Municipium Stobensium-Археолошкиот Локалитет Стоби

Jap Mak Sun

Регент
Член од
19 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
45
На територијата на Република Македонија се наоѓаат голем број на археолошки локалитети, од сите тие најголем и најистражен е археолошкиот локалитет Стоби кој се наоѓа во срцето на Р.Македонија, 85км јужно од Скопје и 90км северно од Гевгелија, на територија на Општина Градско.

Локација: На местото каде што Еригон (Црна Река ) се влева во Аксиус(Вардар) се наоѓа стариот град Стоби (Stobis vetere urbe) запишал римскиот историчар Титус Ливиус на почетокот на II век п.н.е. воедно ова е и најстариот запис пронајден за најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија и подоцна главен град на римската провинција Macedonia Secunda во периодот кога Македонија е поделена на две провинции, а на другата провинција Macedonia Prima главен град станува Тесалоника.
Вториот запис за Стоби од Ливиус гласи: Во близина на стариот град Стоби Македонскиот крал Филип V ги победил Дарданците, и овде во чест на неговиот син Персеј го изградил градот Персеида.
--- надополнето: Oct 22, 2011 5:01 PM ---
Градот Стоби е единствениот муниципиум на територијата на Македонија и единствен град на Балканот кој од I Век во н.е. до III век ковал сопствени монети со логото Municipium Stobensium, кои се користеле како платежно средство во Стоби но и плаќање на римските легионери.

Урбанистичкиот план на градот во овој период е рамо до рамо со денешните модерни метрополи. Откриени се неколку улици и два ако може така да се наречат булевари( улици поплочени и поделени на делови за пешаци и коњаници, каде што деловите за пешаците биле покриени. Вреди да се споменат улиците Via Sacra, Via Episcopalis, Via Principalis Superrior, Via Principalis Inferrior, Via Axia, Via Theodosia,...
Од јавните објекти вреди да се напоменат Театарот со капацитет од околу 9.000 гледачи, Казиното, Римскиот Форум, Синагогата, Полукружниот плоштад, двете бањи (машка и женска), Градската Чешма, Храмовите на боговите Асклепио и Божицата Немеза, Затворот, Фабриката за текстилна индустрија, Седумте ранохристијански цркви Базилики и трите Баптистериуми.
Од приватните комплекси највпечатливи се Палатата на Перистерија, Теодосијанската палата и Палатата на Полихармос, кои изобилуваат со подни мозаици, исто како и јавните објекти а нетреба да се заборави ни хипокаустниот систем за подно греење кој се користел во овој град.

Стауи, монети, накит, оружја, орудија,...огромен е бројот на артефакти во Стоби. Ископан е само околу 10 % , што уште ќе откријат останатите 90 % никој незнае.

Ја отворив темава бидејќи Археологијата ја пишува Историјата, и без артефакти сите теории паѓаат во вода. Стоби допрва ќе ги разјаснува нејаснотиите бидејќи допрва доаѓаат најмасовните ископувања во него.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Стоби на листата на World Monuments Fund за 2012 година


На 5 октомври во Њујорк, World Monuments Fund одржа прес конференција на која беше објавена листата World Monuments Watch 2012, на која се поставени 67 локалитети и споменици од 41 земја во светот. Во групата на културни споменици со универзално значење за кои е потребно глобално внимание е и археолошкиот локалитет Стоби како единствен претставник од Македонија.

Ова е одлична можност за Националната установа Стоби преку реализацијата на меѓународни проекти да одговори на предизвиците за конзервација на градбите во Стоби од аспект на финансии и човечки ресурси. Покрај конзервацијата, втор приоритет е подигнување на нивото на туристичката промоција на локалитетот и запознавањето на локалнoтo население со значењето на Стоби во поширока смисла.
World Monuments Watch e главната програма на World Monuments Fund воспоставена во 1996 година, која на секои две години ја алармира светската јавност и привлекува интернационално внимание за ризиците и влијанијата на природата и социјалните, политички и економски промени врз светското културно наследство. World Monuments Fund е многу ефективен во правец на привлекување внимание кон предизвиците со кои се соочува културното наследство и изнаоѓање на соодветни решенија.

