MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
27 декември 2008
Мислења
1.531
Поени од реакции
693
Некој со проблеми на МахТВ нема ни еден канал телевизиски?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: CIL
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.893
Поени од реакции
10.517
и телеком изненадени од невремево

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
ВИП преживеаа, овие не :) Се сменија работиве.
Треба да ми плаќаат Македонски Телеком затоа што ги препорачувам секаде каде што е достапна нивната оптичка телекомуникациска мрежа.

Катастрофа компанија се одвнатре од организациска гледна точка, ама затоа цените до небото, а кога ќе заврне првиот дожд цел град без Интернет и без телевизија.

Браво за Вип, немам никакви пречки цело деноноќие, секоја им чест.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.720
Поени од реакции
1.477
Страмо е ова што се случува. До пред да се спојат ВИП и Оне со Близу заедно телеком беше измислен за нив си имаше дури бесплатна линија за пречки и проблеми .... Денес линијата 080012345 не е во функција , а богами и контакт центарот неможеше да се добие и да слушнеш дека рикнала мрежата ,а не два сати тупам зошто нема тв и нет .... Катастрофа еј ..
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Катастрофа брат, ти се прекина Скајп конференцијата со клиентите од Сингапур и сега ти пропадна зделката, минус си 130 000 евра.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Катастрофа брат, ти се прекина Скајп конференцијата со клиентите од Сингапур и сега ти пропадна зделката, минус си 130 000 евра.
Ок еве да речеме не му пропаднала. Ама ја работавм во хотел, и луѓе плаќаат 50 евра и нема интернет и како да им објаснам дека не е до нас проблемот? Ај објасни штом си толку паметен и ги браниш. Нормално е да се побуни секој кога нема интернет со саати а се плаќаат огромни сметки. 5000 плаќам дома на Телеком. Оди купи нова кола нека ти откаже па да видиме дали ќе ќутиш. Сакам да ти кажам дека ти е многу глупа споредбата. А ако збориме реално, во денешно време, многу бизниси зависат од интернетот, ама ти тоа не можеш да го сфатиш.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Ок еве да речеме не му пропаднала. Ама ја работавм во хотел, и луѓе плаќаат 50 евра и нема интернет и како да им објаснам дека не е до нас проблемот? Ај објасни штом си толку паметен и ги браниш. Нормално е да се побуни секој кога нема интернет со саати а се плаќаат огромни сметки. 5000 плаќам дома на Телеком. Оди купи нова кола нека ти откаже па да видиме дали ќе ќутиш. Сакам да ти кажам дека ти е многу глупа споредбата. А ако збориме реално, во денешно време, многу бизниси зависат од интернетот, ама ти тоа не можеш да го сфатиш.
Дечко, во ред е некој да се побуни, ја разбирам нервозата. Ама да летаат кецови и навреди насекаде само затоа што снемало/имало проблем со интернет неколку часа е навистина неблагодарно за се што правеле Телеком досега. Вип/близу пред неколку години имаа периоди каде што ова се случуваше многу, МНОГУ почесто а реакцијата е иста.
Многу лесно можеш да им објасниш на луѓето. „За да платите, потребно е да имаме функционална интернет конекција. Моментално, нашата интернет конекција од интернет сервис провајдерот Телеком е нефункционална поради нивни технички проблеми. Газдата на хотелов е премногу кул да има резервна интернет конекција, и сега не може да платите.“
Можам да го сфатам тоа дека многу бизниси зависат од интернетот.
А секој сериозен си знае дека треба да има резервна конекција ако му зависи лебот од тоа.
На крај краева, никој не ти нуди 100% сигурна интернет конекција.
 
Дечко, Вип не се цвеќиња за мирисање, но не се ниту толку скапи како Македонски Телеком, и што е најважно, вчера немаа технички проблеми за време на дождот.

Треба да ја оправдаш услугата која ја нудиш за парите кои ги земаш, а со Вип навистина важи правилото колку пари-толку музика, за разлика од Македонски Телеком, кои со оптичката телекомуникациска мрежа имаат најдобри инструменти, но изгледа сепак не знаат да свират на дождливо време.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Првпат во историјата им се дешава вакво нешто и одма на бесилка. Ама тоа е македонче не знае што да прави без нет и телевизија.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.271
Почитувани корисници,
Ве информираме дека сите кои имавте прекин на услугите во текот на вчерашниот ден како последица на невремето, во месец јуни ќе добиете бесплатни услуги и содржини како надомест. MaxTV корисниците ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1 и M1Gold. Корисниците на Smart постпејд и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни, a oстанатите постпејд корисници во јуни ќе добијат 1 GB интернет бесплатно. Двојно повеќе мобилен интернет во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Magenta 1 Business и Business Mobile, додека останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет во јуни.
Уште еднаш се извинуваме за вчерашниот прекин на услугите.
(y)(y)(y)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.869
Поени од реакции
7.554
Eве нешто што прочитав денес вести од хрватскиот Телеком
http://www.bug.hr/vijesti/maxtv-svim-sv ... 60446.aspx

Они на сите корисници ќе им ги менуваат приемниците. Кај нас тоа само за нови корисници даваат нови ресивери. Мене ужасно ме нервираат овие првиве што ги имаше Македонски Телеком. Главниот црн приемник е безвезе голем, тежок и гломазен. Јас го имам тој првиот, ми се има еднаш расипано и овие скржавиве ми дадоа пак ист. Ок ај што ми дадоа исти туку и тоа што имав снимено и зачувано засекогаш да ми стои не ми го дадоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom