Мажачка/Женачка за документи

  • Креатор на темата Креатор на темата lo6ko piratot
  • Време на започнување Време на започнување
Па објаснува колкава е цената во Виена, и од што таа зависи. Објаснува и што се случува откако ќе стапат во брак... а бре гледај го. Да не чинеше немаше да го спомнам во темава. Верувај ми.
 
можеш да ни дадеш линк, неможев да го најдам за да го спуштам.
 
Боже, до кое дереџе дојдовме... Македонците да се мажат/женат за странци само за да избегаат од тука. Жално! Зарем некој си мисли дека надвор од Македонија мед и млеко тече по улиците... Секаде е тешко да си странец, никогаш нема да те прифатат за свој. Ќе се убиеш од работа, а некој „нивни“ со многу помалку труд ќе напредува многу побрзо и подобро од дојденецот. Кој мисли дека ќе има убав живот подалеку од Македонија ептен погрешил. Дедо ми велеше дека дома и стреите помагаат!
 
Во Америка цената достигнува до 15 000 долари за документи, уште само да ги имаш и бизнис невиден до умирачка ќе си имаш :)
Треба три години формално да си во брак во случај на инспекција.
 
Подржувам иселување од државата и бегање од таа депресивна дупка, но што е претерување е претерување. Првпат слушам дека некои плаќаат и по 15000 долари за документи.
Ова да не се патриотите што не сакаат бугарски пасош?
 
^ Претежно се деца кој останале на црно по завршување на визата која ја добиле преку разни програми.
 
За Канада конкретно ако не можеш да добиеш виза за постојан престој или работна дозвола има и друг начин, да покажеш 800 000 канадски долари кои би ги инвестирал таму па ќе ти дадат кандско пемпеле:) Инаку ги разбирам луѓево кои се спремни да платат и 15 000 зошто им е збоктисано од Македонијава(n)
 
Инаку ги разбирам луѓево кои се спремни да платат и 15 000 зошто им е збоктисано од Македонијава(n)

Ја па не... никогаш нема да го сфатам тоа брак за документи. Има милион начини да се замине од државава, а ова според мене е најглупиот.
 
Ја па не... никогаш нема да го сфатам тоа брак за документи. Има милион начини да се замине од државава, а ова според мене е најглупиот.
а ке не удостоиш да ги прочитаме паметните начини?
 
Дрско, дрско и јас би сакал да ги разгледам начините. Ова со брак многу терсене ми изгледат ама на црно уште по терсене.

Работа... пријави се за работа било каква,а и не мора да е Америка. Тоа ти е прв чекор, после ќе се снајдеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom