Men at Work

Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Кога видов дека во серијата http://www.imdb.com/title/tt1942919/ глумат James Lesure од Las Vegas и Danny Masterson од That '70 show решив да и дадам шанса погледувајќи 2-3 епизоди. Искрено, бев пријатно изненаден - иако се работи за лесна комедија со до донекаде предвидлив развој на настаните, но сепак сметам дека е забавна за гледање. Според мене, неоправдано потценета серија која заслужува и повисока оценка од онаа на IMDB. Конкретно серијата ги прикажува случките на четворица пријатели - колеги кои работат во еден магазин и ги споделуваат сите професионални и приватни настани. Хемијата меѓу ликовите е на високо ниво, дијалозите течни и доволно смешни. По подолго трагање на забавна серија-комедија, конечно ја пронајдов и со нетрпение ја чекам секоја нова епизода. се надевам дека и некој друг ја следи серијава, па би можеле да споделиме искуства.

П.С. Пред да ја отворам темата, пребарував по форумов но бев изненаден како до сега не постои тема за оваа серија. Доколку сум направил превид се извинувам.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Попратно на името, песнава мора да помине
 

Kajgana Shop

На врв Bottom