McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
FUCK McDonalds........нит сум јадел,нит ќе јадам,нит ми затребале...........поише мерак имам да се нафукам сарма и тавче графче него тоа срањата од 'MURICA
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Бургер Кинг се отворил во Тетово и тоа скришум и во Рамстор пред некој ден видов дека стаиле налепница за уште еден ресторан... Ајде сега хејтери навалте... Абе кој ве тера да јадете само мрчите а и сами не знаете што сакате да кажете... Вили ако имаш среќа да не се затруеш, добро ќе поминеш да се исповраќаш на раат од тоа нивното скапано месо...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ве читам и ви се чудам на паметот... ако понам да броојам постови за само 4 страни ке најдам повеќе од 10 поста кај што плукаат по мекдоналдс со изговорот МЕ БОЛИ ТАКВОТО И ОНАКА НЕ ЈАДЕВ НИКАД У МЕК ДОНАЛДС.. или пак И ОН АКА ИМ БЕА ТОА СЕНДВИЧИТЕ ПУНИ СО МАСТИ дрн дрн дрн... тровање ке фателе од мекдоналдс....

абе луѓе - не е муабетот тоа што ке си одат од кај нас... муабетот е ЗАШТО? - самислете СВЕТСКИ БРЕНД на глобално ниво изричито не прифаќа договор да ја продолжи соработката со нас - имаат бизнис у многу држави и сеа работава кај нас неиде... ЗАШТО? - сигурно нашиве се праеле курац ипол да не кажам према нив е арно ама на таа карта не им пали секад - со таков бренд ко што се мек доналдс тешко палат тие финти... сигурно мек доналдс не ги затвориле рестораните затоа што немале профит или затоа што не им се свиѓало тука - проблемот е од наша страна 100%. ефтина работна сила ефтини кирии ефтини суровини ефтини давачки према држжавата - и оп од еднаш нечиниме... - тој педерот што е газда и на пивара сигурно заебал некоја работа - малце му е профит од пивара па и уште од мек доналдс (ова онака чисто рекреативно му доаѓа изгледа) да лапа пари.

нај жалосно е за луѓето што ке останат на улица - сите знаеме дека у мекдоналдс платите се по 12 000ки али на некој и тие премногу му значат - и сеа шо ке праат тие луѓе? да ги оставиме дома сите затоа што некој сакал да се прави поголем папа од папата....
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пивара е грчка ама тој им ја шитна
 
Член од
5 март 2012
Мислења
31
Поени од реакции
35
Искрено, не знам кај си бил ти и не можам да те демантирам, ама каде што сум била јас секаде, Мц бил полн и се чекало ред. Најпразен Мц што имам видено, е во Скопје - Центар.

Што се однесува до Старбакс, моката не можам да ја најдам на друго место што не е бренд, посебно не во Скопје. Нека се најде мајкиниот што ќе ми понуди подобра мока, па ако сака ,,брендот,, нека му се вика ,,Долнодупени Комерц,, - ќе го купувам.

Еве јас најискрено ке кажам, дека сум бил скоро во секој главен во Западна Европа, и сум живеел повеќе од 10 години во Австрија , Германија и Италија и тврдам дека во Мц јадат само тинејџери и џанкери, и по некој залутан странец. Па барем храна имаме пар екселанс, а не да се труете во Мц, доста више со тие комплекси од странски фирми, има 100 кафани во Скопје каде ке јадете 100 пати подобро за тие пари а квалитетот не го споредувам. На интернет имате милион форуми кај што се коментира за квалитетот на месото на Мц, погледнете ги на пр. мутираните пилиња со 10 пати поголеми копани од нормалните. Каков Вили (кока ке го видам персоналот, бегам), имате на пр. првокласно бурито до стариот Зуко. Едино ми е жал за вработените, ни криви ни должни го изедоа.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Паштета аргета беше поголема од нивниот т.н.хамбургер
Да али пред да го затворат цените на хамбургерите беа пониски од аргетата.

По една груба пресметка 3 хамбурегри и помфрит од Мекдоналдс ти (беа)е скоро исто колку и еден хамбургер од седмица. Разликата е шо од седмица до сеа 2 пати ми се имат згадено и еднаш најдов дел од дрвце во плескавицата, додека со храната од мекдоналдс не сум имал здраствени проблеми и несакани случки.

Да не бидам погрешно сфатен, не сум фанбој на мекдоналдс али последната понуда од 33 денари стварно одговараше по мојот џеб,(предходно 2 години немав влезено а камо јадено) пошо со истите пари јадев бљувотина од останатите познати сендвичари и лесковачки во Скопје.