Short URL: http://cooltura.mk/?p=4487
http://www.time.mk/read/aaac8deaec/8f40bb4f53/index.html
--- надополнето: Oct 24, 2011 7:49 PM ---
Ја разгледав веб страната има доста добри информации и добро е средена.

http://www.stobi.mk/

Единствено што неможев да најдам се ископувањата кои следат.
--- надополнето: Oct 24, 2011 7:50 PM ---
Ја отворив темава бидејќи Археологијата ја пишува Историјата, и без артефакти сите теории паѓаат во вода. Стоби допрва ќе ги разјаснува нејаснотиите бидејќи допрва доаѓаат најмасовните ископувања во него.
Ако може поконкретно за болдираното.
 

Jap Mak Sun

Регент
Член од
19 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
45
Стоби на листата на World Monuments Fund за 2012 година

На 5 октомври во Њујорк, World Monuments Fund одржа прес конференција на која беше објавена листата World Monuments Watch 2012, на која се поставени 67 локалитети и споменици од 41 земја во светот. Во групата на културни споменици со универзално значење за кои е потребно глобално внимание е и археолошкиот локалитет Стоби како единствен претставник од Македонија.
Ова е одлична можност за Националната установа Стоби преку реализацијата на меѓународни проекти да одговори на предизвиците за конзервација на градбите во Стоби од аспект на финансии и човечки ресурси. Покрај конзервацијата, втор приоритет е подигнување на нивото на туристичката промоција на локалитетот и запознавањето на локалнoтo население со значењето на Стоби во поширока смисла.
World Monuments Watch e главната програма на World Monuments Fund воспоставена во 1996 година, која на секои две години ја алармира светската јавност и привлекува интернационално внимание за ризиците и влијанијата на природата и социјалните, политички и економски промени врз светското културно наследство. World Monuments Fund е многу ефективен во правец на привлекување внимание кон предизвиците со кои се соочува културното наследство и изнаоѓање на соодветни решенија.

Short URL: http://cooltura.mk/?p=4487
http://www.time.mk/read/aaac8deaec/8f40bb4f53/index.html
--- надополнето: Oct 24, 2011 7:49 PM ---
Ја разгледав веб страната има доста добри информации и добро е средена.

http://www.stobi.mk/

Единствено што неможев да најдам се ископувањата кои следат.
--- надополнето: Oct 24, 2011 7:50 PM ---

Ако може поконкретно за болдираното.
Од локалитетот Стоби досега се ископани само околу 15 % од делот кој што се наоѓа на десната страна на реката Вардар, поточно од делот кој од таа страна е заштитен со надворешен бедем во III век од нашата ера кога имало напади од Аварите пред се, а во овој дел се наоѓаат само палатите на најбогатите жители на градот и јавните објекти од тој период. Од надворешниот дел Extra muros се откриени само неколку објекти како базиликата Extra Muros, Гробјанската базилика,Базиликата Паликура (се наоѓа на повеќе од 1км од надворешниот бедем) и западната некропола пред портата Хераклеја. Делот од другата страна на Вардар кој се претпоставува дека е постариот дел на Стоби речиси и да не е гибнат, а тој е најмалку дупло поголем од овој чепнатиот. Па ако се направи добра математика само 1-2% е истражен Стоби.
За наредната година најавени се ископувања околу Театарот и во неговиот разрушен дел, во секторот Храм и на просторот околу новооткриената Куќа со триклиниум.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

После многу време читам нешто што искрено ме расположи :cuc:
Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби е веројатно една од ретките (ако не и единствена) со некаква визија. :aplauz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom