Medieval 2: Total war

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.235
Поени од реакции
304
Кој ја знае играва - нека сподели мислење. Јас мислам дека е една од најреалните до сега.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Добра е. Ама подобра ке биде Total War: Empire. Одтвори топик за неа.
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.235
Поени од реакции
304
Ке отворам...Ама да не ја запоставуваме и Total war. Играва ме остави без зборови...
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.491
Поени од реакции
526
Medieval 2: Total war е одлична игра...една од најдобрите потезни стратегии шо сум ги играл...топиков ме потсети пак да и се навратам со играње...одамна не ми е играна...хе хе
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.235
Поени од реакции
304
Хехе...Брат ако сакаш на нет да се пробаме кажи...Јас сега се борам нешо patch-ови глупости...Ако сакаш да ти објаснам како се игра кажи...Мислам ако го направам:zlo:
И не е ова само за Ptolomej, туку за секој кој што е заинтересиран за Medieval 2:Total war online. Кажете ако има некој заинтересиран, да не се убивам од пишување за џабе.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.799
Поени од реакции
4.410
Хехе...Брат ако сакаш на нет да се пробаме кажи...Јас сега се борам нешо patch-ови глупости...Ако сакаш да ти објаснам како се игра кажи...Мислам ако го направам:zlo:
И не е ова само за Ptolomej, туку за секој кој што е заинтересиран за Medieval 2:Total war online. Кажете ако има некој заинтересиран, да не се убивам од пишување за џабе.

ако знаеш како... кажи ќе се решиме :smir:
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.235
Поени од реакции
304
Преку хамачи треба...Ама треба и да се симнат пачовите 1.1, 1.2, и 1.3.
Не тежат многу, заедно окулу еден гига:nesvest:
Кога ке ги симнете пачовите и ке заглавите кај 1.2 со инсталацијата, кажете ми и јас ке ви објаснам што понатака. :salut:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.799
Поени од реакции
4.410
ах... заеби, немам толку време
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.235
Поени од реакции
304
Па се плашиш брат ,затоа :toe::zlo:
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.491
Поени од реакции
526
ice_cube...фала за понудата за мрежно играње ама немам толку време за таа работа...иначе не ни знаев дека играва можи да се игра и on-line :)
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.235
Поени од реакции
304
И јас незнаев...Ама кога дознав дека со хамачи може секоја игра...Се фатив за работа и сега МИ УСПЕА И ЈА ИГРАМ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
И сеа праам вака>:duel: :pos:
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.235
Поени од реакции
304
Стара тема, да заживее малце.
Не треба ни пачови ни ништо, едноставно треба да отворите еден фајл во директоријата каде што е инсталирана играта и да ја пишете адресата од хамачи. Кој сака да му објаснам ке му објаснам, па да се пресметаме :zlo:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Medieval 2 Total War

Играва не е нова, ниту е последна во TW серијата, ама зш тек од пред 4-5 месеци имам компјутер што може како-така да ги крепи М2TW и Empire TW сега ми е актуелна :smir:

Не сум ни баш сигурен дека ТВ серијава има многу фанови тука (некако сите ми се настроени кон пучацици и ФИФА) ама сепак мислам дека играва заслужува тема.

За тие што не знаат се работи за историска игра, сместена во средновековна Европа (од прилика некаде меѓу 1050 и 1500 година). На почетокот бирате факција од дадените 5 а веќе од втората кампања сите ви се отклучени. За избор тука се Англија, Шпанија, Поругалија, Франција, Светата Римска Империја, Вениција, Милано, Полска, Унгарија, Русија, Византија, Египет и Маврите.

Секоја земја си има доста уникатни трупи кои може да ги тренира. Франција има добра пешадија и витези, Англија пешадија и интересни стрелци, Шпанија добри единици со барут и конквистадори, Германија одличен микс, источните факции имаат одлични стрелци, коњички стрелци и коњаница итн... Секој има свои предности и слабости.

Армиите се тренираат на мапата на Европа, што е turn-based елементот во играта а битките се играат real-time. Има можност за избор за развој на секоја населба како град (поголеми приходи) и како тврдина (многу посилни одбранбени ѕидови и тренирање на професионални војски). Важен аспект е и дипломатијата - може да тренирате во градовите и дипломати, шпиони, убијци, трговци за поголеми приходи од ресурси и сл. Играта вклучува и некои прекодирани настани важни за цела Европа - на пример појавата на црната чума, инвазијата на Монголите и Тимур, откривањето на Америка (картата вклучува и дел од Мексико и Централна и Ј Америка до кои може да се стаса само после одредено време и откако ќе се исполнат некои услови).

Јас ја имам пачнато играва до последниот пач (прво 1.2 па 1.3 треба да се инсталираат), го имам нормално и кракот за 1.3 и имам и клуч за играње мултиплеер (во последно време сум заразен со тоа).

Еве некои скриншотс и видеа:












Минимална конфиг:

System:1.5GHz Pentium 4® (1500MHz) or AMD® Athlon 64 or equivalentRAM:512 MBVideo Memory:128 MBHard Drive Space:9000 MBOther:Monitor must be able to display 1024x768 resolution or above

Препорачана:

System:Pentium 4® 2.4GHz (2400MHz) or equivalent AMD® Athlon 64 or equivalentRAM:1024 MBVideo Memory:128 MBHard Drive Space:9000 MBOther:128MB Hardware Accelerated video card with Shader 2 support
and the latest drivers. Must be 100% DirectX® 9.0c
compatible*. The Nvidia® GeForce 7300 or greater, or the
ATI Radeon® X1600 or greater is recommended.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Симни си го модот The sicilians vespers 2.5 за пореално именување на факторите и нови воени единици...играта е фантастична,како и секоја од Total War
Јас со Ромејците разбивам веќе 1 година :) подоцна ке ставам ААР
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Абе не сакам модови сега зошто играм мултиплеер често па ќе ми биде компатибилна играта со много помалку други играчи. Може на чиста втора инсталација да пробам со модови.

Ја поминав со Германија и Египет, со Русија сега чекам да помине чумата па да ги освојам уште Константинопол и Ерусалем а со Византија на вери хард/вери хард имав проблеми цело време и со пари и со провинции што цело време се бунтуваат, мислам од почеток ќе пробам зошто во првата пребрзо и неплански ја проширив империјата и не можев да ја држам после.

Новгород (т.е за комерцијални цели во играва едноставно „Русија“) се најзакон ако знаеш да ги користиш од тоа до сега што имам видено. Во секој период имаат по некој гејм-брејкер: казаци коњички стрелци, дворска пешадија, козачка пешадија (барут) и на крајот дворска коњаница и царска гарда. Плус 3-4 други единици пешадија сите со армор пирсинг. Им фалат само добри копјаници ама со сите тие коњички стрелци и коњаница не е тоа некој проблем. Со Русија успеав и сам да се справам со Монголите без да ми земат ниедна населба (иако ми требаше бајаги време завршив со 2 армии скоро целите со златни ѕвезди искуство и генерал со 10 команд нормално).

Бујрум ААР баш би сакал да прочитам. Може и јас некој да ставам ко ќе сум расположен или од некоја стара кампања или од нешто ново (после Русија би сакал да ги пробам Турција или Шпанија...)

:helou:
 
На врв Bottom