Mystery / Crime

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.809
Поени од реакции
33.134
Одиме малку жанровски. Mystery / Crime се однесува на документарци за криминал кој не е разрешен, барем не целосно. Убиства, сериски убиства, атентати, грабежи... Да не должам многу, ќе копирам една рецензија за еден од овие документарци наместо вовед:

Paradise Lost: The Child Murders at Robin Hood Hills (1996)
Paradise Lost 2: Revelations (2000) (TV)
Paradise Lost 3: Purgatory (2011)

Додека барав интересен документарец за гледање налетав на насловот Paradise Lost 3: The Purgatory кој се прикажува на Sundance а доби и номинација за Оскар. Содржината ми го привлече вниманието ама за среќа или несреќа, ова е трет дел од истата приказна па беше или сите, или ништо. Па така овие три дена ја изгледав оваа трилогија која ми го задржа вниманието и ме направи да се почувствувам дека ги познавам сите ликови од приказната, да сочувствувам со нивната трагедија и да тргнам заедно со нив во потрага по вистината. Всушност, ако ги изгледате трите дела во краток временски рок веројатно ќе добиете и вие впечаток дека 17 години сте на тоа место со тие луѓе.​

Содржински, обично не ме привлекуваат документарци кои немаат пошироко значење и кои не одат на крупни прашања (со исклучок на спортските) како потеклото на животот, мистериите на Универзумот, меѓучовечки односи и слично... Овој документарец во основа веројатно и има пошироко значење и тоа се однесува на правниот систем и на смртната казна, но таков документарец не би гледал зошто одамна имам изградено став по тоа прашање. Она што мене ме привлече е едноставно мистеријата околу грозоморните убиства на три деца кои се случиле во Арканзас во 1993. Тројца млади луѓе се осудени на една смртна и две доживотни казни затвор, но подоцна HBO чија екипа го следи процесот, излегува со филм кој тврди дека овие млади луѓе се осудени без докази, врз база на предрасуди и до помош на полицијата која под притисок на јавноста сака да го затвори процесот што побрзо.

Од филмовите добив повеќе отколку што очекував, дури ме оставија зачуден некои од ликовите што се појавуваат, кои иако вистински, личат на вистински одбрани актери за филм. Така, не можев цело време да избегам од споредбата на главниот осомничен со овој лик од Murder by Numbers http://www.google.com/imgres?hl=mk&client=firefox-a&hs=TsX&sa=X&rls=org.mozilla:mk:eek:fficial&tbm=isch&prmd=imvnso&tbnid=Wi8jGpbww8stDM:&imgrefurl=http://www.fanpop.com/spots/michael-pitt/images/10844053/title&docid=xU_j8gZ_i6qqaM&imgurl=http://images2.fanpop.com/image/photos/10800000/Murder-by-Numbers-michael-pitt-10844053-853-480.jpg&w=853&h=480&ei=RcQhT_bCNcba4QSJw_XuBw&zoom=1&iact=hc&vpx=715&vpy=166&dur=3238&hovh=168&hovw=299&tx=107&ty=85&sig=113650796805688319608&page=1&tbnh=141&tbnw=166&start=0&ndsp=18&ved=1t:429,r:3,s:0&biw=1280&bih=655 и убеден сум дека ликот е направен според документарецот. Подоцна открив дека глупавата фризура е дело на некоја госпожа која го средувала за во судница, но покрај тоа, двајцата се слични и по интелигенцијата. Ќе можете да забележите во текот на филмот дека Демијан, главниот осомничен, отскокнува по интелигенцијата од останатите.

Туку, што поточно се случува? Три деца на осумгодишна возраст се брутално убиени. Поради начинот на кој се убиени, се раширува вест низ медиумите дека се работи за сатански ритуал. Полицијата пронаоѓа сведок кој треба да посведочи дека двајца млади луѓе се сторители. Сведокот станува трет осомничен. Другите двајца перфектно се вклопуваат во сликата: слушаат хеви метал, носат црни маици и се разликуваат од останатата конзервативна средина. Демијан има и име кое перфектно се вклопува во сликата...

Првиот од трите филма ги пренесува настаните во текот на судењето, емоциите со кои се соочуваат семејствата на жртвите и семејствата на осомничените и почнува да ги наговестува проблемите со кои ќе се соочуваат понатаму. Дечките се осудени, а некоја година подоцна по излегувањето на филмот, случајот добива силно медиумско внимание и се формира група која им дава поддршка на осудените.

Вториот дел е најслаб пред се затоа што на судењата по жалбите на обвинетите, овој пат судијата забранува присуство на камери во судницата, а и многу од луѓето одбиваат повторно да се појават во филмот. Но покрај некои нови моменти во истрагата ќе можете да уживате во некои од хитовите на Металика која за прв пат дава дозвола нивна музика да се појави во филм.

Третиот дел носи нови пресврти и ја заокружува приказната. Номиниран е за Оскар, иако мислам дека филмски го нема потребниот квалитет, но не сум ги гледал конкурентите.

Мал проблем е квалитетот на сликата во првиот дел како и тоа што не можев барем за моите копии да најдам соодветни преводи а има доста јужњачки акцент, но се разбира.

На страна документарецот, мислам дека од ова може да излезе одличен трилер затоа што има многу мистерии и многу пресврти. А има и доволно материјал за цела серија од типот на "The Killing" (2011), која ако навлезе во судска драма, може да биде блиску до ова.

Ова е иначе скратена верзија од се она што сакав да го напишам. Од мене колективна оцена од 8/10 за трите филма и препорака за гледање, се разбира ако ве мотивира ваквата содржина.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
3.475
Јас ќе го предложам The Imposter. Се што би кажала за содржината ќе биде спојлер. Филмот/документарецот има неколку пресврти.
Средината му е малку досадна ама издржете ја, вреди.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.809
Поени од реакции
33.134
За Imposter би рекол дека документарецот не и е дораснат на приказната. Го изгледав само затоа што приказната е одлична. И да се разбира, не треба да се пропушти.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.166
Поени од реакции
4.493
Eве нешто и од мене прикачено на.dailymotion ,но само две епизоди имам од документарнава серија за жал :(
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.809
Поени од реакции
33.134
Додека сум под импресии:
Ônibus 174 (2002) - IMDb

Или на англиски, Bus 174. Гарантирано сите холивудски филмови за заложнички кризи (освен diiie haaaad :) ) не ве врзале за столче како што ќе ве врзе филмов. Но позадинската приказна е она што навистина ќе ве потресе, затоа што наместо да се впушти во осуда на киднаперот, како цел Бразил, авторот ги испитува причините што го довело Сандро до тој момент и открива детали од една навистина трагична судбина на најсиромашните деца во Бразил, отфрлени од општеството и осудени на тежок живот уште од мали нозе.

Гледајте пред да почнат спојлерите.

Целиот филм на youtube, за подобра снимка барајте си торенти:

 
На врв Bottom