Mi (Xiaomi) телефони и техничка поддршка !

Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.074
Поени од реакции
8.336
Во смисол на подобар хардвер? Да, има од наредната недела Redmi 2 кај нас. Или во смисол на MIUI?

Energized from my Mi 4!
Мислев на андроид верзија, памтам накај ноември се збореше дека кај и да е треба да искочи киткет апдејт, па дури имаше муабети и за лолипоп.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
338
Поени од реакции
212

Се рипна КК, за брзо излага ЛП :) ќе пишам инфо тука кога ќе има новости. Инаку се тестира сега ЛП верзијата, во затворен круг и е супер стабилна.

Energized from my Mi 4!
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
338
Поени од реакции
212
[Неделна надградба] MIUI ROM 5.2.6

[Календар]
НОВО - Поддршка за проверка на детална временска прогноза во месечниот преглед во Календарот (02-03)
НОВО - НОВ интерфејс на Календарот (02-03)

[Камера]
Исправка - HHT модусот не работеше (01-07)

[Галерија]
Исправка - Понекогаш галеријата FC кога бришете многу слики континуирано (02-03)

[Музика]
НОВО - Кратенка за да ги гледате Артистите и Албумите на почетната страна (02-05)
Оптимизација - Поддрчка за 192K FLAC (01-07)
Оптимизација - Паѓачки опции за Симни/Додади во Фаворити кога сте на листата на песни (02-05)
Оптимизација - Намален UI нивоа и зголемена брзина на стартување (02-05)
Оптимизација - Подесена позицијата на popup прозорот 'Повеќе' на страната 'Моментално Свири' (02-05)
Оптимизација - Автоматски симнете ги песните на внатрешната SD меморија кога надворепната SD картичка нема повеќе место (02-05)
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.418
Поени од реакции
459
Ме интересира дали Xiaomi се добри во основната функција -повици?
Без разлика дали станува за 2G,3G,4G и повици преку Viber (од wifi или мобилна мрежа), дали добро се слушаат и двете страни? Како им фаќаат антените? Дали се исплати ако си на VIP да го купиш овој телефон и да ти биде примарен?
 
Airbus

Fighter Pilot
Член од
12 јануари 2008
Мислења
250
Поени од реакции
115
Ме интересира дали Xiaomi се добри во основната функција -повици?
Без разлика дали станува за 2G,3G,4G и повици преку Viber (од wifi или мобилна мрежа), дали добро се слушаат и двете страни? Како им фаќаат антените? Дали се исплати ако си на VIP да го купиш овој телефон и да ти биде примарен?
Бидејќи се најголем кинески бренд, а не некој без име, се подразбира дека добро се слушаат и двете страни. Телефоните се фабрички отклучени, и имаат опција за рутирање, која не ти влијае на гаранцијата. Мора да пишеш за кој модел на Шаоми прашуваш, за да може да ти се одговори.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.675
Поени од реакции
1.805

Нормало lol ...

Топ си се повиците тестирано на ми4 и редми1с..
 
Член од
6 април 2014
Мислења
120
Поени од реакции
150
На Редми 1с се си функционира како што треба без разлика кој ром го користиш (MIUI v5, Adria Rom, CM11, Mokee Rom, сега пробувам MIUI v6). До сега не сум имал Flagship модели на мобилни, но Редми 1с секој ден се повеќе и повеќе ме воодушевува во секој поглед. Можам да замислам тек MI4 и новиот Note pro што можат да прават. Јас користам Вип и ептен тапа е 3Г интернетот на мојот телефон, но користев и картица од Т-Мобиле и супер си работи 3Г. Така да би требало да е до Вип, а не до телефонот
 
Последно уредено:

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.418
Поени од реакции
459
Бидејќи се најголем кинески бренд, а не некој без име, се подразбира дека добро се слушаат и двете страни. Телефоните се фабрички отклучени, и имаат опција за рутирање, која не ти влијае на гаранцијата. Мора да пишеш за кој модел на Шаоми прашуваш, за да може да ти се одговори.
Општо прашував, бидејќи сега за сега не планирам да купувам телефон, али некако ми се бендисува Mi 4-ката. Чекам да падне, па ќе видиме дури и тогаш :)
А вака нај очигледно би било да го зеам RedMi 1S[DOUBLEPOST=1423512187][/DOUBLEPOST]

А вака нај очигледно би било да го зеам RedMi 1S

Успат ако моеш кажи и за RedMi 1s каков квалитет на повик има
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2014
Мислења
338
Поени од реакции
212
Општо прашував, бидејќи сега за сега не планирам да купувам телефон, али некако ми се бендисува Mi 4-ката. Чекам да падне, па ќе видиме дури и тогаш :)
А вака нај очигледно би било да го зеам RedMi 1S[DOUBLEPOST=1423512187][/DOUBLEPOST]

Општо прашував, бидејќи сега за сега не планирам да купувам телефон, али некако ми се бендисува Mi 4-ката. Чекам да падне, па ќе видиме дури и тогаш :)
А вака нај очигледно би било да го зеам RedMi 1S