Иначе од неофицијални извори разбрав дека направиле контрола момциве од америка за квалитетот, па не опоменале, нашиве ништо не превзеле и го раскинале договорот. Ако ова е до негде точно, сме имале најнеквалитетен мекдоналдс во светот а правеше поквалитетна брза храна од локалниве сендвичари(со чест на исклучоци)...
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 03:48 ---
Еве јас најискрено ке кажам, дека сум бил скоро во секој главен во Западна Европа, и сум живеел повеќе од 10 години во Австрија , Германија и Италија и тврдам дека во Мц јадат само тинејџери и џанкери, и по некој залутан странец. Па барем храна имаме пар екселанс, а не да се труете во Мц, доста више со тие комплекси од странски фирми, има 100 кафани во Скопје каде ке јадете 100 пати подобро за тие пари а квалитетот не го споредувам. На интернет имате милион форуми кај што се коментира за квалитетот на месото на Мц, погледнете ги на пр. мутираните пилиња со 10 пати поголеми копани од нормалните. Каков Вили (кока ке го видам персоналот, бегам), имате на пр. првокласно бурито до стариот Зуко. Едино ми е жал за вработените, ни криви ни должни го изедоа.
Имат братче кафани во Скопјево, али се немат време. Јас кога јадев во Мекдоналдс, јадев ради тоа шо сум немал време да седнам во кафанче, да нарачам првин салата, па едно ракивче па главно јадење па пиво да се оладам итнт.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Кои глупости ги прочитав овде, колку паметна младина имаме и секогаш кога ќе прочитам паметни мисли ми текнува на поговорката на другарот Тито: Народ што има таква младина не треба да се плаши за својата иднина ама со таква младина богами треба да се плашиме.
Ве читам како сите сте шетале по странство и како сте оделе во McDonald's и ќе ви кажам само едно, сите го посетуваат и дури за викендите сум видел фамилии како идат на ручек.
Што се однесува до квалитетот е тој што го нудат бидејќи McDonald's како фирма испорачува се и сигурно во Скопје плескавиците не ги правел под мишката некој кувар туку се добиваат како готови производи е единствено салатите што ги ставаат ги купуваат од овде.
Никој не ве тера таму да јадете, имате голем избор на сендвичари ама не значи дека и таму има квалитет.
И ги замолувам тие што шетале многу да не трескаат глупости, кафето во Starbucks било како мочка чунки пред 30 години вашите родители пиеја подобро кафе, една Дивка беше и мораше да пиеш и да молчиш.
За плата да, не се платени богзнае колку, во Германија земаат како основа 400€ и плус што ќе заработат и затоа многу странци на почетокот почнале во рестораните за брза исхрана.
McDonald's како фирма не ја напушта нашата земја без причина, проблемот е што г-нот Свето Јаневски не ја кажува вистината.
Од мене толку!

Sent from my HTC One using Tapatalk 4 Beta
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Еднаш само зедов еден хамбургер од Мекдоналдс, колку да пробам и толку беше, не им влегов пак.
Баш ми е гајле искрено што се затворал.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Еднаш само зедов еден хамбургер од Мекдоналдс, колку да пробам и толку беше, не им влегов пак.
Баш ми е гајле искрено што се затворал.
А ако мајка ти, татко ти, брат-сестра, братучед или некој близок беше вработен таму?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Преку Тасе...
Мораме (генерално човечкиот вид) полека да се ослободуваме од ѓубрето. Ако некој турист е гладен и ако не може да најде МекДоналдс сигурно нема да трпи гладен.

Единственото спорно е зошто?? Јас барем не видов објаснување.
А за вработените, да греота е, ама луѓе остануваат без работа секој ден, не гледам зошто овие се некоја посебна категорија.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Они нас ќе не трујат со хамбургери, покрај златна сарма и боранија? Мисли антиглобално делувај локално.:sneaky: Кај и да е и на КокаКола и на Пепси ќе им ебеме мајчето.:icon_lol:

Шала на страна, жалам само за топлиот прелив од карамела врз сладоледите (гледано од гурмански аспект).:)
 
