Верувај ми, сакам да се согласам со тебе, но имам роднина кој си ги има 3 (ТРИ) деца со кои има ужасни односи токму како последица на таа која му ги родила.
Човекот си имаше и работа и пристоен живот, но по дома немал очи за да види каква змија зел за сопруга, особено откако татко му почина, па мајка му оставена сама со змијата дома додека човекот е на работа, и секој ден удри-мавај по старата жена, а таа кутрата не сакаше да му го руши семејството на синот, па мудро си молчеше.
По игра на судбината, роднината на свој начин откри со каква змија се оженил и око не му трепна кога ја избрка и се разведе од нејзе.
Но госпоѓата си има пријатели по судови, адвокати, а и половина полициска станица ја познава, и сите од прв до последен и` помогнаа да го исцеди роднината финансиски за алиментација. А роднинава, откако откри со каква змија си има работа, намерно си замина од работа и почна да работи на црно, само за да тера инает за да не му одземаат извршители од платата за алиментација, бидејќи без редовни примања и без никаков имот на негово име - нема пари. Ептен жилав човек е`, кога ќе си зацрта нешто ќе го истера, па макар ако треба и мртовци да гази. Одлежа и 6 (ШЕСТ) месеци во затвор поради неплаќање на алиментација на змијата, но и понатаму не попушта, многу го почитувам за ова.
Но минатата година неговата мајка почина, Бог да ја прости, па сега мора да бира - или ќе се откаже од семејното наследство во корист на сестра му, па таа да земе се` и можеби да го остави на улица, или ќе мора да си го земе својот дел од семејното наследство, па извршителите ќе му го одземат за змијата да си земе алиментација.
А не е никаков пример за мајка, откако се разведоа ги држеше двете ќерки настрана од него додека беа малолетни, а сега кога се полнолетни удираат со дрва и камења по него, бидејќи мајка им така ги воспитала. Единствено му бараше помош додека ќерките беа малолетни, ако некоја од нив завршеше во полициска станица во алкохолизирана состојба - ете како и на што мајка им ги воспитала откако ги има оддалечено од татко им. А сега кога се полнолетни се уште побетер, покрај алкохолот и цигарите, не им бега и по некој џоинт одвреме навреме.
Синот сеуште е малолетен, ако роднинава му купи мобилен телефон за да комуницираат меѓусебно, змијата веднаш му го зема и го држи изолиран од татко му. И синот ќе стане полнолетен за некоја година, но ако добро разбрав, законски змијата може да му бара алиментација додека децата не наполнат 24 или 26/27 години, што значи дека агониите на роднинава се далеку од завршени.
И затоа ти велам, кога ќе се потсетам на агониите низ кои поминува мојот роднина, само бидејќи немал добар вид за да види со каква змија се оженил во младоста, рамнодушен сум на маките на припадничките на понежниот пол, бидејќи човек никогаш не знае што се крие под површината на било која и било чија животна приказна.