Успат ако моеш кажи и за RedMi 1s каков квалитет на повик има
Redmi 1S е на Snaprdagon платформа, така да име и нивни чип за мрежа/комуникација. Тоа е цела платформа која е интегрирана во неколку модули на плочата, и е до сега најквалитетна платформа. Нормално секоја верзија си има свои подробности, не е исто SD 810 и 400 :) Но за таа класа е најдоброто на пазарот. Сега новата Redmi 2 со SD 410 ќе има две сим картици на 4G ;)

Energized from my Mi 4!
 
jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
759
Поени од реакции
435
Ме интересира дали Xiaomi се добри во основната функција -повици?
Без разлика дали станува за 2G,3G,4G и повици преку Viber (од wifi или мобилна мрежа), дали добро се слушаат и двете страни? Како им фаќаат антените? Дали се исплати ако си на VIP да го купиш овој телефон и да ти биде примарен?
Се би требало да е супер, дел од моделите имаат и микрофон на задната страна за noise cancelation така да приемот во најмала рака треба да е одличен
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.418
Поени од реакции
459
Redmi 1S е на Snaprdagon платформа, така да име и нивни чип за мрежа/комуникација. Тоа е цела платформа која е интегрирана во неколку модули на плочата, и е до сега најквалитетна платформа. Нормално секоја верзија си има свои подробности, не е исто SD 810 и 400 :) Но за таа класа е најдоброто на пазарот. Сега новата Redmi 2 со SD 410 ќе има две сим картици на 4G ;)

Energized from my Mi 4!
Една колешка го има LG F60 со тој процесор и е ПРЕБРЗ за тие пари, а богами и ми го дупнува увото кога ми се јавува (порано со xperia E1 ич не ја слушав).
Така да ако Xiaomi излезе со нешто поефтино од LG во тој поглед на истата платформа, нив ги купувам. А се надевам и HI communications ќе посегнат по фер маржа.
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
338
Поени од реакции
212
Една колешка го има LG F60 со тој процесор и е ПРЕБРЗ за тие пари, а богами и ми го дупнува увото кога ми се јавува (порано со xperia E1 ич не ја слушав).
Така да ако Xiaomi излезе со нешто поефтино од LG во тој поглед на истата платформа, нив ги купувам. А се надевам и HI communications ќе посегнат по фер маржа.
Мислам дека LG F60 има цена како Redmi 1S, од 130-150 ЕУР зависи од местото на набавка :) LG-то има помал екран со помала резолуција, но 410-ка процесор, а во другото се исти. И плус, можеби побитно, тоа што Redmi 1S, веќе како втора варијанта на Redmi има поддршка за софтвер цели 2 години. LG-то како нивни најевтин телефон, може да добие 1 апдејт, а можеби ни тој за 6 мсесеци. Повеќе нема ни да го третираат. Најчесто е така за жал..
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
338
Поени од реакции
212
Xiaomi ќе отвара продавница, но не за телефони во USA, туку за нивните додатоци и ситни уреди. Идејата е да се почне со етаблирање на брендот и запознавање на потенцијалните клиенти.

Ќе се продаваат Mi Power Bank, Mi Band како и Mi Headphones и Mi Earphones.

Повеќе на линкот подолу:
http://www.theverge.com/2015/2/12/8029081/chinas-xiaomi-to-open-shop-in-the-us-this-year-but-not-for-phones

20147231330433882235.jpg hs-1.jpg 3.jpg [DOUBLEPOST=1423821674][/DOUBLEPOST]
100mil.jpg
До нашите драги MIUI Фанови,

Веќе е петта година како MIUI еволуираше во MIUI 6. Пред скоро 5 гоини, само 100-тина „изгорени“ фанови ги „донираа“ своите телефони за да ја тестираат првата верзија на MIUI. Тие се квалификувани како 100-те „спонзора„ што помогнаат нашиот сон за редефинирање на MIUI да стане вистина. И ние успеавме. И ви се заблагодаруваме за довербата.

Како што времето поминуваше, така MIUI никогаш не не изневери во повеќе од 220 недели, и сега има вкупно 100 милиона MIUI кориника ширум светот, кои го користат и поддржуваат MIUI секојдневно. Покрај тоа, има 31 фан страни подигнати од интернационалната заедница, и MIUI е преведен на 31 јазик.

Ви благодариме!
Никогаш немаше да го достигнеме ова без Вашата помош!

MIUI International Community & MIUI Македонија (en.miui.com & miui.mk)
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2009
Мислења
21
Поени од реакции
13
поздрав..ме интересира кои дуал сим модели ви се на лагер..не мора да се најновите модели...
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
338
Поени од реакции
212
Сега за сега се продава само Redmi 1S, а ќе стигнат за некое време брзо и Redmi 2 како и Mi Note, двата со дуал СИМ на 4Г.
 
На врв Bottom