Medium

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

Одеше на Сител во 3 сезони па ја прекинаа, на нет ја изгледав цела 4та но имаше една солидна пауза помеѓу 4та и 5та прекинав, во меѓувреме продолжиле со снимање и има 7 сезони (7ма е моментална и актуелна).

За серијава:

Медиум е американска драмска телевизиска серија за жена која работи како медиум истражител во канцелариите на јавниот обвинител. Серијата е базирана на животот на Алисон Дубоа, критикувана контроверзна личност која тврди дека користи психички сили за да помогне на локалните власти.

Серијата е создадена од Глен Гордон Керон, а продуцирана од Picturemaker Productions и Gramment Productions во асоцијација со CBS Paramount Television.

Алисон Дубоа (Patricia Arquette) е мајка на три деца, посветена сопруга и студент на право која почнува да се сомнева дека може да зборува со мртви луѓе, да ја гледа иднината во нејзините соништа и да ги чита туѓите мисли. Загрижена за своето ментално здравје, таа му се обраќа на нејзиниот сопруг Џо (Jake Weber), инженер, кој полека почнува да верува во она што му го кажува жена му, бидејќи увидува дека деталите од нејзините соништа и убиството во Тексас се совпаѓаат.

Вистинскиот предизвик е да го убеди својот шеф, Мануел Девалос (Miguel Sandoval), и останатите кои се сомневаат, дека нејзините психички способности можат да им помогнат да решат некои насилни и ужасни злосторства, чии мистерии се познати само на оние што се под земја. Информации за одредени луѓе или злосторства добива сонувајќи, или преку кодирани визии, кои скоро никогаш не значат тоа што навидум се.


Сите нејзини ќерки ја имаат наследено нејзината дарба. Ариел (Sofia Vassilieva) и Брижит (Maria Lark) исто така имаат визии и сништа, обично кога нивната мајка бара одговори во нејзините соништа. Во третата сезона, дознаваме дека и најмладата ќерка на Алисон, Мари (Madison and Miranda Carabello) е наклонета кон паранормалното. Во моментов, таа може да гледа телевизија која не е претплатена на кабловската. На Брижит никогаш не и сметаат нејзините способности, но на Ариел и е потешко да се справи со дарот којшто малку го разбира.

Помладиот брат на Алисон, Мајкл „Лаки“, исто така го има семејниот дар, но ретко сака да признае, бидејќи скоро секогаш му носи проблеми.

Алисон е често придружувана од локален полицаец од Аризона, пријател на Мануел Девалос – Ли Скенлон (David Cubitt), кој на почетокот не веруваше во дарот на Алисон. Алисон често ги прекршува законите кога сака да застане некое предвидено злосторство.

Исто така, Алисон му помага, и добива помош од капетанот Кенет Пуш (Arliss Howard). Тој е првиот правник на кого Алисон му ги признава своите способности. википедија

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не е лоша, ја гледав едно време, ама после некако ептен ја затупеа, досадна ми стана...
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Една од подобрите серии кои ги емитувале на локална ТВ. Мислев дека се само тие 3 сезони кои шо ги вртат, али сепак не биле, баш ме копка шо ќе се дешава даље :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
И јас ја следев редовно кога идеше на сител, се надевам дека ке ги дават и новите сезони.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Редовно си ја следев кога идеше на сител, да и репризите на сител 3 :) Ептен ја сакам Алисон Дубоа, Patricia Arquette ми е јака типка, плус ептен убаво глуми. Апо фала што ми најде занимација, мора да и се вратам на серијава:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom