Манчестер Јунајтед - Челзи [03.04.2010|13:45h]

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување

Натпреварот ќе заврши со


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.204
Поени од реакции
1.852
manuhome.png
680j.png
34tai46.png
630w.png
chelseahome.png

Премиер лига, 33 коло|Сабота, 3 Април 2010|Почеток: 13:45h
Стадион
: Old Trafford, Manchester
54250459.png

Конечно, натпреварот којшто со исчекување го чекаме сите цела сезона дојде.Најважниот,најинтересниот,натпреварот помеѓу најдобрите екипи и уште колку многу суперлативи го објаснуваат овој натпревар.Едноставно, натпреварот на сезоната во Премиер лигата - Манчестер Јунајтед против Челзи.

2gv2bna.jpg

Вака гласи моменталната ситуација на табелата, Челзи со истата улога којашто Јунајтед ја имаше подолго време, 1 бод позади првопласираниот.Двата тима не се во некоја извонредна форма, Јунајтед погоден од повредата на Руни во поразот од 2-1 во Лигата на шампионите од Баерн Минхен значи дека ќе го нема својот најдобар играч во дербито, но сепак во Премиер лигата во последните 6 натпревари има само 1 пораз и 5 победи, и 6/6 дома, а Челзи пак, во последните 6 натпревари имаат 1 пораз,1 реми и 4 победи, но на гости имаат 2 нерешни и 1 пораз од 6 натпревари.Тоа вели статистиката.

680.png
RED DEVILS

"9-те дена коишто ја одлучуваат сезоната".Така Гери Невил ги објасни трите натпревари коишто следеа по минатото коло, односно двата со Баерн Минхен и овој со Челзи.И во право е, сезоната ни зависи од овие натпревари.Започна многу лошо, изгубивме од Баерн во првиот натпревар на Алијанц и за 1 минута го изгубивме натпреварот и уште полошо, најдобриот играч Вејн Руни.Фергусон сабајлево потврди дека ќе биде отстутен 2-3 недели, значи дефинитивно ги пропушта овие важни натпревари.Сега е време Јунајтед да го покаже карактерот и Фергусон да извади победнички состав на Олд Трафорд.

Почна да се зборува како Јунајтед ќе го изгуби овој натпревар и следниот со Баерн бидејќи ни фали Вејн.Потценувањето е најлошото нешто што може да се случи кога се збори за Јунајтед, поготово со стар лисец како САФ на клупата.Ослабени сме, точно е, но не зависиме од 1 играч, тоа го покажавме откако си замина Роналдо, а и сезонава, од 11 натпревари без Вејн, сме победиле на 10 а другиот завршил нерешено.Сега, сите очи свртени кон Бербатов, човекот кој (најверојатно) ќе треба да го замени Руни во улогата осамен напаѓач.Но, според мене Бербатов не е главниот играч од кој што треба да се пазат Челзи.Средината беше кривецот што Руни воопшто даде најмалку пола од тие 34 гола до сега, според мене, па дали Бербатов или Руни ќе го даде голот мене ми е исто, само да биде гол.Средината ќе биде најважна, заедно со крилата, Валенсија и Нани/Парк/Гигс ќе бидат пресудни, доколку се запрени Јунајтед ќе мораат по средината, тука го имаме Флечер и Сколс, а можеби и Керик.Одбраната ни е конечна целосна, сега ќе треба да се борат Дрогба и Анелка против Видич и Рио, а не Еванс,Браун или Керик.

Мој тип:
Јунајтед 2 - 1 Челзи

BELIEVE

630.png
THE BLUES

Челзи 6-7 месеци беше на прво место на табелата и имаше шанса да се одалечи од конкурентите доколку се земат киксовите на Јунајтед и Арсенал, коишто Челзи за жал не ги искористија и сега се случи тоа што се плашеа сите, Ѓаволите не стигнаа и не поминаа.Но, кризниот период мислам дека помина, за 2 кола дадовме 12 гола а примивме само 1, и тоа со 7-1 против Астон Вила којашто е конкурент за место во ЛШ, без Дидиер.Олд Трафорд е еден од најтешките стадиони да се игра натпревар, и последниве 3-4 сезони не ни оди баш добро.Сметам дека тоа е поради што премногу се браниме, додека беше Мурињо напаѓавме и затоа ги победувавме и освојувавме титули, тоа е едно од многуте важни работи за во сабота.

Имаме многу повредени играчи, но добро се приспособуваме до сега според мене без Есиен,Ешли Кол,Босингва,Карваљо...Сепак, да беа тие тука сигурно ќе беше многу различно, сега ќе мора да излегуваме со одбрана составена од Фереира и Жирков, ќе ни фалат и Бане и Ешли и Босингва.Дрогба дефинитивно е фит и е голем плус за нас, иако покажавме минатото коло дека не сме one man team.

