајф, Од нас зависи и Не зори зоро. Ептен тапа песни праќаме на Евровизија, после Црно и Бело се понадевав малку дека некоја асална ќе пратиме ама не... :(
 
ok ,но коа ќе видиме и поголем дел од 'светските ѕвезди' имаат крадено и копирано да направат своја песна ... во Електронската музика тоа си е нормална работа ,си правиш семплови или цела песна процесираш и додаваш ... хип хоп музиката исто така ..... позајмуваат стихови,зборови .... поп музиката .... се е 'позајмување' .... дури и народнава музика на Балканов е со влијание од турската музика како звучи и пеење .... така што .... нормално е ... :D
 
Најдобра - Црно и Бело
Најевровизиска (комплетен настап):

post-28559-1151229219_thumb.jpg


Впрочем и најдобро пласирана е таа досеа.
 
Па со оваа песна да се натпреварувавме можеби и најдобар пласман ќе имавме.... обично ние тоа што не го слушаме за Европјаниве тоа е нешто убаво:)
 
ХХЛ имаа најдобра евровизиска песна и концепт. Се разбира тоа ни е најлошо испеаната песна на сите времиња на Евровизија.

Комплетен впечаток е Калиопи со Црно и Бело.

Најдобар настап имаше Елена.
 
Го земаш Ванчо Тарабунов го ставаш во гондола и го праќаш на Евровизија и победвиш.
Ванчо, Ванчо ....
4bAqmoB.gif


Џоко Д Фиш беше најкомплетен :pos:
 
Калиопи дефинитивно... Најдобра песна пратена од наша страна, дури подобра од двете на Каролина :icon_lol:. Само штета е што на Евровизија гласањето е комшиско, или на ти го - дај ми го.

А најлоши :

Ѓоко Јас ја имам силата - Катастрофа од песна
Влатко со Русинка - Жити се...!!! зар очекувавме Путин да ни даде 12 поени заради песнава?:facepalm:
Некс Тајм Нешто што ќе остане - Тапаааа
Есма и Лозано - Поарно Грујо да го пратеа, поубаво ќе го изрекламираше Скопје 2014 :icon_lol:
Гаџа, Врчак и Тамара - :гомце:

Овие песни кога ги слушаше, туѓ срам те фаќаше. Го гасев ТВ-то кога идеа нашиве

А Владо, ХХL, Тоше, Мартин, Елена :drk:... добри песни за наши простори што дури и денес се слушани, но не доволни за Евровизија


Очекувам за 2-3 години Кајмакот да го пратиме!!!
 
Дефинитивно од Елена најбољи беше, би рекол единствената што беше евровизиски матерјал од сите други.
 
Е јас кога ќе научам да ставам песни-поточно никогаш нема да научам,но ќе викнам некој да ја тука пушти (бар една)
мислам две прати ќерками (двете ги имаше тогаш во Екран-избрани за на фестивал),ама не и дадоа таа да ги пее,па така едната
не ја ни дадовме друг да ја пее,ја чуваме а едната доби награда,тогаш беше Скопски фестивал.(па да споредите со овие)
 
Ќе биде интересно за второ место. Ова е како да направиш анкета кој ќе биде шампион во бундес лигата.
 
Не е. Нинанајна на Елена Ристеска беше подобро пласирана.

Ама не си ми го дочитал или не си ми го сфатил постот, на неа и мислев, затоа под сликата од Еленчето го пишав тоа. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom