Mutua Madrid Open 2016 (29 април - 8 мај)

Кој ќе го освои машкиот дел од турнирот?

  • Ѓоковиќ

    Гласови: 10 38,5%
  • Надал

    Гласови: 11 42,3%
  • Мареј

    Гласови: 1 3,8%
  • Федерер

    Гласови: 1 3,8%
  • Вавринка

    Гласови: 0 0,0%
  • Тием

    Гласови: 0 0,0%
  • Нишикори

    Гласови: 0 0,0%
  • некој друг

    Гласови: 3 11,5%

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607

Се работи за четвртиот мастерс во годината кој ќе се одржува во главниот град на Шпанија. Втор во годината на земјена подлога после Монте Карло.
За разлика од турнирот во Монте Карло, овде ќе се игра тенис и во двете конкуренции, машка и женска. Жребовите се излезени и за двата дела, а женскиот дел стартува уште утре.
Турнирот во машка конкуренција минатата година го освои Енди Мареј победувајќи го Надал во финалето, а женското финале од 2015 беше Квитова-Кузнетсова.
За разлика од 2014 и 2015, оваа година ќе настапува и Новак Ѓоковиќ кој нормално е прв носител, а жребот и во двете конкуренции го имате на следните линкови : машки , женски .
Ноле и Рафа се на различен дел од жребот што значи дека може да се сретнат само во финалето. Еден од поинтересните мечеви е Тием - Дел Потро од првото коло, а Австриецот вкрстува со Федерер во третото коло, победникот од овој меч би требало да игра во четвртфинале против Надал. :)
За крај, одговорете на анкетата. :D
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Паралелно со финалињата на АТП 250 турнирите, овде се играше првиот натпреварувачки ден од главниот жреб. Се одиграа 2 меча кај мажите и уште 26 меча кај жените.
Претпоставувам скоро сите ги интересира машкиот дел од турнирот, таму Вердаско го победи Монако 7-5 7-6 и Долгополов го победи Џонсон во 3 сета (3-6 6-3 7-6).
Уште од првиот ден, кај жените имаме 2 изненадувања кои и не се така преголеми. Кербер загуби од Стрицова во 2 сета, а Радванска од Цибулкова во 3 сета.
Утре програмот од вториот ден почнува во 12 часот, а еве и слика од мечевите во машка конкуренција што треба да ги очекуваме. Стандардно првите 8 носители се слободни и некои од нив ќе настапат во вторник. За разлика од тука, кај жените нема слободни тенисерки па како што пишав погоре денес првите 2 носителки си заминаја по дома.

upload_2016-5-2_1-33-47.png
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.833
Види го Пралица, вика дека Ана играла многу добро. :confused:
Meanwhile
Nick Lester just announced Federer withdrew from Madrid with a back injury.
 
Последно уредено:
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
Баш ми се свиџат што Ноле и Надал не се на иста страна.
БИ било одлично да видиме една нивна пресметка во финале.
Во меѓувреме,Гофан продолжува со глупостите,прави брејк и сервира за сет,одма 0-40,веројатно и ќе изгуби гем.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Како се распаѓа Иванович, изгубен случај е дефинитивно. Нека се префрли со време на манекенство, толку беше од неа во тенисот.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Утре Борна-Новак.Ќе биде интересно или дебакл?Инаку Чориќ денеска мечот на сезоната го имаше дефинитивно.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Tием топ 5 тенисерот на земја.:cuc:
40 часа пред мечот против Дел Потро играше во Минхен финале. Имаше само еден ден за тренинг во Мадрид, условите се многу поразлични отколку што беа во Минхен. Дел Потро одигра феноменален меч, патем имаше и премногу среќа посебно со сервисот кој го ваѓаше од многу ситуации. Рака на срце и Тием згреши неколку клучни топки. Не значи ова ништо, до крајот на годината јас лично гарантирам топ 10, ништо чудно и настап во Лондон.