Се надевам дека ќе почнеме напаѓачки, ќе ја имаме иницијативата, ќе ги притиснеме на нивна половина и нема да им дозволиме на крилните играчи премногу простор.
Мој тип:
Манчестер 1 - 2 Челзи.

KTBFFH!

Можни состави:
VDS

Neville - Rio - Vidic - Evra

Valencia - Fletcher - Scholes - Nani

Giggs

Berbatov


live-match-v.gif


Drogba - Anelka

Lampard

Malouda - Deco

Mikel

Zhirkov - Terry - Alex - Ferriera

Cech


Судија на натпреварот:

mike-dean_1608695c.jpg


Мајк Дин​

Напишано за UnitedDevilsBlog

Дискутирајте за натпреварот:smir:
 
Гигс е пред пензија, Бербатов нема капацитет сам да се снајде, посебно со ваков противник.
Не сум во тек што се случува со Овен?

Тежок натпревар, гласав за Манчестер.
 
Гигс е пред пензија, Бербатов нема капацитет сам да се снајде, посебно со ваков противник.
Не сум во тек што се случува со Овен?

Тежок натпревар, гласав за Манчестер.
Повреден е до крај на сезона.

Инаку иако Руни е повреден се надевам на Минимална победа или реми.
 
Победуваме утре и шампиони сме у Англија со 4та у низа ( прв пат во историјата во ПЛ), 19та и конечно повеќе од лузерите и ќе нема шо да зборат повеќе.
 
Баш ќе го гледам Манчестер утре, долго време не сум ги гледал во лигата.

Ме интересира како азис ќе се снајде сам напред без уште еден напаѓач.:raz:
 
To be, or not to be. Natprevar na sezonata. Bash me interesira kako bez Rooney kje se snajde Manchester.

Sepak mislam deka kje pobedat i bez nego, na ovoj naptrevar kje igraat Vidic i Ferdinand koi ne igraa na prviot natprevar.
 
Можни типови :
х-1
3+
1
ГГ.
 
Сега е моментот да докаже Манчестер зошто е најдобар. Очекувам добра игреа на Нани и Валенсија и еден од нив да го реши дербито. Мој тип 2-0.
 
Иксмен, кец никако...

ако има некоја девијација од предвиденото веројатно ќе забегава накај двојка, ајт.
 
Меч на деценијата би рекол...Руни не игра за Манчестер што е до некаде и предност за нас(челзи)..Роналдо и Тевез ги нема сега..:helou:...Ние пак имаме болница,Есиен,Босингва,Ешли Кол...Добро е што Чех навреме се врати...Не би се осмелил ништо да типувам,ама баш ништо не би се осмелил да типувам...гласав за победа на Челзи онака навивачки....Се читаме во сабота после натпреварот...
COME ON BLUES!!!!
 
Меч на деценијата би рекол...Руни не игра за Манчестер што е до некаде и предност за нас(челзи)..Роналдо и Тевез ги нема сега..:helou:...Ние пак имаме болница,Есиен,Босингва,Ешли Кол...Добро е што Чех навреме се врати...Не би се осмелил ништо да типувам,ама баш ништо не би се осмелил да типувам...гласав за победа на Челзи онака навивачки....Се читаме во сабота после натпреварот...
COME ON REDS!!!
Да бе меч на деценијата...Се залета затоа што имате демек некакви ваши навивачки шанси оти Руни не играл...Но добро, се согласувам со тебе, сигурно ќе се читаме после натпреварот.
 
Многу важен меч. Од навивачка страна ќе кажам ќе ги растуриме Челзи и слично но реално гледано ќе биде тежок меч. Манчестер без Руни ќе игра, а покрај овој меч ќе игра во среда со Баерн Минхен што е дополнителна тежина и ќе мора некои од играчите да се припремаат и за тој меч, a и Челзи иако не игра во среда после тоа има важен меч од ФА купот со Астон Вила кој не верувам дека ќе биде толку лесен како пред некој ден. За тоа што Руни нема да игра не би го сметал како предност за Челзи зошто и тие си имаат свои повредени, а и статистички гледано Манчестер Јунајтед без Руни има само еден пораз, а другото се тепал. Еве и линк за тоа. Од сето ова ќе повторам уште еднаш дека ќе биде тежок меч. Моја претпоставка за тоа како би се одвивал мечот е следнава: во мечовите кај што не играл Руни приметив дека противниците уште на почеток се обидуваат да притиснат и сакаат да го искористат неговото отсуство, а го очекувам истото и од Челзи и најважно ќе е да се одбраниме и да преземеме контрола, а за после тоа би биле тактички надмудрувања. Но во случај на гол од едната или другата страна после тоа би било борба до крај без тактики поради тоа што е борба за титулата.
 
Уфф,едвај чекам:vozbud:...се надевам дека ке гледаме прекрасен натпревар,и победа на Челзи од 0-2 :chelseafan::champion:
 
Резултат 1-1/За Јунајтед ке има или пенал или црвен за Челзи.:salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom