Не дека сум киснел и редовно сум купувал од Мекдоналдс, али знаев одвреме навреме да се почастам, тоа значи да отидам да потрошам сума на пари за да се најадам, бар 5 чизбургера, помфрит и кока кола. Така ќе биде и сега, само некако наапан сум и планирам првото идење 10 чизбургери да згрмам, памтам 7 дека акнав еднаш.
Киселите краставички сметам дека го прават главниот шмек на овие сендвичи, т.е. ради Мекдоналдс почнав да ставам и јас кисели краставички во сендвичите.
Иначе ко што спомнаа погоре цените беа поволни тој период пред да затворат, кога сендвичите беа по 33 денари, за 100 денари 3 сендвичи беше сосема океј.
Булс хамбургерс се викаше тоа местото што го спомнавте погоре, ми текнува на една телевизија приватна (мтм), не знам дали постои уште, рекламата за овие идеше уште десет години од кога ги затворија, битно си пичеше рекламата, да пополнат програма