Рафа со одличен меч против солидниот Кузнетсов. Како со трема влезе Андреј и имаше прилично катастрофален старт, се до 2-3 во вториот сет беше потполно рамноправен, но Рафа одигра на ниво посебно последниот гејм кога брејкна за конечни 6-3 6-3. Што се однесува до статистиката, прилично убедлив на сервис со вкупно освоени 88% поени на сервис, 85% на прв и 100% на втор сервис. Вкупно изгуби 5 поени од одиграни 41 на негов сервис.

Покрај Тием, Надал бев во можност да го гледам и мечот Чорич - Алмагро. Шпанецот во смешно издание, грубо имаше околу 30 неизнудени грешки за 60 минути игра, неверојатно голем број, а колку што видов последно, а мислам дека и така остана... Чорич имаше само 3 неизнудени грешки во цел меч и неколку винери повеќе од Алмагро. Одигра феноменална партија, ако повтори сличен тенис утре против Ѓоковиќ мислам дека пред се ќе гледаме квалитетен дуел, шанси за победа скоро и да нема, самиот респект би ја завршил целата работа.
Што се однесува до другите мечевите од утрешната понуда, меч кој треба да се гледа е Нишикори - Фоњини, меч кој треба да понуди одличен квалитет.

Во продолжение следат сите мечеви од машка конкуренција за утрешниот ден:
upload_2016-5-4_0-50-49.png

Турнирот сега за сега е одличен, единствено нешто што ме нервира е тоа како паѓа сенката врз теренот, пола е на сонце, пола не. Во секој случај зависи и за кој терен и во кој дел од денот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.833
Tием топ 5 тенисерот на земја.:cuc:
Не знам зошто упорно го форсираш муабетов, кога ниту формата, ниту резултатите а ниту статистиката се на твоја страна. Лани Тием 3 титули на земја, Ница, Гштаад и Умаг, оваа година титула во Буенос Аирес, 1/2 финале во Рио, финале во Минхен, 1/8 финале во Монте Карло каде загуби од Надал. Притоа ги победи Надал во Буенос Аирес и Ферер во Рио де Жанеиро, двајцата се топ 5 земјаши во светот. Кој е подобар од Тием на земја ајде објасни ми? Ги тргаме на страна Надал, Ѓоковиќ, Ферер, Федерер и Мареј, макар што Федерер во моментов комотно може да се тргне од било каква дискусија за земјена подлога.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Не знам зошто упорно го форсираш муабетов, кога ниту формата, ниту резултатите а ниту статистиката се на твоја страна. Лани Тием 3 титули на земја, Ница, Гштаад и Умаг, оваа година титула во Буенос Аирес, 1/2 финале во Рио, финале во Минхен, 1/8 финале во Монте Карло каде загуби од Надал. Притоа ги победи Надал во Буенос Аирес и Ферер во Рио де Жанеиро, двајцата се топ 5 земјаши во светот. Кој е подобар од Тием на земја ајде објасни ми? Ги тргаме на страна Надал, Ѓоковиќ, Ферер, Федерер и Мареј, макар што Федерер во моментов комотно може да се тргне од било каква дискусија за земјена подлога.
Не троши си ги залудно речениците. Тием и да го освои Ролан Гарос тој ќе најде некоја "теорија" спротивна на реалните случувања.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.833
Не троши си ги залудно речениците. Тием и да го освои Ролан Гарос тој ќе најде некоја "теорија" спротивна на реалните случувања.
А не ми е јасно стварно, дечкото е баш скромен, онака баш симпатичен и неконтроверзен лик. Дефинитивно нема квалитет за број 1 како што некои го најавуваат, ама ликот е одличен земјаш и играч на поспорите подлоги.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Според тоа што напраил и како играл, па ни тие у Топ 5 не треба да се Топ 5 според вашиот критериум, ниту Новак и Мареј се во Топ 5.

Бај д веј и Алмагро играше финале викендот и го освои, коа веќе се вадиме на тоа дека Тием го загубил мечот оти играл финале во Минхен и тоа против земјашот Колшрајбер, ако е Топ 5, тоа нема да му претставува проблем да го добие Дел Потро кој има 10 меча одиграно оваа година и уште не знае ни кај тера..

Ама у реду е, освоил титула Тием во Умаг и Ница.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom