Да ве прашам каков е GPS Сигналот на Ми телефоните, конкретно за овие нискобуџетнтие 6A,5 и компанија. Служи добро или има багови? Конкретно прашувам за користење апликација на трчање, нешто што е од голема важност да има доста сателити што пратат gps сигнал и да не наидувам на проблеми од типот "трчам околу езеро 10км, а тоа покажува како да сум одел низ езерото на вода", дека гледа почетна крајна точка само и километрите се далеку од прецизни. Ваков сличен проблем имаше на едни други кинески телефони. Некој да користел апликација за трчање, одење, возење точак, па да каже дали мерењето е точно ?