- Член од
- 18 јануари 2009
- Мислења
- 1.407
- Поени од реакции
- 339
Наместо како досега досиеата за соработниците на тајните служби да се доставуваат пред куќи, еве можност анонимно да се стават на Нет и со тоа да бидат видливи за граѓаните на Р. Македонија. Се работи за новиот македонски сајт MkLeaks кој иако не е докрај среден, (бета верзија) сепак е функционален.
MkLeaks е направен по урнек на WikiLeaks од група на македонски ентузијасти, а некои од нив веројатно и ги знаете од форумов
Според креаторите на сајтот и самиот Џулијан Асанж е информиран за MkLeaks и ја имаат неговата подршка.
На сајтот можат анонимно да се објавуваат документи поврзани со процесот на лустрација, за корупција, незаконско работење, тајни договори, дипломатски извештаи, кршење на човековите права... Првенствено поврзани со Р. Македонија.
За тоа колку MkLeaks ќе биде успешен во тоа за што и е наменет ќе зависи и од она што граѓаните на Р. Македонија се спремни да го споделат со остатокот од граѓаните.
Ако темата не е за овде се извинувам, нека се префрли или припои.