Член од
5 март 2012
Мислења
31
Поени од реакции
35
Кои глупости ги прочитав овде, колку паметна младина имаме и секогаш кога ќе прочитам паметни мисли ми текнува на поговорката на другарот Тито: Народ што има таква младина не треба да се плаши за својата иднина ама со таква младина богами треба да се плашиме.
Ве читам како сите сте шетале по странство и како сте оделе во McDonald's и ќе ви кажам само едно, сите го посетуваат и дури за викендите сум видел фамилии како идат на ручек.
Што се однесува до квалитетот е тој што го нудат бидејќи McDonald's како фирма испорачува се и сигурно во Скопје плескавиците не ги правел под мишката некој кувар туку се добиваат како готови производи е единствено салатите што ги ставаат ги купуваат од овде.
Никој не ве тера таму да јадете, имате голем избор на сендвичари ама не значи дека и таму има квалитет.
И ги замолувам тие што шетале многу да не трескаат глупости, кафето во Starbucks било како мочка чунки пред 30 години вашите родители пиеја подобро кафе, една Дивка беше и мораше да пиеш и да молчиш.
За плата да, не се платени богзнае колку, во Германија земаат како основа 400€ и плус што ќе заработат и затоа многу странци на почетокот почнале во рестораните за брза исхрана.
McDonald's како фирма не ја напушта нашата земја без причина, проблемот е што г-нот Свето Јаневски не ја кажува вистината.
Од мене толку!

Sent from my HTC One using Tapatalk 4 Beta

Кои се тие сите што го посетуваат мц во странство, викаш дека дури и фамилии си видел како идат у мц. Па нормално дека ќе идат кога има игрални и што е најбитно, најефтино ќе поминат што не е случајот кај нас. Се јаде во Мц само од причина што е најбрзо а сите се као у фрка. Е сега за квалитетот, мешате баби и жаби, нормално дека нема да се отруеш моментално, јас зборувам за долгорочните последици од таквата исхрана, полна со адитиви и додатоци за збогатување на вкусот. Па у тоа зашеќереното лепче со кечапот и гом*** да стаиш ќе го изедеш. Ај пробај да ја изедеш плескавицата, клот без ништо па да разговараме. А за тоа пилешките и рибните ***, еве копи-пасте од вработените во Мц на српски е преведено...

Kad sam radio u McDonald'su slučajno sam čitavu vreću McNuggetsa ostavio na dnevnoj temperaturi predugo. Rastopili su se. U potpuno tečnu lokvu. Nije mi bilo jasno kako je to moguće".

Jedan je bivši zaposlenik McDonald'sa priznao da se pileća prsa nadevaju tečnim margarinom kako se ne bi lepila.

Секој си има право да си јаде од кај сака, само многу не знаат што јадат, ние само збориме за фактите од таквиот начин на исхрана, а ние во Македонија секако имаме огромен избор на храна по прифатливи цени. Па сите странци кои доаѓаат кај нас се воодушевени од храната, Србите по форуми викаат дека имаме подобра храна од нив, а ние се праиме поголеми американци од Американците. Амин
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Искрено, не знам кај си бил ти и не можам да те демантирам, ама каде што сум била јас секаде, Мц бил полн и се чекало ред. Најпразен Мц што имам видено, е во Скопје - Центар.


Што се однесува до Старбакс, моката не можам да ја најдам на друго место што не е бренд, посебно не во Скопје. Нека се најде мајкиниот што ќе ми понуди подобра мока, па ако сака ,,брендот,, нека му се вика ,,Долнодупени Комерц,, - ќе го купувам.
Ела бе пумче кај мене, ќе ти напраам мока, проблем ли е. Ставаш тро згреано млеко, какао, шеќер по увиџењу и то е то, нема некоја филозофија. Имаше на времето едно супер местенце, Карамело се викаше, правеа бољи кафиња од Старбакс, ама луѓево кај нас не се научени на убаво кафе па мораа дечките да го затворат. Како и да е, Старбакс не дека е лошо, ама факт е дека не се врв туку се обичен ланец на кафетерии кои нудат средно квалитетно кафе по релативно висока цена во однос на квалитетот. Истото беше и со Мекдоналдс. Секаде е полн, да, но не е некое ексклузивно место и баш затоа е полн. Сите тие ланци на ресторани се ниска класа и не може да се каже дека тоа што биле полни ги прави фенси. Само кај нас е доживљај да се јаде во Бургер Кинг (признајте, колку од вас се подмочкаа од среќа кога го отворија ресторанот). Многу неизживеан народ имаме, многу...
Како и да е, штета е што една таква корпорација излегува од Македонија од непознати причини, најмногу, како што веќе констатиравме, заради вработените таму. Тешко дека Свето ќе отвори некој нов ресторан од тој вид на истите места и со истиот број на вработени. Иако баш би било добро да се створи уште еден добар македонски бренд. Нешто као Ајвар со сиренце-ту-гоу или Турлитава деливери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom