MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.894
Поени од реакции
7.569
Некој што ставил оптички интернет сега брзо време може ли да каже дали има разлика во телевизијата или истото е што го нудат и на сите други без оптички интернет?
Дали воопшто нешто менуваат ресивери за телевизија?

Прашувам бидејќи рекламираат ТВ со Ultra HD за оптички интернет што мене не ми е верно тоа а и воопшто дали постојат на било кој оператор во регионов странските тв канали во Ultra HD (UHD скратено).
 
Член од
27 јуни 2009
Мислења
193
Поени од реакции
89

Со новите договори ,ги менуваат ресиверите.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.894
Поени од реакции
7.569
Со новите договори ,ги менуваат ресиверите.
Супер ако е така. Ако некој направил нов договор и ставил оптика нека пише каква е сликата на тв каналите. Ме интересира многу дали има разлика нешто.
 
Член од
8 јуни 2014
Мислења
703
Поени од реакции
157
Супер ако е така. Ако некој направил нов договор и ставил оптика нека пише каква е сликата на тв каналите. Ме интересира многу дали има разлика нешто.
Eden drugar moj ukluci opticki i stvarno razlikata vo kvalitet na slikata e fenomenalen
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Исти ташак е. За да е различно Телеком треба различни стримови да пуштат, а нема ништо такво.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.976
Поени од реакции
14.744
Samo za sporedba... Čačak 2019 godina. A Screenshot_20190604-011224_Speedtest.jpg kade sme nie????
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Да ама сега гледам на нивниов сајт се рекламираат на оптика како тв со Ultra HD :pos:
Како прво, нема 4К канали (освен СК 4К што го знам) како второ рисиверите не им поддржуваат 2160p репродукција. Така да мислам се мисли на интернет брзината која ќе овозможи гледање онлајн стриминг сервиси во 4К (YT, Netflix...) на повеќе уреди истовремено без кочење .
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2009
Мислења
193
Поени од реакции
89
Како прво, нема 4К канали (освен СК 4К што го знам) како второ рисиверите не им поддржуваат 2160p репродукција. Така да мислам се мисли на интернет брзината која ќе овозможи гледање онлајн стриминг сервиси во 4К (YT, Netflix...) на повеќе уреди истовремено без кочење .
Има на новите ресивери
 
Член од
27 јуни 2009
Мислења
193
Поени од реакции
89
Кој нови ресивери? Оние со Android?
Прво,4к канали на светско ниво има многу.Друго ,ако немаш телевизор со 4к,џабе тие и UHD.Зато што одат заедно.Има нови ресивери и за интернет и телевизија.Не ти треба ресивер за 4к,самиот провајдер ако има 4к .
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.894
Поени од реакции
7.569
Прво,4к канали на светско ниво има многу.Друго ,ако немаш телевизор со 4к,џабе тие и UHD.Зато што одат заедно.Има нови ресивери и за интернет и телевизија.Не ти треба ресивер за 4к,самиот провајдер ако има 4к .
Ресивер односно приемник ти е потребен ако операторот нуди видеотека, премотување канали, паузирање тв канал.
Ресиверот мислам дека е битен да биде појак за нормално користење на сите функции. Исто како за PC или лаптоп компјутер што е битно какви спецификации има за да можеш да играш некоја игра а да не ти кочи или да можеш да користиш некоја програма за видео обработка, за фото обработка..

Меморијата сигурно има голема улога ако сакаш да снимаш нешто од било која телевизија што е пример UHD. Сигурно зафаќа поголем простор во хард дискот снимка од максимален квалитет резолуција UHD, HD, 4K.

Точно дека за ваков тип квалитет канали битен е телевизорот каков ти е затоа што тој ја прави сликата подобра. Ресиверот е битно какви приклучоци за каблите има а сега скоро сите од поново време ги имаат оние битни приклучоци HDMI, оптички влез за аудио сигнал...
 
Последно уредено:
Член од
11 јуни 2011
Мислења
377
Поени од реакции
183
Да се разреши дилемата, одговор од Телеком: Здраво, Сите HD канали на Мах тв понудата се со резолуција 1920х1080 и квалитетот на звукот е стерео со 192Kbps.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom