MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

P

Princ

Гостин
Од денес почна јавно да се нуди MaxTV, IPTV услуга на T-Home.
Иако во моментов сеуште не се објавени цените, очекувам да бидат прифатливи за секој домашен буџет и да не ја надминуваат претплатата на кабелските оператори за кабелска телевизија.
На оваа тема можеме да ги расправаме техничките карактеристики за оваа услуга и да коментари од тој аспект.

Веб сајт: http://www.maxtv.mk/
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
165
Ај да видеме што цени ке понудат
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
Супер е ако пуштат повеке од 70 програми , мене ми е најмногу за MAN UTD tv.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
403
Поени од реакции
7
Супер е ако пуштат повеке од 70 програми , мене ми е најмногу за MAN UTD tv.
аа да за секој клуб по еден канал ќе има. Сите канали на клубовите ќе ги даваат и таман ете ти 70 канали.
Сонувајте.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
аа да за секој клуб по еден канал ќе има. Сите канали на клубовите ќе ги даваат и таман ете ти 70 канали.
Сонувајте.


Друже тие програми можеби ќе бидаат во друг пакет кој ќе си го доплаќаш :toe:Разбираш.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Македонски телеком нуди интерактивна телевизија


Македонски телеком од 12 ноември воведува телевизија преку интернет протокол - IPTV, услуга која ќе биде позната под брендот МаxTV. Оваа услуга ќе се нуди и во пакет заедно со интернет и фиксна телефонија како 3 Маx.

Корисниците на Т-home основните телекомуникациски услуги (говор и интернет) како и телевизија ќе ги добијат на едно место, на иста сметка. Основниот пакет на услугата МаxTV ќе чини 999 денари, а за 3 МаxTV ќе има два пакета со еднократна претплата од 1.200 денари, и цена на пакетот од 1999 денари со вклучени 25 гигабајти интернет сообраќај, 500 вклучени минути во мрежата на телеком и преку 70 ТВ канали, односно 2.499 денари со неограничен интернет сообраќај, неограничени разговори во мрежата на Македонски телеком и исто така преку 70 ТВ канали.

“Една од карактеристиките на оваа услуга е што на пример програмите во живо можат да се паузираат и да се гледаат во било кое време, можат да се изнајмат филмови од големата видеотека на барање без да го напуштите вашиот дом“, рече Николај Бекерс, главен извршен директор на Македонски телеком, на денешната презентација.

Меѓу другите карактеристики кои ги вклучува услугата се електроснки програмски водич што ја покажува целокупната програма за 14 дена, слика во слика на ТВ екраните, како и можност за контрола од страна на родителите врз програмата со вклучување забрана на одредени содржини.

Оваа услуга за прв пат е воведена во Франција пред 5 години. Во Германија пак на пример, основниот пакет на ваква услуга чини над 50 евра.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 07.11.2008 13:21:18
 
P

Princ

Гостин
Не ми е јасно.. значи ние што имаме Call & Surf нема да плаќаме претплата?
Според овој пасус така изгледа...
2.499 денари со неограничен интернет сообраќај, неограничени разговори во мрежата на Македонски телеком и исто така преку 70 ТВ канали.
Јас пример имам comfort + и толку го плаќам.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Не ми е јасно.. значи ние што имаме Call & Surf нема да плаќаме претплата?
Според овој пасус така изгледа...

Јас пример имам comfort + и толку го плаќам.
Па ако веќе ја плаќаш оваа цена или само ке ти додадат услугата и телевизија да си имаш дома за истата цена што ја плаќаш сега или ке треба да мигрираш во нов пакет нормално за истата цена.Како и да е за тие пари што плаќаш сега ке си имаш плус телевизија :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Не ми е јасно.. значи ние што имаме Call & Surf нема да плаќаме претплата?
Според овој пасус така изгледа...

Јас пример имам comfort + и толку го плаќам.
Comfort+ е 2150 денари, од Нова Година. Така да телевизијата ќе ти биди плус 350.

2500 + ддв ќе биде цената.
 
P

Princ

Гостин
Moжно.... ќе почекаме сепак да излезат со јавни информации. Јас мислам дека ќе има нови пакети слични на Call & Surf (само со плус ТВ) и таму ќе може да се мигрира. Веројатно разликата ќе е мала.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Не ми е јасно.. значи ние што имаме Call & Surf нема да плаќаме претплата?
Според овој пасус така изгледа...

Јас пример имам comfort + и толку го плаќам.
ддв :), не се секирај, нема да ти дадат бадијала.

И цениве што ги објавиле да не се зголемат после нова година?
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Ги видов каналите-ништо посебно, се што веќе имам. Ценате е со ддв 3000ден.
 
P

Princ

Гостин
Ги видов каналите-ништо посебно, се што веќе имам.
За мене се многу посебни богами. Имајќи предвид дека најверојатно и на нив примарна цел им се корисниците кадешто нема кабелска телевизија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom