Пред 4-5 години ги имавме: Рафа, Ноле и Федекс како тројца кои гризаат за секој трофеј на секоја подлога, Мареј од позадина како прв најдобар после овие тројца, а после тоа ги имавме одличните: Цонга, Делпо, Содерлинг, Ферер, во одредени моменти Вердаско, Гаске, Бердих, Монфилс. Бердих им има зимано скалпови и на Новак, Федерер и Мареј, Содерлинг на Надал на РГ, Ферер играше егал мечеви на земја со Надал кој беше во ГОАТ mode тие години, на тврда и го тепаше 2-3 пати, Делпо да не зборувам за него, се знае.
Сега го имаме Ноле кој игра врвен тенис, нема тука збор, па потоа го имаме Федерер на 35 години кој моментално мака мачи со повредите, Мареј кој е тука само затоа што све друго е умрено, Надал кој се распаѓа последниве две години, Бердих не знае кај тера, Ферер не може да добие 2 врзани меча 5 месеци, Гаске игра два турнири во 5 месеци, Цонга губи од Челенџер играчи, Делпо 300 операции имаше и испадна од топ 1000, Вердаско не може ни на 250ка да добие некого, Чилиќ не знае кај тера и плус влече повреда и секако тука е Нишикори за кого мисловна именка е да изигра меч без да побара МТО.
Така да зборувајте ми дека машкиот тенис не е во тежок канал моментално со исклучок на Ноле.
П.с. А да, и Вавринка ќе го заборавев кој после АО не може меч да добие, т.е. после Дубаи.